Промовирани огласи »

Вчера наутро, во најголема тајност, Алфи го најави својот 15-ти роденден со неверојатно изненадување – 15.000 балони кои се подигнаа над кумановското небо, создавајќи незаборавен спектакл во градот!

Но, забавата не завршува тука.

Во моментов, во Алфи е активна предроденеската забава Pre Birthday Week – исполнета со супер клуб попусти, акциски понуди и многу забава! Купете си нешто посебно и искористете ги нашите фантастични намалувања во текот на оваа недела.

Најголемиот настан следи на 11.11, во Понеделник, кога ќе се одржи главната роденденска забава. Ви ја најавуваме како незаборавно искуство, полно со изненадувања, големи клуб попусти, награди и забава за сите потрошувачи!

Ви испраќаме топла покана да се придружите на овој голем настан и да ги прославиме заедно 15-те години успех на Алфи!

Не пропуштајте ја оваа јубилејна забава – се гледаме на 11.11!

Промовирани огласи »

Куманово, како еден од поголемите градови во Македонија, нуди голем број можности за работа во различни индустрии. Без разлика дали сте млад професионалец, квалификуван работник, или студент кој бара прво работно искуство, пазарот на труд во Куманово нуди разновидни опции за сите профили на кандидати.

Моментално се отворени следниве работни позиции:

Експерт за кредитирање во филијала Куманово
Експерт за кредитирање во филијала Куманово со познавање на албански јазик
Senior Accountant
Козметичар/ка - теравпевт ласерска епилација
Референт за продажба во Куманово

Се уште невработени?! Сите останати работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден.

Моментално вработува:

Фарбари
Фарбар за антикорозивна заштита
Техничари за греење, вентилација и климатизација
Техничар за одржување
Столари

Преостанатите огласи од ВАН ХООЛ можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции ќе ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Добрите вработени често поседуваат амбиција и желба за развој. Ако во компанијата нема можности за унапредување, нови улоги, или ако не се препознаваат и наградуваат нивните напори, тие може да се почувствуваат потценети и заглавени во статични позиции.

Еве ги петте главни причини зошто добрите вработени одлучуваат да ги напуштат своите работни места:

1. Недоволна поддршка и признание

Многу често добрите вработени ги напуштаат компаниите кога не чувствуваат дека нивниот труд е признаен. Без редовна поддршка и пофалби за нивната посветеност, вработените се чувствуваат непочитувани, што може да води до демотивација и желба за промена на работното место.

2. Недостаток на можности за развој

Амбициозните вработени секогаш бараат начини да напредуваат и да се развиваат. Кога компанијата не нуди можности за кариера, напредок или обуки, тие се чувствуваат како да стагнираат и бараат други работни места каде што нивниот раст ќе биде поддржан.

3. Лошо менаџирање

Менаџерите имаат клучна улога во задржувањето на добрите вработени. Кога лидерството е слабо, неконзистентно или некомпетентно, вработените се чувствуваат фрустрирани и немаат доверба во својата иднина во компанијата. Токсичната работна култура е уште една причина која ги оддалечува вработените од работното место.

4. Несоодветни услови за работа

Ако работните услови се непријатни, како што се ниски плати, лоши бенефиции, голема работна оптовареност или недостаток на флексибилност, дури и најпосветените вработени можат да бараат подобро место каде што нивниот труд ќе биде соодветно награден.

5. Недостаток на рамнотежа меѓу работата и приватниот живот

Во денешно време, повеќе луѓе го ценат времето за себе и своите семејства. Ако работното место бара прекумерна работа и не дозволува време за одмор и релаксација, вработените ќе побараат работна позиција која ќе им овозможи подобра рамнотежа.

Овие пет фактори честопати играат улога во одлуката на добрите вработени да го напуштат своето работно место, што може да биде важен потсетник за компаниите за значењето на создавање на позитивна и поддржувачка работна средина.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »