Промовирани огласи »

Заминувањето на младите од Македонија е голем проблем поради кој на се поголем број  општини во Mакедонија им се заканува исчезнување, предупредуваат демографите.

Нискиот наталитет и масовната миграција во Скопје или надвор од земјата придонесоа 32 општини во последниот квартал лани да бидат со негативен природен прираст, таму има повеќе починати отколку живородени, вели за Канал 5 директорот на државната статистика, Апостол Симовски.

Десет години наназад, половина од општините во државата имаат намален наталитет со просек од 1 дете во семејство. Стабилна иднина и финансии и натаму се пресудни за да се основа семејство, велат граѓаните.

Последниот попис од далечната 2002 покажал дека во Македонија постојат 147 села без ниту еден жител, од 1767 населени места, 160 места имале едвај 10 жители. 

Од шесте региони статистиката покажала драстичен пад на наталитетот во источниот, југоисточниот, пелагонискиот и југозападниот регион. Намалувањето на бројот на населението главно се должи на миграцијата и стареењето на населението.

Промовирани огласи »

Без разлика дали возите хибриден двосед или теренец од три тони, веројатно може да сторите нешто за да ја намалите потрошувачката на гориво, посебно со денешните цени на гориво. Со намалување на само половина литар на 100 км, со тек на време може да се постигне голема заштеда во потрошувачката или пак тие средства да се инвестираат во купување на некои на резервни делови за возилото.

Следните совети сами по себе не се којзнае колкави, но кога се употребат заедно, тогаш во пракса може да се почувствува значителен ефект.

1. Успорете. Ова е една од најбитните совети во возењето. Со зголемување на брзината, потрошувачката се зголемува многу бргу (експоненцијално). Само со намалување на брзината за околу 10% на автопат, на пример наместо 125 км/ч, возете 110 км/ч и ќе се постигне значајна заштеда на подолг рок, а времето на возење нема битно да се продолжи, имајќи ги во предвид малите растојанија во Република Македонија.

2. Проверете го притисокот во гумите. Доколку притисокот е под оптималниот, тогаш доаѓа до зголемено триење на гумите со коловозот, проблеми во свиоци, зголемена потрошувачка. Поновите модели на автомобили имаа опција за доплата за сензор кој постојано го мери притисокот во гумите. Причините поради кои автомобилските гуми губат воздух се температурните промени, неисправни вентили, промени во атмосферскиот притисок и влажноста на воздухот.

3. Проверете го воздушниот филтер. Извалкан или затнат филтер за воздух спречува внесување на доволна количина на воздух во моторот, која придонесува за несовршено согорување на смесата гориво-воздух, зголемена потрошувачка и количина на издувни гасови. Воздушните филтри лесно се проверуваат и заменуваат. Во последно време се појавија и воздушни филтри кои не се менуваат, туку само се чистат и повторно се употребуваат. Тие се многу поскапи од стандардните, но еколошки поприфатливи.

4. Забрзувајте внимателно. Летачките стартови на семафор не служат за ништо, освен за оштетување на автомобилските гуми и драстично зголемена потрошувачка на гориво. Но ова не значи и дека треба да се влечеме, затоа што со тоа ги лутиме другите учесници во сообраќајот и создаваме опасна ситуација. Доколку имате автоматски менувач забрзувајте со нежно притискање на педалата за гас, а со рачен менувач држете го автомобилот во подрачје на ниски вртежи на моторот. Пред време проценувајте ситуација и гледајте да избегнете намалувања на брзината, затоа што потоа ќе треба повторно да забрзате.

5. Возете позади камион. Дали сте забележале дека за време на сообраќајна гужва на автопат, патничките автомобили и теренци константно забрзуваат, па потоа успоруваат, додека камионите си возат на десната трака на автопатот со едно постојано темпо. И ова нивно константно темпо и минимална работа со менувачот придонесува за намалување на потрошувачката. Отпорот на воздухот е исто така намален доколку се вози позади големо возило, како што е камион или автобус.

6. Размислете за користењето на клима уредот. Дали секогаш мора да биде вклучен клима уредот, па макар и на минимум. Доколку се вози со некоја мала брзина, може да се отворат прозорите или сончевиот кров и да се ужива во свежиот воздух и мирисот на природата; секако доколку тоа го дозволуваат временските услови. Но при поголема брзина отпорот на воздухот низ отворените прозорци го поништува ефектот на заштеда на гориво од исклучен клима уред.

7. Дали ви се навистина потребни толку широки и предимензионирани гуми? Навистина, секое возило изгледа многу атрактивно, моќно и агресивно со тркала со поголеми димензии, но отпорот на свиоци, триењето со асфалтот и зголемениот отпор на воздухот можат да ја зголемат потрошувачката на гориво и за 10 проценти. Исто така и комфорот при возењето може да биде намален доколку се користат бандажи и гуми со преголеми димензии. На крај се се сведува на тоа што вие преферирате, но моментално зборуваме за заштеда на гориво.

8. Исчистете ја вашата кола. Доколку не се грижите премногу за тоа што се се наоѓа низ вашиот автомобил: во предните фиоки, во просторот помеѓу предните и задните седишта, во багажникот. Лесно може да се случи да носите повеќе од 50 кг. непотребни предмети кои ја зголемуваат потрошувачката и тежината на возилото.

9. На крај, може да се каже: помал автомобил, помала потрошувачка. Доколку сте во позиција да купувате автомобил, независно дали нов или половен, размислете колкав автомобили навистина ви е потребен; денес и малите возила нудат многу простор и се доволни за цело семејство. Мало возило не значи дека е жртвувана сигурноста или комфорот, скоро сите сигурносни опции се достапни и во градската и компактната класа. Тука доаѓа и нашиот совет да се биде внимателен кога се бира мотор, и да се избере некој помал, кој би штедел повеќе во град.

10. Најнепопуларниот совет, a можеби и најефикасен. Можеби нема да се согласите, но најголема заштеда доаѓа кога автомобилот не се вози, односно не се употребува кога не е неопходен. Пешачењето покрај заштедата е добро и за вашето здравје. Кога може да користите градски превоз, избегнувајте употреба на вашиот автомобил. Ќе ги избегнете и високите цени за паркинг.

Промовирани огласи »

Македонците се едни од понесреќните народи во регионот, а земјата е на 89. место на светската ранг листа за среќа со која се опфатени 156 земји. 

Ова го покажува Извештајот за среќа за 2018 година што го објави Организацијата на Обединетите нации.

Од земјите во регионот, најсреќни се Словенците на 51. место, а следуваат Косово (61), Србија (78), Грција (79), Црна Гора (81), Хрватска (89), БиХ (93) и Бугарија (110).

Меѓу најсреќните се народите од скандинавските држави. На врвот на листата на среќа на ОН е Финска, пред Норвешка и Данска, а во топ 10 најсреќни семји се и Исланд, Швајцарија, Холандија, Канада, Нов Зеланд, Шведска и Австралија.

Најнесреќни во светот се жителите на Бурунди.

 Анкетираните со оценки од 1 до 10 одговараат на прашалник за одредени фактори во нивните земји како што се квалитетот на живот, сочувството кон другите, слободата, великодушноста, исреноста и здравјето.

ОН го обајвуваат светскиот извештај за среќа од 2012 година, а се изработува врз основа на истражувања во секоја од 156 рангирани земји.

Промовирани огласи »

Денеска истекува рокот за поднесување годишна даночна пријава за утврдување на персоналниот данок на доход и пријавување на приходите кои граѓаните ги оствариле во 2017 година.

Според УЈП, до сега се поднесени вкупно 334.360 пријави, а до крајот на денешниот ден се очекуваат уште 100.000 граѓани.

Со цел избегнување на метежите, особено во Регионалната дирекција Скопје, апелираме граѓаните да ги поднесуваат пријавите и на шалтерите на УЈП кои се отворени во Центар, како и општините Ѓорче Петров, Бутел, Гази Баба, Аеродром и мобилниот даночен шалтер во Драчево што ќе биде стациониран на 15 март пред месната заедница во периодот од 10:00 до 14:00 часот, информираат од УЈП.

За ненавремено поднесување, односно неподнесување даночна пријава и нецелосно пријавени приходи Законот предвидува глоба од 100 до 200 евра, во денарска противвредност. Пријавите освен на шалтерите може да се поднесат електронски и да се испратат по пошта.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »