Промовирани огласи »

Согласно новиот Закон за енергетика, кој е во подготовка, се пропишува обврска за инвеститорот на новите згради да постави мерни уреди, додека за постојните корисници оваа обврска не важи и се остава на нивната желба дали ќе вградат или не.

Поскапување на цената на централното греење нема да има заради употреба на индивидувални мерачи во становите. Граѓаните кои се постојани корисници на централното греење сами ќе одлучуваат дали ќе вложат во поставување на мерачи за топлинска енергија бидејќи ниту сегашното законско решение не го предвидува, а не се предвидени како задолжителна опрема согласно новиот закон кој е во подготовка.

Во новиот Предлог-закон за енергетика има мала измена. Во член 155 ставка 5 и во член 239 се наведува дека само во новите објекти што ќе се градат во иднина, по добивањето на дозволата за градба, инвеститорот мора да ги вгради овие уреди. Тоа значи дека корисниците при купување на новите станови ќе ги добијат мерните уреди заедно со станот. Тоа нема да им биде дополнителен трошок и ќе бидат во нивна сопственост – појаснува претседателот на Управниот одбор на Балкан енерџи”, Димитар Кочовски.

Според него, деталите како ќе бидат опфатени постоечките корисници ќе биде уредено во новите подзаконски акти. Кочевски потсети дека пилот-проектот од пред неколку години покажа дека во зградите каде експериментално беа вградени вакви метри уреди, заштедата на енергија во просек изнесувала од 15 до 20 проценти, што е многу добро.

Ова покажува дека енергетски ефикасно изградените објекти имаат економска исплатливост да вложат во купување на калориметри и распределувачи на топлина бидејќи ќе заштедат и брзо ќе си ја повратат инвестицијата. За разлика од оние згради со лоша изолација на фасадата и не променети прозорци кои, препорачувам, прво тоа да го подобрат, а потоа да купуваат мерни уреди – вели Кочовски.

Тој ги поддржува напорите на Владата да обезбеди средства од дополнителни еко фондови со кои ќе се популаризира вградувањето на мерните уреди за сите корисници на централното греење.

Во иднина енергијата ќе поскапува и треба да се подготвуваме за тие времиња. Затоа вложувањата во eнергетска ефикасност и заштеда на енергија ги поддржувам во целост – рече Кочовски.

Промовирани огласи »

"Balkan Media Assistance Program" (BMAP) е проект финансиран од USAID а го спроведува Internews. Преку проектот, Internews ќе им помогне на медиумите од БиХ, Косово, Македонија и Црна Гора да го подобрат квалитетот на нивните содржини, да воведат нови содржини, да се зајакнат финансиски, како и да ја зголемат интеркацијата со публиката, особено во дигиталната комуникација.

Повеќе детали за повикот на следниот линк:

https://www.usaid.gov/macedonia/partnership-opportunities/call-applications-key-partners-balkan-media-assistance-program 

Промовирани огласи »

Уставен ја отфрли иницијативата исклучените домаќинства од парно греење да не плаќаат паушал. Тоа значи дека и граѓаните кои не се греат со парно, и понатаму ќе плаќаат сметки.

Се претпоставува дека над 12 илјади домаќинства  исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија секој месец плаќаат паушал од 500 до 1.200 денари. Граѓаните ревиолтирани против  ваквата одлука со години претестираат пред Устваниот суд. Во 2009 та  Уствниот ја укина одредбата  со која на граѓаните им се наметнуваше обврска да плаќаат 50% од сметката за парно.

Сепак, остана обврската да плаќаат паушал, зависно од квадратурата на станот. Токму за ваквото толкување на правилниците, судот се прогласи за ненадлежен.

Затоа  исклучените граѓани од системот на БЕГ најавија и тужба ред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Промовирани огласи »

Уставниот суд денес ќе излезе со одлука за тоа дали домаќинствата кои се исклучени од топлинската енергија и понатаму ќе продолжат да плаќаат за услугата.

Министерот за економија, Крешник Бектеши истакна дека Регулаторната комисија за енергетика подготвува нов Правилник, од кој ќе произлезат обврските за граѓаните кои не користат парно греење, а сепак паушално плаќаат.

Се ќе зависи од Правилникот. Тој веќе се подготвува во Регулаторната Комисија за енергетика и ова прашање ќе биде опфатено со новиот Правилник. , откако ќе излезе новиот закон за енергетика. Ако уставниот суд ја укине обврската, тогаш ќе се почитува тоа, изјави Бектеши.

Над 12 илјади домаќинства кои се исклучени од системот за снабдување на топлинска енергија, се уште секој месец плаќаат од 500 до 1.200 денари за услуга која не ја користат.

Граѓаните револтирани против одлуката, со години протестираа пред Уставниот суд, а во 2009 година судот ја укина одредбата со која на граѓаните им се наметнуваше обврска за плаќање на 50 проценти од сметката за парно.

Сепак, обврската за плаќање остана, а таа изнесува зависно од квадратурата на станот.

За ваквото толкување на правилниците, судот се прогласи за ненадлежен, па затоа исклучените граѓани од системот на БЕГ најавија и тужба во Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »