Деновите од викендот да бидат денови на неделен одмор, а доколку се работат тие треба да се плаќаат како празници.
Ако сериозно размислувате да работите за време на викендот, важно е да се пристапи на проблемот со сета сериозност. За тоа дали ќе одите да работите надвор од вашата компанија и од кого иницијативата доаѓа, зависи од паричната награда која ќе ја добиете за трудот и вашето потрошено време.
За вршењето на прекувремената работа на работникот му следува надоместок како додаток на основната плата утврдена во договорот за вработување.
Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:
– прекувремена работа ………………………………………………… 35%
– работа ноќе………………………………………………………………… 35%
– работа во три смени ……………………………………………………. 5%
– работа во ден на неделен одмор.. ………………………………. 50%
За работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%.
Кога работата премногу ќе ги надмине границите на приватниот живот, тоа се одразува на менталното здравје на човекот. Со оглед на тоа дека се зголемува бројот на луѓе кои бараат плус уште една работа, истовремено се намалува и балансот помеѓу работата и приватниот живот.
Заклучно слободниот ден е време кое вреди да се посвети на одмор и на вашите најблиски. Но, секао зависно какви приоритети имате и планови за во иднина ќе зависи и како ќе го трошите и на кого ќе го посветите своето внимание за време на викендите.