Промовирани огласи »

Град Скопје ќе продолжи со реализација на проектот “Луна парк”, кој треба да се одвива во повеќа фази. Во предлог-планот за Програма за развој за периодот 2019-2021 година што денеска ќе се најде на усвојување пред советниците на Град Скопје, за реализација на “Луна парк”, но и ревитализација на езерото Треска за трите години се предлагаат 207 милиони денари (3,4 милиони евра), или поединечно по години – 83 милиони за 2019 и по 62 милиони денари за 2020 и 2021 година.

Парите што беа предвидени за изградба на “Луна парк” за оваа година градоначалникот Петре Шилегов ги пренамени.

Оваа сезона немаме “Луна парк” и јас размислувам за целосно нов концепт. Тоа би било партнерство на градот со заинтересиран понудувач доколку не успееме да дојдеме до таа позиција тогаш ќе го модифицираме постојниот проект на “Луна Паркот” и за наредната сезона скопјани да можат да имаат “Луна парк”. Преку еден милион евра градот има потрошено на партерно уредување на постојната локација, ако не успееме да го направиме на партнерски однос тогаш поради почитта кон парите на граѓаните ќе мора да имплементираме нешто на постојната локација, изјави тогаш градоначалникот Шилегов.

Според овој предлог план кој доколку помине на седницата на Совет на Град Скопје станува составен дел Буџетот на Град Скопје за 2019 година кој тежи 5.457.559.000 денари или 88,7 милиони евра, се предвидени капитални трошоци од 226 милиони денари за наредната година, 40 милиони за 2020 и 20 милиони денари за 2021 година, а се однесуваат за подобрување н аусловите за работење на градската администрација и нејзиното поефикасно работење. За таа цел ќе се купи компјутерски софтвер, информатичка и видео опрема (комјутери, сервери, ГПС-уреди и сл.), опрема за видео надзор, комуникациска опрема и слично.

Промовирани огласи »

Еден од најпознатите светски магазани за патување, Kiwi.com објави статија во која дава препорака за осум невообичаени градови кои треба да се посетат во 2019 година. На листата помеѓу препораките се најде и Скопје - главниот град на Република Македонија.

Во својата објава Kiwi вели дека првиот впечаток за Скопје е дека тој не е лош, но е чуден град. Понатаму потенцира дека централната област на градот прептрела одредени промени во рамки на проектот „Скопје 2014“.

Во Скопје се чувствуваш како во филмски сет. Нештата кои се стари се чудно сјајни и се распрскуваат непропрорционално. Многу од архитектите сметаат дека тие не се вклопуваат во градот, вели магазинот во својата објава.

Понатаму додаваат дека градот има свои корени уште во Римската империја, бил главен град на многу империи и претпрел подеми и падови на голем дел од нив. Раскажуваат за византиската и отоманската империја чии остатоци сеуште се гледаат во главниот град.

Навистина е еден од најневообичаените градови во Европа, заклучуваат тие и даваат препорака да се види и посети овој град.

На листата освен Скопје се најдоа и: Матера во Италија, Таипеи во Тајван, Тел Авив во Израел, Филаделфија во САД, Џортаун во Гујана, Нови Сад во Србија и Потоси во Боловија.

Промовирани огласи »

Проблемот со загадениот воздух во главниот град е се поголем од ден на ден. Граѓаните револтирани, очекуваат надлежните дека ќе имаат милост за нив, но освен мерки за заштита, мерки за решавање на истиот речиси и да не постојат.

Водејќи се од ова, овој проблем поттикна група од шест студенти од Машинскиот факултет да направат еко-велосипед.

Нов изум на млади и талентирани студенти.

Станува збор за велосипед на батерии кој има вградено проактивни филтри. Тие ги заробуваат штетните честички со самото ротирање на тркалата.

„Целиот систем за прочистување на воздухот ќе биде составен од филтер материјал кој што ќе биде вграден во држачите, тоа се портокаловите делови. Со самата ротација на тркалото ќе се прима воздухот и ќе се задржуваат некои честички, ќе се отпушта воздухот така што на тој начин ќе се прочистува воздухот,“ изјави за Канал5 Ина Крстевска, еден од студентите, кој учестуваваше во создавањето на овој велосипед.

Инаку овој велосипед ќе биде поставен на неколку станици ширум градот, онаму каде што има најголема подвижност на луѓе. Истиот ќе може да се изнајмува, а цената ќе зависи од тоа колку километри ќе се поминат со него.

Овој изум на продажба ќе биде пуштен во март наредната година.

Целта на студентите е со помош на велосипедот да се прочистува воздухот, а воедно и да бидат инспирација за конечно да почне да се превземаат некои активности против загадувањето, а и да се зголеми свеста кај луѓето, да не користат толку многу автомобили.

Промовирани огласи »

По направената анализа на сите земји кои гравитираат на и околу Балканот, може да се констатира дека само Црна Гора има помала законски одобрена минимална нето-плата од Македонија.

Македонија на крајот од 2018-та има 196 евра „минималец“, што е повеќе само од најнискиот законски дозволен работен доход од Црна Гора. Таму минималната плата во моментов изнесува 193 евра, односно замо три евра помалку од македонската, иако просечните плати на Црногорците се многу повисоки од нашите и изнесуваат 510 евра.

Во БИХ, чии два кантона се мошне зависни од финансиската и политичка поддршка од меѓинародните фактори, имаа евидентирано 208 евра минимална плата.

Повисока минимална плата има и Србија, каде што во моментов таа изнесува 213, што е за 17 евра повеќе од македонската, нешто сличен сооднос и кај просечните работни примања.

Косово во моментов ги дели најниските просечни плати, но Социјалниот совет го прифати предлогот од следната година минималната да биде 250 евра.

Во Бугарија минималните-плати растат прогресивно од година в година и однапред се законски проектирани, па така од 1 јјануари 2019-та таа ќе изнесува 292 евра.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ објави дека минималецот во 2019-та се зголемува за 9 отсто и ќе изнесува 404 евра, односно ќе расте втора година по ред.

И Словенија е една од земјите каде што минималната плата е проектирана однапред и расте прогресивно, па така во 2019 ќе биде 667 евра во 2019-та.

Во Романија во 2019-та минималната плата ќе биде 447 евра, но во бруто-пресметка. Сепак расте три години по ред  Во2018-та е 408, а во 2017-та беше 312  евра.

Во Турција денес минималната плата е 263 евра и покрај падот на турската лира. Минималецот таму постојано се зголемува, но падот на лирата веднаш го следи.

Минималната плата во Грција е многу помала од пред деновите на големата финансиска криза, но изнесува 586 евра, но според Евростат таа е 684 затоа што Грците добиваат 14 плати годишно.

Во Кипар минималната плата важи само за девет професии и границата е до 870 евра.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »