Промовирани огласи »

Просечната цена на земјоделските производи во изминатата година во однос на 2021 година во ЕУ пораснала за цели 24%. Најмногу пораснале цените на житарките (45%), јајцата (43%) и млекото (31%), покажуваат првите проценки на индексот на цените на земјоделството на Евростат за 2022 година. Зголемување на цените е забележано во сите групи производи, со исклучок на овошјето, чии цени паднаа за 3%.

Нарушувања на глобалните земјоделски пазари предизвикани од руската инвазија на Украина, последиците од широко распространетата суша што ги намали приносите во ЕУ и инфлаторните притисоци, кои беа поттикнати не само од цените на енергијата, туку и од мерките за постепено укинување на зависноста на ЕУ од Русија фосилните горива се виновни за вртоглавиот раст на цените. На тој начин, кошничката на инпути во земјоделското производство (неповрзана со инвестиции) нагло се зголеми за 30% во споредба со 2021 година.

Ѓубривата и подобрувачите на почвата поскапеа за 87%, енергијата и лубрикантите за 59%. Како резултат на тоа, цените на житариците, јајцата и свежото млеко пораснаа најбрзо минатата година во Финска, Франција и Латвија. Просечниот пораст на цените на житариците се движеше од 33% во Австрија и Холандија до 70% во Финска, јајцата од 6% во Луксембург до 76% во Франција и откупните цени на млекото од релативно мали 3% во Кипар до повеќе од 50%. во Белгија, Литванија, Унгарија и Латвија. 

EPA-EFE/WU HAO

Промовирани огласи »

Некои домашни поправки се забранети во Германија. Целта е да се избегнат несреќи. 

Тука се мисли на поставување полици, бојадисување ѕидови или менување светилки. Некои луѓе дури се обидуваат самите да направат поправки на електричната инсталација. Сепак, лицата кои не се професионалци, ова не смеат да го прават сами. 

Електричните системи приклучени на јавната мрежа во Германија не смеат да ги чепкаат непрофесионалци. Германците доколку имаат потреба мора да повикаат специјализирана фирма. Ова е важно да го знаат оние граѓани кои планираат заминување во Германија. Земјата го олеснува процесот за добивање на државјанство, а со тоа и на многу Балканци ќе им се исполни сонот да заминат во Германија. 

Заинтересираните важно е да знаат дека Германија има два милиони слободни работни места. 

foto freepik.com

Промовирани огласи »

Хрватската куна заминува во историја, а денеска е последен ден на плаќање со оваа валута.

Хрватите до полноќ ќе можат да плаќаат со валутата, а потоа ќе преминат на користење на еврото. Тие веќе се дел од еврозоната.  Во првите 14 дена од годинава можеше да се плаќа во куни и во евра. Банките, поштата и Фина ќе разменуваат готовина за сите граѓани во рок од една година од датумот на воведување на еврото. Тоа значи дека од 1 јануари 2023 до 31 декември 2023 година, куни ќе се менуваат за готовина во евра по фиксен курс на конверзија (1 евро = 7,53450 куни).

Инаку, хрватските граѓани се пожалија дека имаат ценовен шок. 

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ пред неколку дена ги повика трговците до петок да се вратат на старите цени кои неоправдано ги покачија.

Дури имаше текстови во медиумите кои укажуваат дека за исти производи цените во Хрватска се повисоки од оние во Германија. Имаше ставови од експерти дека после ова во Хрватска ќе дојде и до зголемување на платите. 

foto freepik.com/johan111

Промовирани огласи »

Породилното отсуство на вработените мајки ќе биде скратено од 9 на 5 месеци, реагира јавоста на социјалните мрежи откако се појави предлог закон. 

За ова алармираше и доктор Ненад Лазаров. 

Се шпекулира дека се предлага намалување на породилно од 9 на 5 месеци. Некои викаат 5месеци мајчинство + 4 месеци родителство и сл. На ваков катастрофален природен прираст, се надевам дека некој веднаш ќе го демантира предлогов, никакви шпекулации не се во ред на ваква сензитивна тема, го сподели тој својот став.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »