Промовирани огласи »

Сајтот „Вoндеру“ направи листа за туристите, со спoредба на трошоци врзани со хотели, такси, јавен превоз, храна, пијалоци, кафе и влезници во музеи. Ги рангираше главните градови во Европа, од најекономични до најскапи, користејќи специјална методологија, базирана на просечните навики за трошење на туристите кога посетуваат ново место .

Генерално, земјите во Источна Европа имаат најдобро цени за туристите. Има историски и научни атракции, и разновиден ноќен живот. На другата страна од скалата, се Северна и Западна Европа со висок трошок на живеење, но и можности за уникатни искуства.

Иако главниот град на Македонија, Скопје, е најевтин главен град во регионот и во Европа, сепак трошоците за храна, пијалок и за влезници во музеите се повисоки од трошоците во Анкара, Приштина и во Киев, пишува на „Вондеру“.

Меѓу информациите објавени на сајтот, има интересни податоци како на пример : кафето во Скопје е поскапо од кафето во Рим, едно пиво на Исланд чини колку шест во Скопје, една вечера во ресторан во Монако чини колку шест вечери во Скопје.

Иако Брисел не е баш најевтин, сепак е град во Западна Европа кој туристите може најмногу да си го дозволат, а најскап е Монте Карло.

Во Северна Европа, наjевтин град е Вилнус во Литванија, а најскап Рејкјавик во Исланд. Во Централна Европа најевтин град е Братислава, а Виена е најскап.

Киев е најскап град во Источна Европа, а Скопје најевтин. Во Јужна Европа, Никозија (Кипар) е најевтин град, а Валета (Малта) најскап.

Во Европа, Скопје има најевтини хотели, а по него се Подгорица, Приштина, Ереван и Минск, додека пак најскапите хотели се во Монте Карло, Рејкјавик, Даблин, Амстердам и Лондон.

Москва има најевтин такси превоз, а Лондон најскап. Кишинев во Молдавија е прв на листата со евтин јавен транспорт, а Вадуц во Лихтенштајн со најскап.

Пивото е најевтино во Баку, а најскапо во Рејкјавик, кафето е најевтино во Киев, а најскапо во Копенхаген.

Промовирани огласи »

Владата на Република Македонија на седница ја разгледа и усвои Информација за зголемување на коефициентите на сложеност на работите во јавните установи за деца-детски градинки во 2018 година.

Тоа значи дека на воспитувачките и на останатиот персонал во детските градинки низ Македонија ќе им бидат зголемени платите, овој пат за пет отсто. Ова е второ зголемување за една година, откако лани ова време им беше зголемена за „ситни“ два отсто.

Во моментов воспитувачките на државните детски градинки добиваат бруто-плата од околу 15.000 денари.

Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика, почнувајќи од месец септември 2018 година, да ги изврши подготовките за исплата на плата која ќе биде исплатена во месец октомври 2018 година, линеарно зголемена за 5% на коефициентите кои се во примена и да го реализира зголемувањето на платите за вработените во детските градинки согласно обезбедените средства во Буџетот за 2018 година, беше објавено по владината седница.

Со оваа мерка на Владата на Република Македонија ќе бидат опфатени повеќе од 4200 вработени во предшколското воспитување.

Промовирани огласи »

Врз основа на лично барање, може да се спроведе непосреден увид во податоците за стажот на осигурување и платите.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија има услуга, со која преку својата веб-страница обезбедува пристап на осигурениците до нивните регистрирани податоци во матичната евиденција.

Податоците се добивааат во форма на преглед на регистрирани податоци потпишан со дигитален сертификат на овластено лице, којшто досега се добиваше исклучиво  на шалтерите на Фондот.

Добиениот преглед ќе има карактер на јавна исправа и осигуренците ќе можат да го искористат пред другите надлежни институции каде што има потреба да се потврдува утврдениот стаж на осигурување.

Со оваа услуга се подига квалитетот на работењето на Фондот, во согласност со современите развојните трендови за електронски пристап до информации.

За кого се однесува услугата?

Оваа услуга е наменета за сите осигуреници кои имаат регистрирани податоци за стажот на осигурување, платите, надоместоците на плата, односно основиците на осигурување.

Како се обезбедува услугата?

За да се стане корисник на оваа услуга, потребно е корисничко име и лозинка, кое може да се добие со поднесување на БАРАЊЕ до филијалите, или деловниците на Фондот. Образецот на барањето може да се преземе и од веб-страницата на Фондот: www.piom.com.mk, односно линкот Е – услуги.

Пополнетото БАРАЊЕ се поднесува лично на шалтерите, со документ за лична идентификација на увид (лична карта, или патна исправа). Врз основа на поднесеното барање се добива корисничкото име и лозинка, со кои потоа осигуреникот може да ги следи своите податоци преку интернет, пишува Правдико.

Промовирани огласи »

Новата верзија на банкнотата од 100 и 200 евра се заштитени од фалсификување и се помали димензии, со што ќе биде полесно да се ставаат во паричникот и ташната.

Банкнтите имаат различни холограми на сребрената лента и „смарагден број“ што ја прикажува деноминацијата со мали симболи „евро“ во внатрешноста на броевите.

Големината на банкнотите е еднаква со онаа од 50 евра.

Банконотите ќе бидат пуштени во оптек на 28 мај следната година.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »