Промовирани огласи »

Според Бесими, најавите за поскапувањата само влијаат врз очекувањата на пазарот и дополнително ги оптоваруваат и загреваат очекувањата за цените. Медиумските укажувања на работи кои влијаат врз очекувањата на стопанството, вели Бесими, не помагаат во економијата, туку дополнително создаваат очекувања за зголемување на трошоците.

Цената на белиот леб, нагласи Бесими, е 33 денари и тука нема поскапувања. Како што најави, можно е уште денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на владина седница да излезе со нова предлог-мерка.

Ги прочитав сите најави од мелничката индустрија. Дали откупната цена на пченицата е повисока во однос на минатата година? Не. Дали електричната енергија е поскапа? Не. Што во меѓувреме се случило за да најават поскапување на лебот? Во постојана комуникација сум со двајцата министри, за економија и за земјоделство, како и со премиерот. Ние сме отворени да разговараме за која било тема, но најавите за поскапувањата само влијаат врз очекувањата на пазарот и дополнително ги оптоваруваат и загреваат очекувањата за цените. Ќе се разговара со нив и ќе излеземе во пресрет на секоја ситуација во однос на овие ситуации што може да влијаат од аспект на ценовната криза. Сите ние, ресорните министри, ќе разговараме со нив и во секоја фаза сме подготвени да реагираме со мерки – истакна Бесими, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за заем од ЕБОР.

Министерот уште еднаш напомена дека Владата е подготвена да разговара за секое прашање.

Секој си носи дел од својата одговорвност. Во време на криза не треба шпекулативно да се зголемуваат цените. Не прејудицирам дека тука има шпекулации, но сакам да кажам дека за кое било такво прашање сме подготвени да разговараме, зашто медиумски укажувања на работи кои влијаат врз очекувањата на стопанството не помагаат во економијата, туку дополнтелно создаваат очекувања за зголемување на трошоците – рече Бесими.

Промовирани огласи »

Трговците со криптовалути изгубија 1 милијарда долари во ликвидации во четвртокот, бидејќи пазарите на дигитални средства претрпеа една од најлошите распродажби во годината, а цената на биткоинот падна на најниско ниво во последните два месеци, објави Coinglass.

Биткоинот ја заврши неделата со 26.185 долари, што е пад од 10,5%, додека Ethereum падна за 8,35% на 1.685 долари. Остриот пад на цените резултираше со масовни ликвидации на различни берзи. Податоците откриваат дека за време на кризата, ликвидациите достигнаа неверојатни 997 милиони долари, што влијаеше на 167.000 трговци на мало.

За време на падот на цената, главната причина беше извештајот на Wall Street Journal во кој се наведува дека SpaceX на Илон Маск ја намалил вредноста на своите биткоини за 373 милиони долари и продаде неодреден износ. Но, големиот пад на цената го предизвикале и повеќе други фактори.

Промовирани огласи »

АД ЕСМ е целосно подготвена за новата грејна сезона. Ремонтните активности се во тек, очекуваме да завршат некаде на крајот на септември – почетокот на октомври со што сите производни капацитети на АД ЕСМ ќе бидат ставени во функција, рече денеска директорот на ЕСМ, Васко Стефанов.

Тој очекува во почетокот или средината на септември да се знае цената на парното греење.

Стефанов се надева и дека ќе продолжи поддршката од Владата со цел, како што напомена, ЕСМ да работи продуктивно, во интерес на граѓаните, за цената да не се зголемува и да нема рестрикции.

Очекуваме РКЕ согласно роковите да си ја заврши работата, односно да ги проектира цените. Нашите односи со БЕГ се коректни. Во овој момент мислам дека се одвиваат тие должничко-доверителски односи и се надевам дека на крај ќе заврши се како што треба. Очекувам некаде почетокот или средината на септември дека ќе ја имаме веќе цената на парното греење, истакна директорот, одговорајќи на новинарски прашања по потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР.

Промовирани огласи »

Затворањето на сметка во банките, како и одржување на неактивни сметки не смее да се наплатува, велат од централната банка. 

Имено, како што соопштуваат од Народната банка, затворање на платежна сметка која се користи подолго од шест месеци или за одржување на неактивните сметки, банките и штедилниците не смеат да им наплатуваат надоместоци на граѓаните и на фирмите. 

Ова всушност значи дека ако некој сака да затвори платежна сметка или доколку има неактивна сметка во некоја банка или штедилница, не треба да плаќа финансиски средства за овие услуги на банката. 

Од Народната банка појаснуваат дека со новиот Закон за платежни услуги и платни системи што почна да се применува од 1 јануари годинава, се зајакнува заштитата на граѓаните и компаниите во однос на надоместоците за платежните услуги кои од нив ги наплатуваат давателите на платежни услуги.

Имено, доколку рамковниот договор со кој се уредува отворањето, одржувањето и затворањето на платежната сметка е во сила во период подолг од шест месеци, давателот на платежни услуги не смее да му наплати на сопственикот за затворањето на сметката. Се забранува и наплатата на надоместоци од страна на давателот на платежни услуги за сметки кои подолг период не се употребуваат од граѓаните - објаснуваат од Народната банка.

Платежната сметка се смета за неактивна ако не е користена во последните две години, а депозитната сметка е неактивна доколку не е користена 10 години. Банката или штедилницата е должна да се обиде да воспостави контакт со сопственикот на сметката пред промена на статусот на сметката од активна во неактивна. 

За неактивните сметки не смее да се наплатуваат надоместоци, но како што појаснуваат од НБ, банките и штедилниците мора да продолжат да пресметуваат камата на позитивното салдо согласно договорните услови.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »