Промовирани огласи »

Граѓаните се уште се плашат да ги користат кредитните картички за купување преку интернет. Сметаат дека податоците можат да им бидат злоупотребени.

Ретко користат пејпал кој се смета за најсигурен инструмент за плаќање., но од дрга страна, се уште не дозволува да примаат пари од странство на нивните сметки. Истото важи и за фирмите.

За да се зголеми онлајн трговијата во земјава која сеуште е во зачеток, мора сите производи од земјава да бидат баркодирани., односно да поседуваат ГС1 стандард.  Со тоа ќе можат и да се  продаваат на светските онлајн платформи како што се Амазон е беј и Алибаба.

Бизнисмените од земјава согласни дека баркодирањето е неопходно. Само така ќе се зголеми сигурноста, односно фирмите ќе можат да ги контролираат своите производи од производството преку дистрибуцијата па се до крајните потрошувачи.

Статистиката покажува дека над 70 отсто од потрошувачите пред да купат некој производ ги пребаруваат неговите карактеристики на интернет. Доколку некој производ има бар код информациите ќе бидат повидливи и поточни.

Ако порано преку интернет најмногу се продаваа и купуваа книги и музика сега приматот го има електронската опрема, а не помалку  се присутни и прехранбените производи.

Промовирани огласи »

Законската регулатива во Македонија предвидува дека на родителите не им е потребна писмена согласност доколку малолетното дете патува со еден од родителите, но граничните служби имаат право да ја побараат ако нешто им е сомнително.

Издавање одобренија за патување во странство на малолетни лица (до 14 години живот)

1.  Ако  лицето до  14 години живот ( малолетно лице ) патува во странство или се враќа од странство во присуство на родител или старател не е потребно да има одобрение за неговото патување.

2.  Ако  лицето  до  14 години живот (малолетно лице) патува во странство или се враќа од странство без присуство на родител или старател,потребно е да има одобрение за неговото  патување кое се издава врз основа на писмената согласност  од родителите односно старателот,дадена во надлежните сектори-одделенија за Внатрешни работи,со приложување на увид-извод од матична книга на родените на малолетното лице кое патува, личните карти од родителите или старателот и таксена марка од 50,00 денари.

Промовирани огласи »

Четиристотини евра во денарска против вредност изнесува паричната казна која ќе ви ја наплати државата во судска постапка, плус кривична пријава за незаконско снимање, поднесена од секој поединец чиј идентитет ќе биде утврден во снимениот материјал кој е прибавен со било каков вид камера, поставена во автомобил или во станбена зграда. Ова дело е казниво според Законот за лични податоци на Македонија.

Секој, кој веќе поставил камера во возилото или во зграда, без да има одобрение, буквално, од сите станари во зградата, должен е веднаш, пред да биде казнет да ја отстрани опремата за видео надзор.

Сопствениците на современите возила кои имаат фабрички инсталирани видео камера во ретровизорите или во задниот дел од автомобилот имаат опција сами да побараат од овластен сервис да им ја деактивира направата, бидејќи во Македонија како и секаде во ЕУ, снимањето на личните податоци и идентитетот на граѓаните на јавно место е забрането и казниво.

Многу од граѓаните, велат експертите, понесени од разни видео клипови, кои ги прават аматери од цел свет, инсталираат камери во своите автомобили, надевајќи се дека еден ден, таа снимка ќе можат да ја искористат како „доказ“ доколку им се случи некоја непридвидена ситуација.

Но, согласно член 369 став (1)од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18 и 83/18), само полицијата е овластена да постави уреди за снимање на јавни места на кои се одвива сообраќај и на кои може да се извршуваат прекршоци од областа на сообраќајот на патиштата, согласно со закон.

Промовирани огласи »

Се подготвува измена на регулативата за работењето на менувачниците. На предлог на Царинската управа и во соработка со Народна банка, ќе се менува потврдата за купување и продавање на ефективни странски пари и чекови што ги издаваат менувачниците. Со корекцијата, Царината треба да добие поголема контрола во изнесувањето девизи, пренесува Независен.

Конкретно, ќе се наложи идентификација на лицето што менува пари и во потврдата ќе се воведе нова рубрика - час на издавање. Документот за сменети пари што ќе го издаде менувачницата ќе мора да го содржи единствениот матичен број на граѓанинот и времето на трансакција. Царина потврдува дека имало многу случаи кога граѓаните се обиделе да изнесат поголема сума девизи од дозволената при излез од државата и биле фатени. Но, во натамошната постапка, граѓаните со потврда од менувачница извадена отпосле, тврделе дека имаат покритие за девизите што се обиделе да ги изнесат. На ваков начин многу одземени пари пак им биле вратени на граѓаните, иако направиле прекршок.

Според закон, резидентите можат слободно да изнесат од Македонија девизи и чекови до 2.000 евра, а за износите меѓу 2.000 и 10.000 евра треба кај цариникот на излез од земјата да се пријави износот и за него да се поседува потврда за купени девизи од овластена банка или менувачница или дека се подигнати од сопствена банкарска сметка. Над 10.000 евра не смеат да се изнесат. Од Царината велат дека во досегашното работење 99 отсто од потврдите биле од менувачници, а само еден отсто од банки.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »