Промовирани огласи »

Од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе летаат 14 авиокомпании до вкупно 37 редовни дестинации и до седум дестинации со чартер летови, а од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид, пак, три авиокомпании ќе летаат до четири дестинации. Аеродромскиот оператор ТАВ Македонија информира дека од утре почнува новиот зимскиот ред на летање.

Патниците од Скопје ќе може да летаат кон Анталија, Атина, Базел Милуз, Белград, Берлин, Болоња, Братислава, Бремен, Брисел Шарлероа, Будимпешта, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт, Фридрихшафен, Гетеборг, Хамбург, Истанбул, Измир, Карлсруе, Ларнака, Љубљана, Лондон Лутон, Малме, Малта, Милано Малпенса, Минхен Меминген, Нирнберг, Осло Сандефјорд, Париз Бове, Рим Фиумичино, Салцбург, Сараево, Венеција Тревизо, Виена, Загреб, Цирих и Варшава.

Чартер летовите се до Хамбург/Хановер, Минхен/Штутгарт, Берлин/Лајпциг, Манчестер/Лондон, Париз, Лион/Марсеј и Диселдорф/Франкфурт. Од Охридскиот аеродром Св. Апостол Павле, Wizz Air, Chair Airlines и Edelweiss ќе летаат до Виена, Меминген, Дортмунд и Цирих.

Зимскиот ред на летање за Охридскиот аеродром е идентичен со ланскиот зимски распоред на летови, додека на скопскиот аеродром минатата година во зимската сезона имаше 13 авиокомпании кои летаа до 42 дестинации, информираат од ТАВ. Со последниот повик за субвенционирање на авиолинии следната година од македонските аеродроми ќе може да се патува до Дубаи и Барселона, дестинации кои се обновуваат, како и до Лион, Штудгарт, Базел и Истанбул.

Промовирани огласи »

На ден 25.10.2024 год. во Хотел Панорамика се одржа HR работилницата предводена од Kaltrina Lloncari сениор HR партнер во Mercedes Benz во организација на KARIERA.mk  

На работилницата се разгледуваа практики за регрутирање, процеси за onboarding и интеграција на новите вработени, стратегии за задржување и развивање на врвни таленти, практики за мониторирање и поддршка на вработените кои работат на далечина или хибридно, како и програми за благосостојба и ментално здравје. Ова се само некои од интересните теми од светот на HR кои беа опфатени.

Компании кои испратија свои тимови на работилницата беа: Sinceritas, CBS Consulting, Magna, Nova High School, Alkaloid, Singular, Gevekom, Motivi, Mikrosam,Tulleken Executive Search TS, Mega Auto Parts, DURA Automotive, AMSM, Ekspanda, Croatia osiguruvanje, Quipu GmbH, Semos, Involve Development, Halkbanka, Makstil, Johnson Matthey, MA Gaming, Cemеtarnica USJE, Trimaks, Hotel Actor, Manpower, Product DNA, Be-Da Locistics, Wik Makedonija, A1 Makedonija, NLB.

Ви благодариме за вашето присуство и одличната енергија!

Погледнете дел од атмосферата и се гледаме на следната работилница!

Во прилог галерија од фотографии:

Промовирани огласи »

Просечната августовска бруто плата во Србија изнесува 133.591 динари (1.140 евра), додека просечната нето плата, без даноци и придонеси, изнесува 96.649 динари (824 евра), објави Републичкиот завод за статистика на Србија.

Растот на бруто-заработката во периодот јануари-август 2024 година во однос на истиот период лани, номинално изнесува 14,7 отсто, односно реално 9,3 отсто, додека просечната нето-заработка номинално е повисока за 14,6 отсто, односно реална за 9,2 отсто.

Споредено со истиот месец од претходната година, просечната бруто-плата за август 2024 година е номинално повисока за 12,3 отсто, а реално за 7,7 отсто, додека просечната нето-плата е номинално повисока за 12,2 отсто, односно реална за 7,6 отсто.

Медијалната нето заработка за август изнесува 75.575 динари (645 евра), што значи дека 50 отсто од вработените заработиле до таа сума.

Промовирани огласи »

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

МАКСТИЛ е регионален лидер во производството на топловалани дебели лимови.

Моментално вработува:

ЛЕАР
МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР
ЕЛЕКТРИЧАР

Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот.

Моментално вработува:

ДОСТАВУВАЧ - МОНТЕР ВО БИТОЛА
СОВЕТНИК ЗА ПРОДАЖБА ВО ОХРИД
МЕНАЏЕР НА МАЛОПРОДАЖЕН САЛОН ВО БИТОЛА

Микросам e светски бренд за производство на современи, компјутерски управувани машини за производство на композитни материјали.

Моментално вработува:

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР – КОНСТРУКТОР

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР - Ц КАТЕГОРИЈА

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Сите огласи од Ван Хоол Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Пивара Скопје АД е една од водечките компании во Македонија, заедничко вложување помеѓу Coca-Cola HBC и Heineken.

Моментално вработува:

МЕНАЏЕР ЗА ЈАВНИ И РЕГУЛАТОРНИ ПРАШАЊА

Саник е компанија посветена на креирање и создавање на урбани и функционални станбени и деловни простори со уникатен дизајн.

Моментално вработува:

СМЕТКОВОДИТЕЛ

JYSK е меѓународен малопродажен ланец кој продава „сè за дома". Со мисија да се даде одлична понуда за секого, JYSK, со потекло од Данска, е една од најбрзо растечките ланци во светот на продавници во рамките на спиење и живеење. 

Моментално вработува:

АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Вабтек МЗТ АД Скопје, дел од интернационалната Wabtec Corporation и лидер во производството на сопирачки системи за железнички возила.

Моментално вработува:

ОПЕРАТОРИ НА CNC МАШИНА
БОЈАДИСУВАЧ/ФАРБАР

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »