Промовирани огласи »

HR тренд: Дали транспарентноста на платите е иднината на регрутацијата?

Зошто кандидатите повеќе не сакаат да аплицираат без објавена плата?

Пазарот на трудот брзо се менува, а заедно со него се менуваат и очекувањата на кандидатите. Една од темите што сè повеќе добива на значење е транспарентноста на платите. Денес, многу кандидати сакаат уште во самиот оглас да знаат колкав е платниот опсег за позицијата, наместо да ја дознаат оваа информација дури во завршните фази од процесот на селекција.

Истражувањата покажуваат дека огласите со јасно наведена плата привлекуваат повеќе апликации и создаваат поголема доверба кај кандидатите. Кога компанијата отворено комуницира за финансиските услови, таа испраќа порака дека го почитува времето на кандидатите и дека се залага за фер и транспарентен процес.

Од друга страна, транспарентноста не носи придобивки само за кандидатите. Работодавачите кои ги објавуваат платните опсези често добиваат поквалитетни апликации, бидејќи кандидатите однапред знаат дали понудата одговара на нивните очекувања. Тоа значи помалку изгубено време за интервјуа и поефикасен процес на регрутација.

Дополнително, транспарентноста на платите може да помогне во намалување на платните нееднаквости и да придонесе за поголема доверба меѓу вработените и менаџментот. Во многу земји веќе се воведуваат регулативи кои ги поттикнуваат или обврзуваат компаниите да објавуваат информации за платите.

Дали ова ќе стане нов глобален стандард? Сè укажува дека одговорот е „да“. Во време кога талентите имаат сè поголем избор, компаниите кои ќе бидат отворени и транспарентни ќе имаат предност во привлекувањето и задржувањето на најдобрите кадри.

Транспарентноста на платите повеќе не е само HR тренд таа станува важен дел од иднината на регрутацијата.

Прочитајте и за: HR светот се менува: Ова се 5 трендови кои ќе ја одредат иднината на работата

Тагови: HR трендови пари плата

Промовирани огласи »

Вработување во Алкалоид, Пивара Скопје и ПроКредит Банка!

Огласи за работа во Алкалоид, Пивара Скопје и ПроКредит Банка!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

ПроКредит е германска развојно ориентирана банка со присуство во Источна и Југоисточна Европа, посветена на поддржување микро, мали и средни претпријатија (ММСП) и физички лица, како и на поттикнување економски раст и одржлив развој.

Моментално вработува:

Corporate Client Specialist

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво, безалкохолни пијалаци и вода, и горд партнер на светските брендови Coca-Cola и Heineken.

Моментално вработува:

Унапредувач на пазарот - Битола / Прилеп / Крушево (м/ж)
Возач - Дистрибутер
Помошник за дистрибуција
Магационер (м/ж)

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Сите огласи од Лидл можете да ги најдете ТУКА.

Алкалоид AД Скопје е компанија која повеќе од осум децении работи на производство на лекови, преработка на билни суровини и на производство на козметички и на хемиски производи.

Моментално ваработува:

Медицински претставник за регионот Охрид / Струга

Кромберг и Шуберт се фокусира на развој и производство на комплексни системи за ожичување за автомобилската индустрија.

Моментално вработува:

Доставувач на материјали на прозиводна линија - Битола

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Бус Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Сите огласи од Вдл Бус Македонија  можете да ги најдете ТУКА.

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе.

Моментално вработува:

Возач/дистрибутер

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Промовирани огласи »

Обезвреднување на работното место: Што да направите?

Вашиот труд се игнорира? Време е да реагирате!

Секој вработен сака неговиот труд, знаење и посветеност да бидат препознаени и ценети. Но, што кога постојано имате чувство дека вашиот придонес се игнорира, вашите идеи не се слушаат или вашите успеси се припишуваат на други? Обезвреднувањето на работното место е проблем кој може сериозно да влијае врз мотивацијата, продуктивноста и менталната благосостојба на вработените. Добрата вест е дека постојат начини да се справите со оваа ситуација професионално и конструктивно.

Препознајте ги знаците

Обезвреднувањето не е секогаш очигледно. Тоа може да се манифестира преку игнорирање на вашите предлози, недобивање признание за добро завршена работа, исклучување од важни состаноци или постојано потценување на вашите способности.

Првиот чекор е објективно да процените дали станува збор за изолиран случај или за образец што се повторува.

Документирајте ги вашите достигнувања

Водете евиденција за проектите, резултатите и придонесите што сте ги оствариле. Ова не само што ќе ви помогне да ја согледате сопствената вредност, туку и ќе ви обезбеди конкретни аргументи доколку разговарате со претпоставените за вашата улога и напредок.

Комуницирајте отворено

Во многу случаи, проблемот може да се реши преку искрен разговор. Закажете состанок со вашиот менаџер и професионално објаснете како се чувствувате. Наместо обвинувања, фокусирајте се на конкретни ситуации и предложете решенија.

Поставете здрави граници

Луѓето кои постојано преземаат дополнителни обврски без признание често се изложени на прегорување. Научете да кажете „не“ кога е потребно и поставете јасни граници околу вашите одговорности.

Инвестирајте во сопствениот развој

Не дозволувајте туѓото мислење да ја дефинира вашата вредност. Продолжете да учите, да стекнувате нови вештини и да градите професионална репутација. Колку повеќе растете, толку повеќе можности ќе имате во сегашната компанија или на друго место.

Размислете за следниот чекор

Ако и покрај вашите напори ситуацијата не се менува, можеби е време да размислите дали работната средина навистина ви овозможува да напредувате. Ниту еден вработен не треба долгорочно да остане на место каде што неговиот труд не се почитува и вреднува.

Секој заслужува да работи во средина каде што неговите способности и придонес се препознаени. Ако чувствувате дека сте обезвреднувани, не игнорирајте го проблемот. Со правилна комуникација, јасни граници и фокус на личниот развој, можете да ја вратите контролата врз својата кариера и професионално задоволство.

Прочитајте и за: Зошто лојалните вработени одеднаш одлучуваат да заминат?

Тагови: совети за работа

Промовирани огласи »

Зборуваш германски? Ова лето работи од дома и гради кариера во меѓународна средина

Transcom: Работа од дома ова лето? Ако знаеш германски не ја пропуштај оваа шанса!

Познавањето на германскиот јазик ова лето може да ти отвори врата кон нова деловна можност – без потреба да заминуваш на сезонска работа во странство. Transcom во Македонија ги проширува своите тимови и вработува нови колеги за две позиции во корисничка поддршка на германски јазик.

Двете позиции нудат 100 % работа од дома, од која било локација во Македонија, како и професионална и платена обука и континуирана поддршка од тимот. Нови групи за обука се планирани секој месец во текот на летото, па кандидатите имаат повеќе можности да започнат со работа.

Две можности за оние што зборуваат германски

Кандидатите можат да изберат помеѓу работа во корисничка поддршка во енергетскиот сектор и работа на проект во финансискиот сектор.

На проектот од областа на енергетиката, вработените им помагаат на постојните корисници на една од водечките енергетски компании во Германија. Прашањата се поврзани со сметки, плаќања, отчитување на броилата и други барања од корисниците. Позицијата нуди работа од дома уште од првиот ден на обуката, слободни викенди и дневни смени што започнуваат во 8 или во 10 часот.

Втората позиција вклучува корисничка поддршка за една од најголемите европски платформи за штедење и финансиски услуги. Вработените обезбедуваат поддршка во врска со сметки, трансакции и користење онлајн банкарски услуги. За оваа позиција е обезбедена почетна нето-плата од 950 евра, како и бруто бонус за добредојде во износ од 400 евра.

Претходно искуство во енергетскиот или финансискиот сектор не е задолжително. Преку платената обука, новите вработени ги стекнуваат сите потребни знаења, со поддршка од колегите и тим лидерите.

Работа од дома со бројни поволности и можности за развој

Покрај секојдневната работа на германски јазик и можноста да работат од својот дом, на вработените им се достапни приватно здравствено осигурување, поволности преку SportMaster, попусти во повеќе од 15 партнерски компании, онлајн психолошко советување и пристап до едукативната платформа T: University.

Во зависност од избраната позиција, достапни се и дополнителни поволности, како бонуси за остварени резултати, договор на неопределено време и можности за професионален развој и напредување.

За да се пријавиш, потребно е одлично познавање на германскиот јазик, добри комуникациски вештини, основно познавање на работа со компјутер, како и мотивација за учење и тимска работа.

Препорачај пријател и добиј бонус

Вработените во Transcom можат да препорачаат пријател, колега или познаник кој зборува германски и е заинтересиран за една од отворените позиции.

Доколку препорачаното лице се вработи, вработениот што го препорачал добива бонус во износ претходно договорен со проектот.

Ова лето можеш да го претвориш познавањето на германскиот јазик во стабилна деловна можност, да стекнеш искуство во меѓународна средина и да работиш од дома – од која било локација во Македонија.

Пријави се преку овој линк за позицијата во енергетскиот сектор, или преку овој линк за позицијата во секторот за финансиски услуги, и пронајди ја позицијата што најмногу одговара на твоите интереси.

Тагови: Transcom Macedonia

Вчитај повеќе вести...
барај огласи за вработување »