Промовирани огласи »

Не претерувајте со фалењето на себеси, бидете тимски играч. Не возвраќајте со иста мера, а помошта од шефот побарајте ја кога однесувањето на љубоморниот колега ја преминува секоја граница.

Дури 77 проценти од луѓето доживеале некој вид на љубоморен испад на работното место, покажа неодамнешното истражување. Иако жените се прилично повеќе љубоморни на атрактивните колешки, мажите не се замараат со машките колеги. Меѓутоа, и двата пола, како што покажува истражувањето, подеднакво им завидуваат на успешните колеги на работа.

Љубомората е страв дека ќе загубиме некого или нешто, во овој случај станува збор за загрозеност на работното место, а предизвикана е пред се од несигурноста. Таквите колеги лесно се препознаваат, бидејќи тие постојано чекаат прилика да ја направите дури и најмалата грешка за да можат да ве понижат. Затоа потрудете се да изградите однос со другите колеги и бидете тимски играч, на кој секогаш ќе можат да се потпрат.

Љубоморниот колега може да ве озборува зад грбот, но ќе го надвладее вашата колегијалност со другите колеги, велат експертите. Исто така, игнорирајте ги таквите колеги бидејќи љубоморните луѓе се арогантни и кога ќе почувствуваат дека другиот е послаб, целата ситуација си ја превртуваат во своја корист. Не враќајте со иста мерка, дури и кога ви е многу тешко. Наместо тоа, согледајте ја ситуацијата од нивна страна, ставете се во нивна кожа и обидете се да им помогнете.

Доколку таквото однесување ја премине секоја граница, поразговарајте со надредените или побарајте совет од нив, со тоа ќе ја истакнете професионалноста.

Сепак, внимавајте и вие, претераното фалење на самиот себеси може да предизвика завист кај другите. „Кога некој добро ќе ја обави работата, пофалете го, бидејќи сите сте заслужни за успехот на компанијата“.

Промовирани огласи »

Од земја до земја валутите се разликуваат колку и културите и јазиците. Но, сте се прашале ли некогаш како ги добиле имињата и зошто денарот се вика токму денар?

Едно етимолошко истражување неодамна спроведено на Оксфорд го објаснува потеклото на најзастапените светски валути.

1. Динар / денар

Многу национални валути го носат името динар – српската, кувајтската, јорданската, алжирската… Зборот динар доаќа директно од латинскиот „denarius“, кој означува сребрени парички што се користеле во Римското Царство.

2. Долар

Доларот е најзастпената валута во светот. Се корсти во САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд, Сингапур и во други земји.

Според Оксфорд, името доаѓа од фламанскиот збор „joachimsthal“, кој се однесува на долината на Јоаким богата со сребрена руда. Паричките што се ковале од руда од оваа долина се викале „joachimsthaler“ или скратено „thaler“. Со текот на времето, како што се развивал јазикот „taler“ станал „долар“.

3. Пезос

„Peso“ на шпански значи тежина.

4. Лира

Називот на поранешната италијанска и сегашна турска валута потекнува од латинскиот збор „libra“, кој означува фунта, единица за маса.

5. Марка

Пред еврото Германија и Финска користеа марка, чиешто име, исто така, влее потекло од мерна единица.

6. Кинескиот јуан, јапонскиот јен и корејскиот вон

Сите три валути потекнуваат од кинескиот симбил „圓“, кој означува округла паричка.

7. Круна

Скандинавските земји користат валута, која се нарекува круна. Името го добила од латинската „korona“ што означува круна.

8. Рубља

Руската рубља го добила името од глаголот „рубить“ што значи „отсече, пресече“, зашто се сметала за стотинка од гривна.

9. Рупи

Индиската и пакистанска валута го добила името по зборот рупија, кој на санскрт значи сребро.

10. Ријал

Латинскиот збор „regalis“ значи „кралски“ и од него потекнува името ријал. Денеска можете да пазарите со ријали во Оман, Иран, Катар, Саудиска Арабија и Јемен, а некогаш и во Шпанија.

11. Фунта

И британската фунта ги влече корените од латинскиот, од зборот „poundus“, што значи тежина.

12. Форинта

Унгарците плаќаат со форинта, чијшто назив која потекнува од италијанскиот збор „florino“ или златна паричка од Фиренца.

Промовирани огласи »

Дерек Хеј, основач на ЛА Дајрект Moделс, агенција којашто застапува голем дел од попознатите порно глумци и глумици за „Индепендент“ открива зошто тие влегуваат во порно-индустријата, колку заработуваат и од што тоа зависи…

Имено, тој вели дека хонорарот зависи од тоа што се се подготвени глумците да направат пред камера. Стандардна сцена, која вклучува еден маж и една жена, чини околу 1000 долари. Доколку пак, сценариото вклучува само две дами, цената е малку пониска – 700 или 800 долари. Тарифите варираат и до 20 отсто, ако се работи за некој од попознатите актери и агентите успеат да им ја покачат цената.

За оние понеобичните сцени, сумата е значително повисока.

Ако една девојка се согласи да биде снимена со неколку партнери или во некаков „не така традиционален“ акт, ќе добие и повеќе пари. Тука тарифите се движат меѓу 2.000 и 6.000 долари за една сцена. Многу ретко се случува некој да плати повеќе од 6000, вели Хеј.

Според него, заработката зависи и од надворешниот изглед на глумците, како и од агенциите кои ги застапуваат.

Ѕвездите од порно филмовите не се дотолку богати, колку што луѓето си мислат. Дури и најпознатите ѕвезди не заработуваат повеќе од половина милион долари за една година, додава агентот.

Промовирани огласи »

Кри­сти Реј­чел Маг­но – Трај­ко­ски од гра­дот Ке­зон, Фи­ли­пи­ни де­нес жи­вее во Ма­ке­дон­ски Брод. Таа со Ма­ке­до­ни­ја се за­поз­на­ва пре­ку сво­јот со­пруг Бо­јан, со ко­го за­ед­но ра­бо­те­ла на брод. Та­му, ка­ко што рас­ка­жу­ва таа за „Ре­пуб­ли­ка“, се ра­ѓа љу­бов ме­ѓу нив двај­ца, па по одре­ден пер­и­од нив­на­та вр­ска е кру­ни­са­на со брак. Таа де­не­ска е ма­ке­дон­ска снаа, мај­ка, же­на ис­пол­не­та со хар­мо­ни­чен жи­вот. Од­лич­но збо­ру­ва и пи­шу­ва ма­ке­дон­ски ја­зик и ве­ли де­ка иа­ко не ѝ би­ло лес­но да се на­у­чи, жел­ба­та да знае да го збо­ру­ва би­ла го­ле­ма. Кри­сти рас­ка­жу­ва и за тоа де­ка лес­но се прис­по­со­би­ла на жи­во­тот ов­де. Таа и неј­зи­но­то се­мејс­тво два­па­ти сла­ват Бо­жик и Ве­лиг­ден, би­деј­ќи до­би­ва го­ле­ма по­чит од фа­ми­ли­ја­та во Ма­ке­до­ни­ја за вред­но­сти­те што ги но­си од сво­ја­та зем­ја. Ја са­ка ма­ке­дон­ска­та куј­на, при­го­тву­ва мно­гу ма­ке­дон­ски спе­ци­ја­ли­те­ти. На се­кој стра­нец што би до­шол ов­де би му пре­по­ра­ча­ла да го по­се­ти Охрид, но и Ма­ке­дон­ски Брод, би­деј­ќи е ми­рен град со чист воз­дух и со до­бри лу­ѓе.

Ко­га прв пат дој­до­вте во Ма­ке­до­ни­ја?

Јас и мо­јот со­пруг се за­поз­нав­ме ко­га ра­бо­тев­ме на брод и по не­кое вре­ме поч­нав­ме вр­ска, ко­ја за­вр­ши со брак. Во 2011 го­ди­на ре­шив­ме да на­пра­ви­ме свад­ба и јас то­гаш дој­дов во Ма­ке­до­ни­ја, та­ка за прв­пат ја за­поз­нав зем­ја­та.

До­а­ѓа­те од зем­ја со раз­лич­на кул­ту­ра и тра­ди­ци­ја од Ма­ке­до­ни­ја. Ка­ко ус­пе­а­вте да се прис­по­со­би­те на жи­во­тот ов­де?

И ако до­а­ѓа­ме од раз­лич­ни др­жа­ви, си­те ние сме лу­ѓе и се прис­по­со­бу­ва­ме на жи­во­тот и на тра­ди­ци­и­те ка­де што жи­ве­е­ме. Јас не­мав проб­лем за­тоа што фа­ми­ли­ја­та на мо­јот со­пруг ги при­фа­ти си­те мои оби­чаи, а јас нив­ни­те. Ние сла­ви­ме два­па­ти Бо­жик и Ве­лиг­ден. Исто та­ка, ми бе­ше ин­те­рес­но де­ка бе­бе­то не тре­ба да се из­не­се над­вор 40 де­на и не тре­ба и да до­а­ѓа­ат го­сти во тој пер­и­од во на­ши­от дом. До­де­ка кај нас во Фи­ли­пи­ни важ­но е са­мо бе­бе­то да е кр­сте­но и не­ма проб­лем за ни­што.

Вие збо­ру­ва­те со­лид­но ма­ке­дон­ски ја­зик, бе­ше ли лес­но да се на­у­чи?

Ко­га дој­дов во Ма­ке­до­ни­ја не бе­ше тол­ку лес­но да се на­у­чи ја­зи­кот, но јас имав го­ле­ма жел­ба да на­у­чам и поч­нав да ра­бо­там во еден ре­сто­ран во Скоп­је и мо­рав на го­сти­те да им се обра­ќам на ма­ке­дон­ски. Во по­че­то­кот бе­ше те­шко, ама јас мо­жев да им об­јас­нам на лу­ѓе­то што са­кам да ка­жам, а тие да ме раз­бе­рат. Јас мис­лам за да се на­у­чи ја­зик не се по­треб­ни са­мо кни­ги ту­ку и да се збо­ру­ва, а за тоа нај­го­ле­ма зас­лу­га има мо­ја­та све­кр­ва, ко­ја ме раз­би­ра­ше што са­кав да ка­жам, та­ка на­у­чив и се­га ве­ќе збо­ру­вам со­лид­но ма­ке­дон­ски. Мно­гу збо­ро­ви во ма­ке­дон­ски­от ја­зик се слич­ни, но има­ат раз­лич­но зна­че­ње. На при­мер, ко­га го пра­шав мо­јот све­кор: „Да­ли сте глад­ни та­то?“ тој ме пра­ша што има за ја­де­ње Кри­сти, а јас: „Има жел­ка та­то“, а тре­ба­ше да ка­жам зел­ка. Имам уште мно­гу та­кви при­ме­ри со смеш­ни си­ту­а­ции. Ко­га дој­дов во Ма­ке­до­ни­ја нај­го­ле­ма под­др­шка имав од фа­ми­ли­ја­та на мо­јот со­пруг. Не­го­ва­та се­стра збо­ру­ва пер­фект­но анг­ли­ски ја­зик и таа најм­но­гу ми по­мог­на во по­че­то­кот – по­себ­но за на­ша­та свад­ба. Јас не ги зна­ев ва­ши­те пес­ни и што се збо­ру­ва во нив. Таа бе­ше таа што ми об­јас­ни да знам за што ста­ну­ва збор. Та­ка свад­ба­та ми по­ми­на со чув­ство ка­ко јас да бев дол­го вре­ме во Ма­ке­до­ни­ја, а не са­мо две не­де­ли.

Целиот текст е објавен во Република

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »