Финска повторно беше објавена за земја со најсреќна популација, додека Македонија се наоѓа на 87 место на Светскиот извештај за среќа.
Македонците се понесреќни од сите соседи, откако пред нас на списокот се најдоа Албанија на 83 место, Бугарија на 77 позиција, Грција на 58 место, Србија на 45 место и Косово на 34 позиција.
Во регионот подобро рангирани од нас се и Босна и Херцеговина (71 место), Хрватска (48) и Словенија (22 место).
Меѓу најсреќните земји во светот, по Финска, се Данска, Исланд, Израел, Холандија, Шведска, Норвешка и Швајцарија.