Промовирани огласи »

Врз основа на лично барање, може да се спроведе непосреден увид во податоците за стажот на осигурување и платите.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија има услуга, со која преку својата веб-страница обезбедува пристап на осигурениците до нивните регистрирани податоци во матичната евиденција.

Податоците се добивааат во форма на преглед на регистрирани податоци потпишан со дигитален сертификат на овластено лице, којшто досега се добиваше исклучиво  на шалтерите на Фондот.

Добиениот преглед ќе има карактер на јавна исправа и осигуренците ќе можат да го искористат пред другите надлежни институции каде што има потреба да се потврдува утврдениот стаж на осигурување.

Со оваа услуга се подига квалитетот на работењето на Фондот, во согласност со современите развојните трендови за електронски пристап до информации.

За кого се однесува услугата?

Оваа услуга е наменета за сите осигуреници кои имаат регистрирани податоци за стажот на осигурување, платите, надоместоците на плата, односно основиците на осигурување.

Како се обезбедува услугата?

За да се стане корисник на оваа услуга, потребно е корисничко име и лозинка, кое може да се добие со поднесување на БАРАЊЕ до филијалите, или деловниците на Фондот. Образецот на барањето може да се преземе и од веб-страницата на Фондот: www.piom.com.mk, односно линкот Е – услуги.

Пополнетото БАРАЊЕ се поднесува лично на шалтерите, со документ за лична идентификација на увид (лична карта, или патна исправа). Врз основа на поднесеното барање се добива корисничкото име и лозинка, со кои потоа осигуреникот може да ги следи своите податоци преку интернет, пишува Правдико.

Промовирани огласи »

Новата верзија на банкнотата од 100 и 200 евра се заштитени од фалсификување и се помали димензии, со што ќе биде полесно да се ставаат во паричникот и ташната.

Банкнтите имаат различни холограми на сребрената лента и „смарагден број“ што ја прикажува деноминацијата со мали симболи „евро“ во внатрешноста на броевите.

Големината на банкнотите е еднаква со онаа од 50 евра.

Банконотите ќе бидат пуштени во оптек на 28 мај следната година.

Промовирани огласи »

Македонските граѓани, кои имаат македонска возачка дозвола додека престојуваат на територијата на Германија ќе немаат потреба од меѓународна дозвола. Воедно македонските државјани кои имаат регулирано престој на германска територија на нивно барање ќе можат да извршат замена на возачките дозволи.

Таквата можност  е предвидена со Декларацијата за признавање и замена на возачки дозволи, што ќе ја потпишат денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на Сојузна Република Германија, Томас Герберих.

Македонската Влада на 26 јуни годинава ја усвои декларацијата со која се отвора патот за меѓусебно признавање на возачките дозволи со Германија, откако по преговорите меѓу надлежните министерства во мај годинава беше  усогласен нејзиниот текст. 

Возачките дозволи ќе им бидат признаени на полнолетни лица со важечка возачка дозвола, издадена од надлежните органи во Македонија и во Германија и кои имаат законски престој на македонска територија (најмалку 180 дена во една календарска година) или на територијата на Германија (најмалку 185 дена во годината).

Со стапувањето во сила на декларацијата за реципрочното признавање на возачките дозволи во двете земји, сите граѓани на Македонија кои живееат или престојуваат во Сојузна република Германија веќе ќе нема потреба да полагаат теоретски и практичен тест, да посетуваат преглед за вид, и да ги поминуваат сите потребни процедури, информираа од Владата на РМ.

Македонските државјани во Германија сега со македонска возачка дозвола смеат да возат само во првите шест месеци од пристигнувањето. Потоа треба да полагаат за возачка дозвола, а цената е околу 1.500 евра.

Република Македонија досега има потпишувано договор за признавање на возачките со седум држави и тоа со Шпанија, Италија, Србија, Албанија Црна Гора, БиХ и Австрија. Во тек е склучување вакви билатерални договори со Косово, Турција, Германија, Велика Британија.Врз основа на поднесена апликација за признавање на македонска национална возачка дозвола, во тек е постапка со Австралија и Нов Зеланд

Промовирани огласи »

Гејминг индустријата или индустријата за видеоигри е сé почесто актуелна тема која има голем потенцијал и е во експанзија. Додека гејмингот за некои претставува хоби, за други е професија која како и секоја друга работа бара посветеност, но ветува и многу забава.

За нејзиното искуство во оваа област, но секако и предизвиците, разговараме со Гордана Ристова која по завршување на академијата за 3Д дизјан на видеоигри во Seavus Едукативниот и Развоен Центар се вработи како 3D Unity Developer во „Pickatale“.

Гордана, Вие имате навистина исклучителна животна приказна вредна за споделување. Како дознавте за Академијата за 3Д дизајн на видеоигри при Сеавус Едукативен и Развоен Центар? Што Ве мотивираше да се запишете на истата?

Со досегашното искуство како инженер - дизајнер за внатрешно уредување и употребата на графичките софтвери барав можност за мое надградување. Најпрво, барав курсеви исклучиво од мојата област, но почнав да разгледувам и надвор од  „моите граници“. Ги разгледав понудите кои се однесуваа на останатите курсеви и академии, но сепак 3D Game Designer најмногу ме привлекуваше. Со годишната програма следуваше сериозен пакет кој опфаќаше предмети за изучување на 2D и 3D софтвери (Maya, Photoshop, Unity и сл.) како и теоретски предмети за изучување на гејмингот. Предизвикот да се стекнам со нови знаења за кои сметав дека ми се блиски и дека во иднина можат да ми користат во областа во која работам, беa голем мотив за да се запишам на академијата.

Сте превзеле храбар чекор и сте решиле да се преквалификувате – да започнете нова кариера. Имавте ли некакво предзнаење во дизајнирање на видеоигри и како решивте да започнете кариера во една релативно несекојдневна професија за нашиот пазар во Македонија?

Немав никакво предзнаење, сите информации што ги имав за гејмингот стекнати пред да се запишам на академијата, беа резултат од моето интернет пребарување и следење на светските трендови од таа област.

Со започнувањето на академијата и со увидот на можностите кои се пред мене, веќе бев сигурна дека тоа е тоа што во иднина сакам да го работам.

Какво е Вашето искуство околу програмата од академијата? Што изучувавте и на какви проекти работевте?

Моето лично искуство го оценувам повеќе од позитивно и реално ги надмина моите очекувања. Програмата е одлично концепирана со многу добар баланс помеѓу теорија и пракса. Покрај изучувањето на софтверите кои се скелетот на академијата, во добар дел се изучува теоријата на гејмингот кои според мене е духот на оваа академија. Преку предавањата сфатив дека се отвараат безброј можости за креација и развој. Многу често во академијата имавме интерни работилници кои беа одлична можност да го примениме нашето дотогашно знаење, но и да разговараме и размениме искуства со лица кои веќе имаат богато искуство во креирањето игри. Покрај овие интерни работилници имавме можност да учествуваме како тим и на државни па и на меѓународни гејм натпревари и работилници меѓу кои можам да ги посочам како поважни Game Jam и Global Game Jam.  Во склоп на академијата потребно беше да се завршат три проекти за три различни типа на игри по кои се врши оценување како за начинот на работа така и за целокупниот продукт. Овие проекти ќе ги претставиме на завршаната изложба на 20  септември во „Јавна Соба“.
Академијата за 3Д дизјан на видеоигри ја завршивте во јуни оваа година и веднаш потоа се вработивте во компанијата „Pickatale“. Дали е лесно да се пронајде работа со оваа професија кај нас? Со какви предизвици се соочувате на работното место?

Во Македонија постојат неколку компании кај кои главна или споредна дејност е гејмингот, исто така постојат компании кои не произведуваат игри, но имаат побарувања од профил со слични познавања. Со оглед на тоа дека засега е многу мал бројот на образовани и компетентни кадри за оваа професија, произлегува дека сме доста конкуретни и барани како на нашиот пазар така и надвор од Република Македонија 😊.

Моментално во Pickatale работам на позиција 3D Unity Developer и во тек е многу интересен проект за едукативни игри. Главен предизвик ми е кодирањето, секој ден учам нови методи, нови начини и нови пристапи за реализација на одредена цел. Unity е софтвер за кој нема граници. 😊


Што би им препорачале на сите оние кои сакаат, а можеби се двоумат да превземат ваков чекор?

Моја препорака до сите кои се пред самата крстосница на нивните кариери е да се фокусираат на тоа што навистина сакаат да го работат, да инвестираат во себе и да издржат сѐ додека не ја остварат зацртаната цел. Сепак мора да признаеме дека не секогаш е лесен патот до остварување на тоа што навистина го сакаме. Таков е и мојот пример – како мајка на три деца и со постојана работа во студио за внатрешно уредување решив да започнам нова кариера и тоа во професија која и не е толку прочуена кај нас. Во одреден период од студиите паралелно и работев, но бев решена да ја остварам мојата цел и да го работам тоа што навистина го сакам.

За самиот крај, дали сте гејмерка и која е Вашата омилена игра? J

Па, можам да кажам дека сум гејмерка 😊, отсекогаш слободното време ми било исполнето со игрици. Поради краткото слободно време повеќе сум ориентирана на минималистички игри кои се играат на таблет или телефон.  

Омилена игра ми е Kingdom Rush.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »