Промовирани огласи »

Компании, личности и производи вчера беа прогласени за Супербрендови во Македонија. Признанијата за најсилните пазарни марки во земјава за 2015 и 2016 година ги додели Superbrands меѓународната организација во Македонија.

Добитнци се: Anhoch, Backstage, City Радио, Даути, Дуки Дасо, Дуна, Еурофарм, Еуролинк, Капитал, Комеерцијална банка, Круна МС, Љубојна, Плива, Пофикс, Пропоинт, Проспера, Семос, Скопски Саем, Солета, Специјал, Теа Модерна, Телеком, Трансмет, УТМС, Жикол и Жито се брендовите кои станаа дел од соѕвездието на Superbrands.

Признание Superbrand доби ракометарот Кире Лазаров. Неговиот придонес за спортот во Македонија и пошироко не познава граници и со ова признание дополнително се зацврстува спортскиот кредибилитет и авторитет на најдобриот македонски ракометар.

Компаниите, производите и лицата кои се прогласени за Superbrand се вивнаа во вселената и освоија нова димензија на универзална препознатливост. Тие сега се дел од најквалитетните, најоригиналните и најсигурните брендови во Македонија и светот. Тие се најпрепознатливи брендови затоа што ги исполнуваат најголемите светски корпоративни вредности. Со тоа што компаниите го носат знакот на Superbrand светските и домашните потрошувачи имаат повеќе доверба во нивните производи и услуги и тие можат полесно да освојуваат нови пазари, истакна Зоран Саздовски, одговорен за Superbrands Македонија на доделувањето на признанијата.

На свеченото доделување на признанијата беше претставено и новото издание на Superbrands публикацијата во која секој бренд ја раскажува својата успешна приказна.

Саздовски додаде дека публикацијата нуди многу фасцинантни увиди  во тоа како поединечни брендови настанале: често од скромни почетоци, до моќни брендови како што се денес. Сите добитници ќе можат да ја користат публикацијата во маркетинг цели, а истата ќе се достави до сите амбасади, конзулати и различни други претставништва. Над 156 претставништва на Македонија низ светот ќе можат да ги промовираат супербрендовите од Македонија.

Во Македонија има околу 15.000 имиња на фирми и производи. Околу 1.000 домашни и меѓународни брендови, распоредени во 28 категории, се наоѓаа на списокот на финалисти кој беше изготвен во соработка со водечките маркетиншки компании и агенции за испитување на пазарот. За најдобрите се гласаше врз основа на квалитет, сигурност, препознатливост и емотивна приврзаност. Во процес на одбирање, покрај стручното жири, учествуваа и потрошувачите. Само најпрепознатливите и најдобрите го добија знакот на Superbrand.

Супербренд признанијата се доделуваат во Македонија од 2009 година.

Промовирани огласи »

До крајот на оваа година, ќе се затвори последната ковачница на пари во Скандинавија, откако Данска реши да го следи примерот на Шведска и Норвешка. Данска одлучи да го следи трендот па така по потреба ќе ги ангажира Финците за производство.

Централната банка на Данска веќе го запре печатењето на банкноти. Тие станаа толку бескорисни за нив па така не мораат да да тражат произведувачи.

Додека некои држави допрва го отвараат патот кон општество без готовина, Скандинавија веќе е чекот напред.

Во Данска не се одрекуваат од готовина само поради борбата против криминалот, туку и заради комфор, додека продавниците сите до една преферираат пластика.

Тамошната влада дури им овозможува на трговците да одбијат плаќање во готово, а централната банка планира да направи и своја сопствена виртуелна валута.

Промовирани огласи »

Проектот VoiceUp започна со реализација на два од петте предвидени еднодневни настани низ Македонија – во Битола и Св.Николе. Преку 60 учесници од овие два града веќе имаа можност одблизу да се запознаат со целите и активностите на проектот и директно да се инволвираат во следните фази на VoiceUp. Проектот несомнено ќе ги поттикне сите учесници да ја изразат својата граѓанска свест во креативна форма и истата да биде промовирана преку најмоќните алатки денес – социјалните мрежи.

Учесниците во VoiceUp (млади од 18 до 35 години) активно ја проследија дневната агенда за моќта на социјалните медиуми во денешното општество, составена од три блока предавања, видео содржини и дискусија. Преку низа примери, фотографии и видео материјали кои се составен дел од нашето секојдневие, главниот предавач, сценарист и режисер Илија Пиперкоски, се обиде на најдобар можен начин на учесниците да им ја претстави моменталната реалност и позитивните ефекти од социјалните мрежи кои можат да се искористат. Дискусиите пак од друга страна, начнаа многу суштински и исклучително важни теми за сите нас, почнувајќи од загадувањето, зголемениот број на малигни и канцерогени болести, политички збиднувања како и локални настани и нивното одржување во помали средини.

Овие средби замислени во вид на пренос на знаење треба да им послужат на сите учесници да се стекнат со практични алатки кои ќе им помогнат во промоцијата на сопствените идеи. Учесниците имаат на располагање веб платформа на која ќе бидат промовирани нивните креативни дела, е-училница со туторијални видеа од различни области како фотографија, графички дизајн, аудио и видео, како и форум преку кој учесниците ќе бидат во постојана комуникација меѓу себе и со менторите, и на тој начин ќе можат да ги споделат и продлабочат своите искуства и знаења.

Во оваа фаза од проектот предвидени се уште три еднодневни средби во Скопје, Гостивар и Куманово. Веќе во четврток со почеток во 17 часот во центарот за дизајн и иновации Јавна Соба, VoiceUp ќе ја организира средбата со Скопјани, како последен настан за оваа 2016та година. Останатите два настани ќе бидат одржани кон крајот на јануари 2017та. Апликацијата за учесници е сè уште отворена и може да се најде на сајтот на VoiceUp www.voiceup.mk , како и на профилите на VoiceUp на социјалните медиуми.

Проектот VoiceUp е поддржан од УСАИД Македонија и се реализира во соработка со Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Еуро Колеџ – Куманово, Центарот на култура АСНОМ во Гостивар и бројни невладини организации од цела Македонија.

Промовирани огласи »

Со просечна плата  од ­ 61.511 долари годишно Луксембург е на врвот на топ десет земји каде што се земаат највисоки плати. Луксембург е најмалата држава во списокот ­ и по територија и по број на жители. Нејзината економија се базира на банкарскиот сфера и инвестициите.

На второ место на ранг листата се  САД каде што просечно годишно се заработува ­ 57.138 долари. САД се најголемата и најбогата економија во светот. Американците имаат најголем чист приход на светот, но немаат слободно време. Работната недела е од 44­ часа.

Во Швајцарија која е трета на ран листата, годишно просечно се заработува 57.082 долари. Економијата на оваа земја се базира на производството ­ фармацевтски производи, часовници, мерни инструменти и друго.

Четврта е Ирска каде што  годишниот просек на плата е  53.286 долари. Ирска е позната по квалитетот на живот и како една од најотворените економии на светот.

Петта земја е Норвешка. Таа има просечна плата од­ 51.718 долари годишно. Норвешка е богата со природни ресурси.

Зад неа е Австралија со просек од­ 51.148 долари годишно. Австралија е позната по висока минимална плата, која изнесува 17 долари на час. Тоа е највисоко ниво на минимална плата во целиот свет.

Холандија е седма. Просечната плата ­ изнесува 51.003 долари годишно. Холандија е една од најбогатите земји во светот по показател БДП по глава на жител. Тоа значи дека тука платите се високи.

Данска е на осмата позиција со просечна плата ­ од 49.589 долари годишно. Данска има силна и разновидна економија. Ова го објаснува високиот животен стандард. Како и другите скандинавски земи и тука има и повисоки даноци.

Канада е претпоследна држава во топ 10. Просечната плата ­ е 48.164 долари годишно. Канадската економија е една од најголемите во светот.

Просечната плата ­во Белгија е 48.093 долари годишно. Оваа земја има силна и разновидна економија и висока просечна плата во споредба со другите европски земји.  

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »