Сигурни досега не сте слушнале дека берзата потекнува од античко време, ниту дека на почеток се тргувало на улиците, но и дека најстарата берза од модерно време се формирала во Белгија. Ова се само неколку од фактите кои се поврзуваат со берзата.
Прочитајте кои се десетте најинтересни факти:
Берзата потекнува од античко време.
Иако финансиските пазари се сметаат за модерна творба, постојат докази дека со некои видови акции се тргувало уште во Римското царство. Во тоа време Цицерон велел дека акциите имаат многу висока цена, укажувајќи на инструментите со кои се тргувало, а чија вредност била директно поврзана со успехот на одредени организации (нешто слично на денешните фирми).
Американската берза на почетокот се викала „Курб“ (The Curb), што буквално значи дека првите трговци на берзата со своите тргувања почнале на улиците на Њујорк, и тоа седејќи покрај тротоарите.
Пред неколку години е прославена 224-годишнината на Њујоршката берза.
Повеќето луѓе знаат дека оваа берза постои многу долго, но малкумина од нив знаат дека Њујоршката берза постои повеќе од два века. Таа воедно е и најголемата берза на светот според пазарната капитализација на компании кои на неа тргуваат.
Многу е тешко да се котира на Њујоршката берза.
Имено, некоја компанија за да котира на најголемата берза на светот мора да има емитувани акции со вредност повеќе од 100 милиони долари и минимално остварена добивка од 10 милиони долари во последните три години. На сите други берзи е далеку полесно да котираат компаниите.
Шангајската берза е втора по големина берза во светот, според обемот на тргување, односно волуменот.
Имено, на оваа берза месечниот волумен изнесува 1.278 милијарди долари, додека на Њујоршката волуменот изнесува околу 1.520 милијарди долари.
„Ценовните балони“ на берзата се природна појава која се случува периодично.
Сите се сеќаваат на кризите на светските берзи, почнувајќи од најсвежата од 2008 година, преку технолошката од 2000 година, до оние од 1987 и 1929 година. Меѓутоа, покрај споменатите кризи кои датираат од „модерното време“, има кризи кои настанале и во 17 и во 18 век, а можеби најпозната од сите е „tulip mania“. Без разлика кога кризите се појавиле, за сите е заеднички т.н. „ценовен балон“, кој е настанат како директна последица на предолгата нерационалност меѓу инвеститорите, која порано или подоцна пазарот мора да го врати во рамнотежа.
Берзанските индекси претставуваат пакет акции со чија помош полесно се следи ценовното движење на цела група.
Најпознат светски индекс е СиП 500 кој опфаќа пакет од 500 најпознати компании во САД. Почнувајќи од 1928 година до денес, овој индекс на инвеститорите им носел просечен годишен принос од дури 11,4 отсто. Тоа значи дека ако во 1928 година сте вложиле само 100 долари во индексот СиП 500, вашата заработка денеска би нараснала на енормни 360.000 долари.
Најстарата берза на светот во модерното време настанала во Белгија, во 1460 година.
Најголема цена која е платена за место во бокс на Њујоршката берза е 2.650.000 долари, додека најниската цена била 4.000 долари, во 1876 година.
Првите тикери или ознаки на акции, а кои се неизбежен дел од тргувањето денеска, се користат уште од 1867 година.