
Познавањето на германскиот јазик ова лето може да ти отвори врата кон нова деловна можност – без потреба да заминуваш на сезонска работа во странство. Transcom во Македонија ги проширува своите тимови и вработува нови колеги за две позиции во корисничка поддршка на германски јазик.
Двете позиции нудат 100 % работа од дома, од која било локација во Македонија, како и професионална и платена обука и континуирана поддршка од тимот. Нови групи за обука се планирани секој месец во текот на летото, па кандидатите имаат повеќе можности да започнат со работа.
Две можности за оние што зборуваат германски
Кандидатите можат да изберат помеѓу работа во корисничка поддршка во енергетскиот сектор и работа на проект во финансискиот сектор.
На проектот од областа на енергетиката, вработените им помагаат на постојните корисници на една од водечките енергетски компании во Германија. Прашањата се поврзани со сметки, плаќања, отчитување на броилата и други барања од корисниците. Позицијата нуди работа од дома уште од првиот ден на обуката, слободни викенди и дневни смени што започнуваат во 8 или во 10 часот.
Втората позиција вклучува корисничка поддршка за една од најголемите европски платформи за штедење и финансиски услуги. Вработените обезбедуваат поддршка во врска со сметки, трансакции и користење онлајн банкарски услуги. За оваа позиција е обезбедена почетна нето-плата од 950 евра, како и бруто бонус за добредојде во износ од 400 евра.
Претходно искуство во енергетскиот или финансискиот сектор не е задолжително. Преку платената обука, новите вработени ги стекнуваат сите потребни знаења, со поддршка од колегите и тим лидерите.

Работа од дома со бројни поволности и можности за развој
Покрај секојдневната работа на германски јазик и можноста да работат од својот дом, на вработените им се достапни приватно здравствено осигурување, поволности преку SportMaster, попусти во повеќе од 15 партнерски компании, онлајн психолошко советување и пристап до едукативната платформа T: University.
Во зависност од избраната позиција, достапни се и дополнителни поволности, како бонуси за остварени резултати, договор на неопределено време и можности за професионален развој и напредување.
За да се пријавиш, потребно е одлично познавање на германскиот јазик, добри комуникациски вештини, основно познавање на работа со компјутер, како и мотивација за учење и тимска работа.
Препорачај пријател и добиј бонус
Вработените во Transcom можат да препорачаат пријател, колега или познаник кој зборува германски и е заинтересиран за една од отворените позиции.
Доколку препорачаното лице се вработи, вработениот што го препорачал добива бонус во износ претходно договорен со проектот.
Ова лето можеш да го претвориш познавањето на германскиот јазик во стабилна деловна можност, да стекнеш искуство во меѓународна средина и да работиш од дома – од која било локација во Македонија.
Пријави се преку овој линк за позицијата во енергетскиот сектор, или преку овој линк за позицијата во секторот за финансиски услуги, и пронајди ја позицијата што најмногу одговара на твоите интереси.
Тагови: Transcom Macedonia