Промовирани огласи »

Жените во Европската Унија заработуваат 16,2 отсто помалку пари од мажите.

За својата работа тие се платени до 3 ноември, а потоа до крајот на годината работат бесплатно, објави денеска Европската комисија. 

Таканаречниот Ден на еднакви плати ден е прогласен за да се предупреди на фактот дека жените во ЕУ заработуваат помалку од мажите, дури и кога вршат иста работа на исто работно место.

Се бара европратениците и државите-членки да ја одобрат иницијативата која ја предложи извршниот орган на ЕУ со цел надминување на родовиот јаз во платите, на пример со подобрување на правата на вработените родители.

Податоците објавени денеска покажуваат големи разлики помеѓу мажите и жените на породилно отсуство.

36 проценти од мажите во ЕУ велат дека не сакаат да земат породилно отсуство, а истиот одговор го дале 19 отсто од жените.

Само четворица од десет лани зеле родителско отсуство или планирале тоа да го направат. 

Жените во 27-те земји-членки на ЕУ заработувале просечно 17,5 отсто помалку отколку мажите, и ова е податок објавен во март 2011 година. 

Промовирани огласи »

Ноќеска во 3:00 часот завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што со поместување на часовникот за еден час наназад времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, информира Бирото за метрологија.

Часот што поради поместување на стрелките за еден час наназад се појавува два пати помеѓу 2:00 и 3:00 часот се означува – првиот пат како час 2А, а вториот пат како час 2Б, соопшти Бирото за метрологија.

Одлуката за денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2018 година е објавена во Службен весник на Република Македонија број 52 од 22 март 2018 година.

Стрелките вечерва ќе се поместат и во земјите на Европа, каде што, пак, неодамна е усвоена одлуката да се укине промената на времето, според која, последното поместување на стрелките ќе се случи во октомври следната година. Според предлогот, секоја членка на ЕУ до април 2019 година треба да одлучи дали ќе остане во зимско или летно сметање на времето. Последно задолжително поместување на времето на летно сметање ќе биде на 31 март 2019 година, а членките што сакаат да се вратат на зимското сметање на времето би можело тоа да го направат уште еднаш на 27 октомври 2019 година.

Македонија го следи процесот и по усвојување на предлог-директивата претстои усогласување на националното законодавтво на РМ и определување на начинот на транспонирање на директивата.

Причина за поведување на иницијативата во европските земји за укинување на промената на времето беа негативните последици по човековото здравје, земјоделството и безбедноста во сообраќајот. А спроведената анкета покажа дека 84 проценти, или 4,6 милиони Европејци не сакаат да им се поместуваат стрелките на часовникот.

Промената на времето во Западна Европа е воведена во почетокот на 1970 година со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, го подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден се прави поефикасен.

Преминот од летно во зимско време првпат е забележан во 1916 година во земјите на Северна Европа, а досега е воведен во околу 70 држави, главно на северната хемисфера.

Во Македонија зимското и летното сметање на времето се воведени во 1996 година.

Промовирани огласи »

Во Скопје денеска ќе се одржи Првата македонска годишна конференција за е-трговија што ја организира Асоцијацијата за е-трговија на Македонија.

На конференцијата ќе се обрати претседателката на Асоцијацијата за е-трговија Нина Ангеловска, а од страна на организаторите најавено е и присуство на министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски.

Промовирани огласи »

Во 2019-та ќе имаме 7 продолжени викенди поради државни празници, односно 9 продолжени викенди заедно со верските празници кои ги празнуваат христијанските верници.

Првото патување може да го планирате за „Божиќ“.  Тогаш имаме продолжен викенд од три споени денови.

Вториот продолжен викенд е за „Велигден“ кога заедно со викендот имаме четири неработени денови .  Овој продолжен викенд  е последниот викенд во април.   Петок е неработен само за православните верници, а понеделник за сите граѓани на Македонија.

Денот на словенските просветители „Кирил и Методиј“ е 24 мај и тој се празнува пред викенд со што го добиваме третиот продолжен викенд.

„Разан Бајрам“ следната година се празнува на 4 јуни – вторник.

Следниот, петти продолжен викенд е за верскиот празник „Духови“ кои следната година година според верскиот календар се празнува на 14 јуни – петок.  Овој ден е неработен само за православните верници во Македонија.

Државниот празник „Илинден“ следната година се паѓа во петок. Тоа е шестиот продолжен викенд за 2019 година.

„Денот на независност на Македонија  - 8 септември“  следната година се паѓа во недела со што преместува за понеделник (9 септември) и тоа е седмиот продолжен викенд во годината.

„Денот не револуционерното востание“  се празнува на 11 октомври и истиот следната година се паѓа во петок со што граѓаните го добиваат осмиот продолжен викенд.

Деветиот продолжен викенд  е Денот на словенски писател и просветител, Климент Охридски. Овој државен празник се паѓа на 8 декември (недела) и истиот се преместува за понеделник. Со тоа се добива деветиот продолжен викенд.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »