Промовирани огласи »

А1 Македонија објави успешен резултат на уште една група од својата уникатна практикантска програма A1 WayUp. 15 млади таленти од третата генерација на A1 WayUp за 2023/2024 година ја добија можноста својата кариера да ја градат во најатрактивните дигитални области: E-commerce/Digital Transformation, Data Science & Analytics, Infrastructure & Cloud, ICT Solutions и IT Systems & Technology.

Посветена на практично учење и стекнување вештини, програмата A1 WayUp уште еднаш ги надмина очекувањата. Она што ја издвојува е нејзиниот прецизен пристап кон менторирање на секој еден од учесниците во програмата, што значи целосна поддршка од менторите и тимовите на А1, како и бенефиции еднакви со сите вработени во компанијата во поглед на учење, раст и развој. Покрај работа на конкретни и иновативни проекти, практикантите имаат можност да се надоградуваат преку обуки за важни деловни вештини кои им се потребни во секојдневната работа.

“Во улога на ментор по втор пат како дел од програма А1 WayUp можам да кажам дека дефинитивно уживам во истата како дел од мојата работа. Следењето на прогресот на овие млади таленти навистина ми претставува задоволство, а квалитетот со кој што тие ги завршуваат задачите и придонесуваат за напредокот на проектите покажува дека мојата работа е исполнета и дека оваа програма е одлична можност за секој еден млад талент - истакна Елинда Стојанова Милошеска, Лидер за дигитална трансформација во А1 Македонија.

Успехот на практикантската програма A1 WayUp ја истакнува посветеност на А1 Македонија за негување таленти и културата на континуирано учење и развој. Додека ги славиме достигнувањата на нашите практиканти, ја потврдуваме нашата посветеност на обликувањето на посветла иднина за нашата компанија и за професионалците кои секојдневно растат и се надоградуваат.

А1 Македонија на сите кои се дел од програмата A1 WayUp им посака успех во понатамошниот развој на кариерата, многу нови знаења и успешни проекти. Со големо задовоство го најави продолжувањето програмата A1 WayUp и повикот за четвртата генерација кој наскоро ќе биде објавен.

Промовирани огласи »

Претстојниот месец април има два неработни дена за сите граѓани во земјава. 

Согласно календарот на неработни денови, 10 април (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам ќе биде неработен за сите граѓани. 

Освен овој ден, неработен за сите граѓани ќе биде и денот од првиот круг од претседателските избори кој е закажан за 24. април, односно среда. 

По април, во месец мај неработни денови за сите се:

  • 1 мај (среда), Ден на трудот
  •  6 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

Промовирани огласи »

КARIERA Triumph Talks во организација на KARIERA.mk и Brain Tree - Neuro-Business Training Center. 

Разговори со успешни луѓе од нашето опкружување!

Како наш петти гостин ви ја преставуваме Маја Станковска Костова - Генерален директор на Кроациа осигурување живот со нејзината инспиративна успешна приказна.

Доколку сте во потрага по инспирација, мотивација и практични совети KARIERA Triumph Talks е точното место каде што ќе го пронајдете сето ова.

Промовирани огласи »

Во досегашната работа ФлуидПроект го покрива пазарот во Македонија, но и интернационалниот пазар како Косово, Бугарија, БиХ, Србија, Албанија, Кувајт и Гана. Исто така се дел од повеќе еколошки студии и проекти од областа на заштита на животната средина, истражувања на водните ресурси и заштита на подводни археолошки и природни реткости.

Моментално вработува:

ОПШТИ РАБОТНИЦИ
ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »