Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика известува дека 226 работни места во детските градинки, на кои повеќе години се вработувал кадар на определено време, се конечно сигурни.

Министерството за труд и социјална политика обезбеди согласност од Министерството за финансии за вработувања на неопределено време на 226 работни места во јавните установи за деца-детски градинки, за трајно испразнети работни места, a кои тековно биле пополнувани со вработувања на определено време. Со овој чекор МТСП ја прекинува долгогодишната состојба на несигурност и неизвесност кај вработените во градинките, но и кај децата и родителите.

Покрај тоа, а во насока на понатамошно подобрување на состојбата со кадровската екипираност во детските градинки, Министерството за труд и социјална политика обезбеди согласност од Министерството за финансии и за нови 260 вработувања на неопределно време. За таа цел се обезбедени дополнителни средства со Буџетот за 2018 година во износ од 70.000.000 денари.

Според анализите на МТСП, системското разрушување на системот на детска заштита во изминатава деценија предизвика недостаток на кадар во градинките од околу 2000 лица.

Промовирани огласи »

Со цел доближување на услугите до даночните обврзници и избегнување на метежите, покрај шалтерите лоцирани во сутеренот во Регионалната дирекција Скопје (ул. 11 Октомври број 27 / спроти Даре Џамбаз), Управата за јавни приходи отвори и дополнителни шалтери за поднесување на Годишна даночна пријава лоцирани:

  • на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ);
  • општина Ѓорче Петров во зградата на урбаната заедница Ѓорче Петров (кај полициската станица);
  • општина Бутел во општинската зграда;
  • општина Гази Баба во бараката за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП); и
  • општина Аеродром, во општинската зграда на втори кат.

На овој начин граѓаните од Скопје но и сите оние кои се од друг град, а кои привремено работат или живеат во Скопје, можат пополнетата Годишната даночната пријава за утврдување на персонален данок на доход (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/21) да ја поднесат на повеќе локации, вклучувајќи го и Даночниот шалтер Чаир, како и во Мобилните даночни шалтери на УЈП (види http://kontaktcentar.ujp.gov.mk).

Прием на Годишните даночни пријави во горенаведените општини ќе се врши од 26.02.2018 година до 15.03.2018 година, во период од:

  • 07:00 до 21:30 часот во Регионална дирекција Скопје;
  • 07:00 до 21:30 часот на приземјето на Дирекцијата за големи даночни обврзници (зграда на ССМ);
  • 08:30 до 16:30 часот во Даночниот шалтер Чаир;
  • 08:00 до 16:00 часот во општините Ѓорче Петров, Гази Баба и Бутел; и
  • 08:00 до 18:00 часот (во две смени) во општина Аеродром.

За сите дополнителни информации и помош при пополнувањето на Годишната даночна пријава, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000 и 02/3253 200 или да побараат помош од даночните агенти во даночните канцеларии.

Промовирани огласи »

Мобилните плаќања на голема врата доаѓаат ширум Европа и според најновите прогнози до 2020 година мнпгу бесконтактни трансакции ќе се вршат токму преку уредот кој денес речиси сите го поседуваат, а тоа е паметниот телефон. Анализите укажуваат на многу позитивни трендови на поголема употреба на смартфон плаќањата кои ќе надминат половина од сите електронски трансакции за две години.

Токму затоа се очекува да се разгорува битката меѓу технолошките гиганти како Apple, Samsung, Huawei, Google и Amazon, финансиските институции како банки и платежни компании и секако самите трговски гиганти кои постојано се трудат да обезбедат нови муштерии и да им овозможат полесен пристап до нивните производи.

Ова особено се однесува на помладите генерации како и т.н. технолошки гикови кои многу лесно прифаќаат нови технологии и нови видови на електронски уреди. Паметните телефони одамна не се баук и практично деца знаат да ги ракуваат совршено работејќи со апликации и социјални мрежи.

Затоа и финансиските иновации мора да ги следат овие трендови, а никаков исклучок не е ниту Македонија. Речиси 70% од македонските корисници на паметни телефони располагаат со Андроиди од различни ценовни категории, а најважно е што повеќето од нив располагаат со NFC технологија, која е клучна за остварување на контактот меѓу смартфонот и платежниот терминал. Се што треба корисникот да направи е да го доближи смартфонот до терминалот и да го внесе кодот за верификација со што платежната трансакција веднаш ќе се изврши.

Во период кога големите сервиси како Apple Pay, Samsung Pay, Android Pay, Huawei Pay и уште многу други несопирливо галопираат освојувајќи ги светските пазари прашање на време е кога и македонските корисници ќе добијат сличен сервис на располагање. Плаќањето само со телефон на кој се поврзани банкарските картички е само прашање на време и неопходна иновација и на македонскиот пазар. 

Принципот е сличен како и кај бесконтактните платежни картички, но дури побрз и поефикасен бидејќи не треба корисниците повеќе да носат поголеми количини на кеш со себе, ниту пак да организираат паричникот со еден куп банкарски и други видови на картички. 

Од примена на мобилен бесконтактен платежен систем придобки ќе има за сите, од самите корисници кои ќе заштедат на време и ќе добијат безбедно располагање со средствата, па се до самите трговци кои ќе привлечат нови корисници и секако финансиските институции кои се залагаат за надминување на употребата на готовина во прометот.

Промовирани огласи »

Државниот завод за статистика објави денеска дека индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по  вработен, во декември 2017 година, во однос на декември 2016 година, изнесува 101.9. 

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во декември 2017 изнесува 35 017 денари, а нето била  23 850 денари. 

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен  во секторите: Преработувачка индустрија (9.1%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (9.0%) и Други  услужни дејности (8.6%).  Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано  во секторите: Информации и комуникации (12.2%), Преработувачка индустрија (10.4%) и Стручни, научни и технички  дејности (9.1%).   Во декември 2017 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не земале плата.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »