Промовирани огласи »

Webhelp е веќе добро позната компанија во нашата земја, која успешно делува во преку 60 земји низ светот и во своите редови брои преку 120.000 вработени. Поради зголемениот обем на проекти, Webhelp продолжува да го проширува својот тим и да вработува низ повеќе градови во нашата земја. 

Што треба да знаеш за Webhelp? 

Работиме по светски стандарди и овозможуваме одлични работни услови, пријатна работна средина и многу бенефиции. Нашата основна дејност е да пружиме професионална корисничка поддршка  и да ги претставиме нашите клиенти во најдобро светло. 

Како можеш да станеш дел од Webhelp? 

Многу едноставно. Активно зборуваш германски јазик и уживаш во тимска работа и секојдневна комуникација со луѓе. 

  • Доколку имаш претходно искуство со ваков тип на работа, тоа ќе биде супер предзнаење за успешен почеток и одлична заработка уште во првите месеци. 

  • Ако немаш искуство, ние ќе се погрижиме да добиеш соодветна обука и целокупна поддршка од првиот ден. 

  • Ако сеуште студираш или имаш други обврски, по завршувањето на обуката, ќе добиеш можност за флексибилно и скратено работно време.

Што можеш да очекуваш од нас?

Сите вработени добиваат одлични можности за својот професионален развој и целокупна поддршка од нашиот локален и интернационален тим. Покрај тоа следува:

  • Редовна плата пред крајот на тековниот месец

  • Месечен бонус за постигнати резултати

  • Приватно здравствено осигурување 

  • Работа од дома со најсовремена опрема доставена на домашна адреса

  • Мастерспорт членство за различни фитнес активности

  • Можности за работа со полно или половина работно време 

  • Бонус за препорака на твоите пријатели кои ќе се придружат на нашето друштво

  • Регрес за годишен одмор 

  • Други бенефиции и изненадувања 

Каде и кога може да се запознаеме? 

Без разлика во кој град живеете, ние со нетрпение ве очекуваме на следните локации и датуми:

  • Охрид | 12.09.2023 | во хотел Unique resort & spa | 10:00-18:00 часот.

  • Битола | 13.09.2023 | во хотел Бела Куќа |  10:00-18:00  часот.

  • Куманово |20.09.2023| во хотел Куманово Спа | 10:00-18:00  часот.

  • Штип|21.09.2023|во хотел Парк Штип |  12:00-18:00 часот.

Доколку не сте во можност да поминете, во секое време може да аплицирате на нашиот линк https://webhelp.mk/ или да не побарате на социјалните мрежи.

Ве очекуваме! 

A person pointing at something

Description automatically generated

 

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

СЕТЕК сé од техника е лидер во областа на ИТ, аудио видео и белата техника, кој на македонскиот пазар е присутен 28 години. СЕТЕК сé од техника ја поседува најголемата дистрибутивна мрежа во Македонија која ја сочинуваат повеќе од 500 активни партнерски фирми – соработници и кооператори.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ВО СКОПЈЕ

Daily е урбано место во градот каде ќе можете да го доживеете вистинскиот вкус на вашите омилени јадења и пијалаци.

Моментално вработува:

САДОМИЈАЧ/КА
КЕЛНЕР/КА
ШАНКЕР/КА
ПОМОШНИК ГОТВАЧ/КА
ГОТВАЧ/КА

Цементарница УСЈЕ АД Скопје е основана во 1955 година недалеку од копот за лапор северозападно од Скопје. Цементарница УСЈЕ АД Скопје претставува извонреден пример на компанија со одржлив развој.

Моментално вработува:

МАШИНСКИ ТЕХНИЧАРИ ВО ОДДЕЛЕНИЕ ЗА МАШИНСКО ОДРЖУВАЊЕ
ТЕРЕНСКИ ПОМОШНИК ОПЕРАТОРИ ВО ПОГОН ЗА ПРОИЗВОДСТВО
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАРИ ВО ЕЛЕКТРО ОДРЖУВАЊЕ

Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка.

Моментално вработува:

ФАКТУРАНТ
САМОСТОЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ТРАНСПОРТ

Рамстор Македонија е ланец од 25 маркети, еден онлајн маркет „Рамстор до дома” и еден трговски центар Рамстор мол кој ги искористи можностите на пазарот на труд да се докаже како работодавец кој нуди успешна кариера за своите вработени.

Сите активни работни позиции во Рамстор можете да ги најдете ТУКА.

ФИТНЕС ХАУС специјализиран ресторан за фитнес исхрана.

Моментално вработува:

КЕЛНЕР/КА

TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа и Поло маркет.

Сите активни работни позиции во TОЛЛАКС ДОО можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата АНИТЕРМ е основана во 2005 година како компанија за изведба и продажба на софистицирани системи за греење и ладење.

Моментално вработува:

ПОМОШНИК НА СЕРВИСЕР - МОНТЕР НА КЛИМА УРЕДИ
СЕРВИСЕР - МОНТЕР НА КЛИМА УРЕДИ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Компанијата МТЕЛ, дел од групацијата на Телеком Србија, започнува со работа со добивањето лиценца во јули 2021 година како трет телекомуникациски оператор на територијата на РС Македонија.

Моментално вработува:

АГЕНТ/КА ВО КОНТАКТ ЦЕНТАР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Некогаш изборот на вистинската професија може да биде тежок. Дури и советите од најблиските некогаш не би биле доволни за  да се одлучите по кој пат ке одите. Некогаш размислувате дали да ја одберете професијата што ја сакате или професијата која ќе ви донесе голема заработка.

Без разлика дали сте почетник или  искусен професионалец, следете ги овие чекори за да ви помогнат да одлучите за вашиот идеален пат.

  • Утрврдете дали се навистина движете во погрешна насока.
  • Дознајте што сакате - а што не сакате.
  • Проценете ја вашата позадина и карактер.
  • Прашајте за совет, но не секогаш го прифаќајте.
  • Бидете отворени за сите можности.

Дали вие би прифателе работа  која не ја сакате а е добро платена? Или сепак би ја почитувале вашата омилена професија иако заработката е помала и ќе се придржувате кон неа.

Промовирани огласи »

Инфлацијата паѓа, но минималната кошничка e во постојан раст. Минималната кошничка во август изнесувала 49.345 денари.

Ако во јули годинава минималната кошничка изнесуваше 48.620 денари, минатиот месец таа е поскапена за 725 денари.

За да си ги обезбеди основните потреби, на едно четиричлено семејство во август годинава му биле потребни 49.345 денари, покажуваат податоците од минималната синдикална кошничка што секој месец ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ). Зголемувањето на минималната кошничка како што додаваат од ССМ, е најголемо во ставката храна и пијалаци, односно 1,9 отсто. Во државава, веќе има или е во најава поскапувањето на одредени производи. 

foto freepik.com/nomadsoul1

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »