Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.
ПАВ МОТИВИ преку иновативни и сеопфатни услуги, Ви овозможува креирање на успешни работни односи, без оглед дали се работи за постојани или привремени работни позиции. Ние вистински ја разбираме важноста на градењето на врската помеѓу клиентите и кандидатите, што ни помага да создадеме одлични услови за вработување, а при тоа не компромитирајќи го квалитетот. Резултатот го докажуваме со користење на најновата технологија и со постојано прилагодување на потребите на пазарот.
Моментално се отворени се следниве работни позиции:
МАГАЦИОНЕР
SENIOR OUTSIDE-PLANT (OSP) ENGINEER/DRAFTER (BUTLER AMERICA TELECOM)
AСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - "REBECCA"
ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден е белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден. Секојдневно работи на усовршување на својот производствен процес и успешно чекори кон реализација на своите цели. Затоа константно го надоградува својот тим.
Сите активни работни места од ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА можете да ги најдете ТУКА.
ТИГО ФАЈНАНС е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.
Моментално вработува:
НАДВОРЕШНИ СОРАБОТНИЦИ ЗА ТЕРЕНСКА ПОСЕТА НА КЛИЕНТИ
ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА КУМАНОВО СО ПОЗНАВАЊЕ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
СУПЕРВИЗОР НА ФИЛИЈАЛИ
ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА БИТОЛА
ЕКСПЕРТ ЗА КРЕДИТИРАЊЕ ВО ФИЛИЈАЛА ГОСТИВАР СО ПОЗНАВАЊЕ НА АЛБАНСКИ ЈАЗИК
ТТК БАНКА АД Скопје е успешна универзална банка која функционира со стабилен позитивен раст преку широко распространетата мрежа на филијали и експозитури. Банката ги извршува сите банкарски активности следејќи ги основните принципи на банкарското работење - стабилност, ликвидност, профитабилност и солвентност.
Моментално вработува:
ПОМЛАД СОРАБОТНИК ВО ОДДЕЛ ЗА ПОЗАДИНСКИ ОБРАБОТКИ – НАСЕЛЕНИЕ
ПОМЛАД БЛАГАЈНИК ВО ФИЛИЈАЛА ШТИП
Тинекс e малопродажен ланец на супермаркети кој веќе 24 години настојува на своите потрошувачи да им ги понуди најдобрите производи со врвен квалитет и по одлични цени. На нашите полици секојдневно може да се најде широка лепеза на повеќе од 20.000 производи од различни категории, меѓу кои се вбројуваат производите од нашиот бренд EXTRA, како и голем број на странски увозни брендови на производи и деликатеси, достапни единствено во нашите маркети.
Сите активни работни места од Тинекс можете да ги најдете ТУКА.
Флекс Кредит ДОО Скопје е Македонска небанкарска финансиска институција, регистрирана од Министерство за финансии на република Северна Македонија под број 13-1659/2.Компанијата обезбедува брзи потрошувачки кредити/заеми, преку онлајн аплицирање и преку нашите филијали рапространети низ целата територија на република Северна Македонија.Флекс Кредит ДОО е дел од меѓународна финансиска група, која од 2013 година обединува компании специјализирани за кредитирање на потрошувачи во Источна и Јужна Европа. Во компанијата работат над 2.000 високо квалификуван кадар и соработници, кои работат во над 130 филијали во четири европски земји - Бугарија, Романија, Македонија и Шпанија.
Сите активни работни места од Флекс Кредит можете да ги најдете ТУКА.
БРАКО ДОО се занимава со развој и производство на производи целосно изработени од метал или комбинација на метал и други материјали.
Моментално вработува:
ПОМОШНИК РАКОВОДИТЕЛ НА ОДДЕЛ ЗА МАШИНСКА ОБРАБОТКА НА ПРОИЗВОДИ
Акцент е високо технолошка компанија која секогаш се труди да биде чекор пред времето кое доаѓа. Технологијата продолжува да го менува светот, а Акцент успешно го прави спојот од најновата технологија со човечката креативност, иновативност и професионалност, што резултира со производи кои успешно ги надминуваат бизнис проблемите со кои се соочуваат компаниите во нивното секојдневно работење.
Моментално вработува:
СЕРВИСЕРИ ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА ЗА ФИСКАЛНИ АПАРАТИ
АСИСТЕНТИ/ТЕХНИЧАРИ/СПЕЦИЈАЛИСТИ ЗА ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА НА СОФТВЕР
LiveDOOH Signkick е иновативна технолошка платформа која им помага на сопствениците на медиуми надвор од дома да го револуционизираат начинот на кој се поврзуваат со огласувачите.
Моментално се активни следниве работни позиции:
TECHNICAL SUPPORT ENGINEER
SENIOR .NET ENGINEER
Доколку сеуште сте во потрага по вашето иеално работно место, сите останати активни огласи за вработување можете да ги најдете ТУКА.