Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ФАРМАЦЕВТСКА РЕГУЛАТИВА
ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / БИТОЛА
ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА
ФАРМАЦЕВТ / ФАРМАЦЕВТСКИ ТЕХНИЧАР / СКОПЈЕ
АСИСТЕНТ НА ПРОДАЖБА

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа, којшто работи во седум држави и обезбедува услуги за околу 24 милиони корисници.

Сите останати работни позиции од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Даути Комерц- А.Д лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка.

Моментално вработува:

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА ХОРЕКА – СКОПЈЕ

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

ETB MAINTENANCE TECHNICIAN
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОНТРОЛА НА ПРОИЗВОД

Мајорел е глобален лидер во менаџмент на корисничо искуство.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА СО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК
CUSTOMER SERVICE REPRESENTATIVE WITH GERMAN AND ENGLISH

TОЛЛАКС ДОО Скопје, една од најуспешните малопродажни компании, сопственик на ланецот на 20 специјализирани продавници М1киоск, М1медиа и Поло маркет.

Моментално вработува:

LIQUOR SHOP - АСИСТЕНТИ ЗА ПРОДАЖБА
M1 EMPORIO MALL - ЃОРЧЕ ПЕТРОВ
ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ - M1 КИСЕЛА ВОДА / КАПИШТЕЦ / ТАФТАЛИЏЕ
М1 ЦЕНТАР - 1ВА СМЕНА - ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ

КЛИМИ.МК најголем избор на високо квалитетни и економични клима уреди од најпознати светски и регионални брендови.

Моментално вработува:

ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ/КА - CAPITOL MALL - RAMSTORE MALL
МОНТЕР НА КЛИМА УРЕДИ – КАВАДАРЦИ
МОНТЕР НА КЛИМА УРЕДИ – СКОПЈЕ

NATURA THERAPY е водечка компанија на пазарот која се занимава со развој, производство и продажба на висококвалитетни, иновативни природни додатоци на исхраната наменети за подобрување и одржување на здравјето на човекот.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОР ВО CALL CENTAR ЗА ПРОДАЖБА

Magna International Inc. е водечки глобален снабдувач во автомобилската индустрија посветен на испорака на нови решенија за мобилност и технологија што ќе го променат светот.

Моментално вработува:

CONTINUOUS IMPROVMENT ENGINEER (MAFACT ENGINEER)
SENIOR BUYER

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Ако планирате да започнете да штедите, морате да имате на ум дека секој почеток е тежок. Важно е да имате пред себе долгорочна цел, која ќе ве мотивира да имате добри навики на штедење. На пример, поставете си цел: да одите на одмор, да исплатите долг, да си го купите првиот автомобил, да одите на патување низ светот или сами да си платите повисок степен на образование.

Веќе имате цел пред себе? Во продолжение неколку начини како можете да заштедите:

  • Однапред планирајте ги оброците и приготвувајте ги дома.
  • Тренирајте дома или на отворено.
  • Заменете го транспортот со такси со пешачење или возење велосипед колку што е можно почесто.
  • Продајте го она што повеќе не ви е потребно
  • Користете го правилото 20%. Обидете се да одделувате 20% од сите ваши нови приходи за штедење.
  • Отворете си штедна книшка
  • Предизвикајте се себеси и обидете се еден месец да бидете на „парична диета“. Тоа значи да си изберете месец од годината, на пример мај, и да се обидете 31 ден да ги купувате само неопходните работи кои ви се потребни во секојдневниот живот.

Штедењето пари е важно, без разлика каква цел имате пред себе. Стекнувањето добри навики од млада возраст, ќе ви го олесни живеењето подоцна во животот. Штедењето за големи купувања е одличен начин вистински да ја разберете и цените вредноста на парите и на напорната работа. Но, треба да имате на ум дека тоа е бавен процес и понекогаш се потребни години за да се видат резултатите.

Промовирани огласи »

Евтината тарифа на електричната енергија од денеска се враќа кај домаќинствата. Сега домаќинствата ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела. Просечно тоа значи заштеда за над 1.000 денари месечно. Со енергетските политики што ги презема Владата предовдена од СДСМ, се создадени услови домаќинствата да користат дополнителни часови во коишто надоместокот за потрошената електрична енергија ќе се пресметува по евтина тарифа, соопшти партијата.

Зголемувањето на производството на електрична енергија и инвестицискиот циклус во обновливи извори на енергија го зголеми производството на електрична енергија со што директно се влијаеше врз намалување на цената на струјата преку ден.

Во рамките на антикризните мерки продолжува субвенционирањето на сметките за струја за над 600.000 домаќинства во државата.

Продолжуваме со грижа за сите граѓани, со нас секој добива повеќе, соопшти СДСМ.

Промовирани огласи »

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, вчеравечер како гостин на ТВ Стар рече дека од утре од 13.00 до 15.00 часот официјално домаќинствата ќе плаќаат дневна евтина тарифа за електрична енергија. Сепак како што истакна тој не можат сите домаќинства да ја користат уште утре, односно ќе ја користат само оние кои имаат далечинско отчитување, додека останатите ќе треба да почекаат да им бидат сетирани мерилата рачно.

Од утре официјално евтината тарифа ќе се враќа кај домаќинствата. Кога ја укинавме во декември 2021, тоа беше во услови кога имавме цени на електрична енергија по 300-400 евра по мегаватчас, а во текот на денот достигнуваше до 500, 600, 700 евра. Едноставно тие трошоци не можеа да се издржат. Бевме принудени да ја укинеме, но тогаш ветивме – во првиот момент кога ќе се создадат технички и пазарни услови, ние ќе ја вратиме евтината тарифа. Сите домаќинства кои имаат далечинско отчитување, утре ќе имаат евтина тарифа, група по група ќе се сетираат мерилата. Не можат екипите на ЕВН одеднаш да заменат уште 400.000 броила, но до крајот на месецот ќе ја имаат 90 отсто, додаде Бислимовски.

Поради тоа грааѓните се прашуваат како да знаат во која група спаѓаат нивните домаќинства.

Ако утре на ЛЦД-екранот на броилото ви се појави ознаката Т2 (за ниска тарифа), тоа значи дека вие сте меѓу оние над 170 илјади среќници, кои од 13 до 15 часот добиле евтина струја. „Слободен печат“ од ЕВН Македонија го доби одговорот на најпоставуваното прашање, како граѓаните ќе препознаат дали броилото му е сетирано на новата тарифа. Од 1 декември влезе во сила новиот тарифен систем, а тогаш ќе започне и сетирањето на броилата.

Ознаката Т1 е (за висока тарифа), а Т2 (за ниска тарифа), што значи дека во зависност од периодот на денот, овие соодветни ознаки се појавуваат на екранот и се активни. Имено, корисникот може да препознае дали му е наместат броилото на евтина тарифа од 13 до 15 часот по 1 декември доколку му се појави соодветната ознака за евтина тарифа во наведениот временски период – објаснуваат од ЕВН.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »