Промовирани огласи »

Една од најактуелните ИТ-професии денес е и мрежниот инженер, но со истата и не сме запознаени премногу. За тоа што сѐ работи мрежниот инженер, атрактивноста на оваа професија, каде можат да се стекнат овие знаења и кои се идните трендови, разговаравме со Тони Трпковски, член на групацијата „Сеавус“, каде што работи како дел од Managed Services-дивизијата, којашто е во постојан раст и е рангирана во топ 100 MSP’s (Managed Service Providers) на светско ниво. Својата кариера ја започнува како студент на ИТ-Академијата „Александрија“ и е дел од првата генерација. По завршувањето останува да работи во „Александрија“ како инструктор, а потоа станува дел од тимот на  „Сеавус“, како систем -интегратор и дел од клиентската поддршка во Њујорк.
 


 

1. Што всушност работи мрежниот инженер и кој е степенот на одговорност на оваа професија денес?

Живееме во време кога компјутерските технологии се присутни во секоја сфера. Кога ќе овозможиме комуникација меѓу повеќе компутери со цел споделување на информации, сме направиле едноставна компјутерска мрежа. Мрежниот инженер е оној кој го има знаењето да постави, унапредува и одржува една компјутерска мрежа во компанија, како и да ја поврзе таа мрежа со останати мрежи од други компании или глобална мрежа на светско ниво. Тоа се решенија кои им овозможуваат на сите вработени да ја извршуваат својата работа непречено. Во суштина, мрежниот инженер е оној кој поставува жичена и безжична инфраструктура, обезбедува проток и достапност до информации, но и заштита од внатрешни и надворешни напади.

2. Кој профил на луѓе се предодредени за оваа професија?

Оние луѓе кои ги интересираа поврзаноста на нештата, кои сакаат да ја гледаат поголемата слика, а да не се задржуваат само на својот монитор, секако би ја одбрале професијата мрежен-администратор. Дури и да се насочат на друга ИТ-позиција понатаму, знаењето за мрежи ќе им овозможи полесно да ги исполнуваат своите задачи.
Јас, на пример, во моментот не работам како мрежен инженер, но таа специјализација ми помогна полесно да носам стратешки одлуки во однос на инфраструктурата на компанијата.
Затоа, без мрежните администратори и инженери, било која компанија е невозможно да опстане.

3. Евидентна е атрактивноста на оваа професија. Што според вас ја прави оваа професија високо-побарувана во светски рамки?

Неопходноста. Едноставно не може да се замисли функционирање на еден систем без добра мрежна инфраструктура. Доколку нема интернет, програмерите не можат да работат на околини кои не се во локална мрежа. Доколку не функционира локалната мрежа нема да можат да се остваруваат исполнуваат секојдневните обврски. Компанијата мора да има стручни луѓе кои ќе ја “бранат и хранат” мрежата.


4. На што работите во моментов?

Во моментов сум дел од Managed Services дивизијата во „Сеавус“. Се работи за дивизија која е меѓу поновите во компанијата, но е брзорастечка. Во моментов брои околу 80 инженери, сите со позадина и разбирање од администрација на мрежи и системи со понатамошна специјализација во одредена бизнис-технологија или решенија како системи за телеком-оператори, банки, финансиски институции, други ИТ-компании итн. Сите нѐ обединува сличната основа на знаењето, почетоците на нашите кариери, односно систем-администрација и познавање на мрежни протоколи, сервиси и генерално сѐ што опфаќа една ИТ- инфраструктура.

5. Како котираат платите на мрежните инжинери и какви се градациите во титулите, односно можностите за напредок?

Платите на мрежните инженери се споредливи во висина со платите на програмерите. Иако,  од гледна точка на волумен во моментов на пазарот ќе забележите поголем број на побарувања за програмери, сепак недостиг за квалификувани мрежни инженери постои и е во нагорна линија. Од гледна точка на градација, стандардите се воглавно исти, почетно, средно и сениор-ниво. Напредувањето е секогаш присутно, секое стекнато искуство во нова технологија секако носи напредок.

6. Како и каде се создаваат најдобрите мрежни инженери во Македонија?

Рецептот е јасен. Специјализирани обуки, добра пракса, а секако и искуство. Поради овие причини, програмата за мрежен инженер во „SEDC“  е скоро идеална. Формулирана е да ја опфати основата во повеќето области со кои би се сретнал еден мрежен инженер на своето работно место. Токму затоа, најдобриот студент од оваа Академија ќе биде дел од нашиот тим во „Сеавус“, во потрага сме по најдобриот мрежен инжeнер J

7. Какви се прогнозите за развојните трендови на оваа професија во следниве 10 години?

10 години за ИТ е навистина долг период и е тешко да се предвиди, па би рекол дека во следните 3-5 години значително ќе се зголеми потребата за познавање на cloud базирани технологии од една страна, а контрадикторно или не, способноста за заштита на компјутерски системи и податоци ќе биде сѐ поизразена. Поради недостиг на доволно квалификуван кадар, оваа професија постојано ќе биде во тренд.
 

Промовирани огласи »

Нема владина одлука за поскапување на струјата, соопшти денеска Кабинетот на вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

Во соопштението, Кабинетот на Анѓушев наведува и дека Владата не одлучува за цената на струјата.

Воедно информира дека новиот закон за енергетика веќе се подготвува, а клучната цел е заштита на интересите на граѓаните. Законот е реформски, со него ќе се подобри севкупната состојба на уредување на односите во енергетскиот сектор и јасно ќе се определат правилата за сигурно, безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија.

– Новата законска рамка содржи европски правила и реформи со кои Македонија ќе фати чекор со регионот и реформските процеси со кои се доцни со години, а нејзината крајна цел е, како што се наведува во соопштението. Станува збор за реформски закон што ќе биде усогласен со обврските преземени од Енергетска заедница за имплементација на Третиот пакет, што претставува сет директиви и регулативи на Европската унија. Рокот до кога требаше да се имлементира Третиот пакет беше 1 јануари 2015 година, а непочитувањето на преземените обврски беа причина Европската енергетска заедница да отвори спор против Македонија, наведува Кабинетот на Анѓушев.

Во соопштението стои и дека со имплементација на законот, Владата ќе ја врати Македонија на траекторијата на лидери во регионот во оваа област.

Промовирани огласи »

Италијанската економија можеби не е најсилна во Европа, но во едно се лидери – во правење сладолед.

Побарувачката за овој десерт од Италија направи најголем производител.
Минатата година во италеија се произведени 595 милиони литри од оваа замрзната посластица, популарно наречена таму џелато, што претставува 19 отсто од европското производство.

Таа количина може да се раздели на 6,8 милијарди топки сладолед, што значи дека Италијанците произведуваат сладолед со кој 90 отсто од сите луѓе на планетава може да добијат по една топка.

Ширум Италија постојат повеќе од 19.000 слаткарници што произведуваат сладолед, а секоја година тој број расте.
Нивното работење годишно донесува 1,4 милијарди евра. Во бизнисот со сладолед вработени се речиси 69.000 луѓе во Италија. Секој италијанец годишно во просек јаде по 100 топки сладолед.

Промовирани огласи »

Оние кои не се задоволни со дневниците на Балканот можат да одат во Германија и да заработат и до 10 пати повеќе.

Таму, имено, дневницата за берење аспарагус е 150 евра (околу 9.000 денари), работниот ден трае од осум до 10 часа со една пауза. Во недела не се работи.

Во секторот земјоделство се работи напорно и за плата од 8,5 евра по час бруто, што за поголемиот дел Германци е многу ниска плата, така што тие се незаинтересирани за така напорна, а слабо платена работа. Сепак, многу е атрактивна за странците, рекол Марио Котурич, член на Управата на Хрватскиот економски сојуз во Франкфурт за Слободна Далмација.

Од делот на овој износ се одбива данок, но сезонските работници тој платен данок можат да го добијат назад, ако поднесат барање на крајот од даночната година.

Мислењата на интернет форумите се поделени - од воодушевување од брзата заработка, до разочарување од високите цени, посебно на цигарите и другите луксузни артикли.

Како недостатоци, најчесто се наведуваат тоа што се работи „по цел ден“ (не е прецизирано), што смештајот е во работни бараки и што обилен оброк чини по 10 евра на ден, но затоа наведуваат дека паузата за ручек трае еден час.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »