За компанијата: ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.
повеќе за компанијата »ТИГО Фајнанс е водечка финтек компанија во регионот која обезбедува обсег на финансиски услуги. Врз основа на докажаното искуство и достигнувања во индустријата со седиште во Скопје, компанијата има за цел да понуди микрофинансиски услуги на физички лица на наједноставен и најбрз начин.
Поради големиот обем на работа нудиме одлична можност за вработување на: Надворешни соработници за теренска посета на клиенти
Позицијата вклучува:
- Посета на должници (физички лица) на нивната домашна адреса на територијата на место на живеење, со цел изнаоѓање на взаемно решение за соодветна наплата на долговите;
- Одлична ориентација во населени места и ефикасно идентификување на предвидените адреси;
- Одлична комуникација со корисници во однос на наплата на кредитни долгови (физички лица);
- Одредување на причините за задоцнета отплата на долгови и наоѓање решение за нивно намалување;
- Работа согласно процедури за обезбедување навремена наплата;
- Нудење можност за продолжување на рок за отплата и реструктуирање на долгови.
Профил на кандидат:
- Искуство во теренска наплата се смета за предност;
- Одлични комуникациски вештини;
- Вештини за преговарање и убедување;
- Внимание на детали и ориентираност кон резултати;
- Пожелно е сопствено превозно средство.
Услови од компанијата:
- Флексибилно работно време – работите кога можете и кога сакате;
- Атрактивен процент на бонуси по основ на наплатени кредити;
- Дополнителни бенефиции и награди по основ на успешност;
- Можност за неограничена заработка.
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој е проактивен и мотивиран од резултати, Ве молиме испратете Ваша биографија на македонски јазик преку полето Аплицирај.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ТИГО Фајнанс го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ТИГО Фајнанс, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Слични огласи »