Промовирани огласи »

Швајцарски стартап флашираше воздух од Швајцарија, кој потоа го продава на граѓаните во многу загадените градови, како оние во Кина и Индија.

Според податоците на компанијата, воздухот се собира од различни локации ширум швајцарските Алпи и се компресира во аеросолна киселина. Производот доаѓа со прицврстена маска за помош при дишење.

Конзервите воздух чинат 19,95 швајцарски франци (21 долар) и содржат доволно воздух за повеќе од 120 вдишувања, што е доволно за околу 10 минути користење.

Овој производ е за населението кое секојдневно живее со страшно загадување. загадување кое може да го скрати животот и да предизвика големи здравствени проблеми. Една конзерва швајарски воздух не е одговор на нивните проблеми, но е толку убаво што можете да дишете чист воздух, свеж воздух, па макар и на кратко, изјави извршниот директор на компанијата Дени Вур.

Тој посочи дека очекува неговата компанија да стане „главен играч на новиот пазар на воздух“.

Вур вели дека првата испорака е веќе направена и воедно упати повик до инвеститорите за да се олесни растот на компанијата. 

Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика објави дека нето платите во јули 2017 споредено со истиот месец лани се поголеми за 1,5 проценти, односно нето платата во земјава достигнала 22.671 денари.

Но, има многу сектори во кои се зема двојно повисока плата од просечната на ниво на цела земја.
Ви ги претставуваме топ 5 професии во кои се земаат највискоите плати во Македонија:
1. Компјутерско програмирање 54.118 денари
2. Воздухопловен транспорт 53.637 денари
3. Производство на фармацевтски производи 45.658 денари
4. Финансиски услужни дејности 41.399 денари
5. Телекомуниации 40.078 денари

Промовирани огласи »

Граѓаните на земјите на ЕУ, во просек работат 35,6 години, што е за 1,8 години подолго отколку во 2006 година.

Според податоци на Евростат, траењето на работен стаж е изразено зголемен кај жените-во просек, за 2,5 години, а кај мажите за 1,1 година. За жените во 2016 година просечен очекуван работен стаж изнесувал 33,1 година, во споредба со 30,6 години во 2006. Кај мажите очекуван просечен работен стаж минатата година изнесувал 38 години, наспроти 36,9 во 2006 година.

Показателите за траење на работниот стаж го подразбраат бројот на години во кои секоја личност до 15 години може да очекува во текот на животот да биде активна на пазарот на труд, вработена или невработена, наведуваат од Евростат.

Меѓу земјите членки на ЕУ, Швеѓаните имале најдолг очекуван просечен работен стаж-41,3 години, а во стапката ги следат и Данците и Холанѓаните со очекуван работен стаж во просек од 40,3 односно 40 години.

Во Велика Британија работниот стаж во просек изнесувал 38,8 години, во Германија 38,1, во Естонија 37,8 а во Финска 37,7 години.

На дно на листата е Италија со очекуван просечен работен стаж од 31,2 години.

Меѓу земјите со просечен очекуван работен стаж пократок од 33 години се Бугарија-31,7 години, Хрватска - 32,1 година, Романија-32,4 години, Грција -32,5 години, Белгија-32,6 години, Луксембург и Полска -32,9 години.

Во сите земји членки на ЕУ, исклучиво Летонија и Литванија, во 2016 година се очекувало траењето на работниот стаж да биде подолг за мажи отколку за жени. За вкупно зголемување на работниот стаж меѓу земјите членки воглавно е причина промената во траење на стажот за жени, се наведува во извештајот на Евростат.

Промовирани огласи »

По летната понуда на сезонски работи време е за есенска понуда која вклучува работа на полиња, лозје и овоштарници.

И додека Хрватите заминуваат во странство во потрага за работа, лозарите берачи увезуваат од Европа.

Се жалат дека немаат доволен број работници и како никој од поширокото подрачје на Далмација не сака да дојде да работи. Иако за еден ден берба може да се заработат и до 400 куни или 60 евра, па падините на Дингача грозје берат само мештаните кои си помагаат едни на други, пренесуваат хрватските медиуми.

„Нема работници, што да ви кажеме...Се мачиме како знаеме“, рекол лозарот Аленко Радович кој своето грозје го берел со помош на увозни берачи од Франција, од кои е многу задоволен, како и со идејата берачи да се бараат во земјите на ЕУ, пишува Слободна Далмација.

Французите дошле откако го виделе огласот дека се бара помош при берба. Со оглед дека не можеле да пронајдат домашни работници, лозарите објавиле меѓународен оглас кој дошол и до двајца Французи.

Винцент Гиболт и Мајкл Каунт во Пелјешац дошле од Марсеј, а веќе десеттина дена вредно берат грозје . За возврат имаат стан, храна и пристојна дневница од 300 куни или 40 евра.

Велат дека ова им е активен одмор и се многу задоволни.

Уживаме во бербата на грозје. Кога е лошо времето, одмараме, а успеавме и да се искапеме на блиските плажи, рекле тие.

Тие откриле дека ова им е прва средба со бербата на грозје, дека досега тоа не го работеле, но дека добро се снаоѓаат во лозјето. Таму ќе останат уште неколку дена а потоа се враќаат во Франција. На локалните лозари им ветиле дека следната година ќе се вратат и со нив ќе донесат уште помагачи.

Ќе донесеме уште десеттина пријатели за бербата на грозје. Овде е убаво. Луѓето се супер и добро не примија, рекле тие.

Олеснување за Французите е тоа што не им требаат никакви дополнителни документи. Поради договорот на ЕУ и Хрватска за слободно движење на работници не треба да се пријавува ништо за престој до три месеци.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »