Промовирани огласи »

Правилникот од Министерството за финансии за доставување на податоци од банките до Управата за јавни приходи за парите, вклучувајќи ги и девизите, кои поединците ги добиваат од земјата и од странство стапи на сила. Со тоа УЈП преку обрасците што ќе ги добива директно од банките ќе ги следи сметките на сите физички лица што добиваат пари на своите сметки од страна на други индивидуалци од правни лица од земјата, како и од странство.

Во образецот влегуваат податоци за налогодавачот, примачот, банката, број на трансакцијата, сумата, датум на приливот, основот, шифра на валута и на земјата, односно се што содржи една уплатница.  Банката до 15-иот ден од тековниот месец треба да ги пријави сите трансакции за претходниот месец преку постоечкиот канал за размена на податоци со Управата за јавни приходи. Податоците кои се однесуваат за 2018 година, како што е предвидено со законските измени, треба да се достават до УЈП до 28 февруари.

УЈП за прв пат автоматски ќе ги добива податоците за сите приливи на сметките на граѓаните.по ланските законски измени по скратена постапка во Собранието. Пристапот до средствата на сметките на граѓаните, како што објавија од УЈП, им е потребен за подготовка на годишната даночна пријава, која во 2019 ќе ја изработува Управата за сите граѓани, а тие ќе треба да ја потврдат или коригираат.

Од Министерството за финансии наведоа дека личните податоци на граѓаните ќе бидат максимално заштитени и дека актите се усогасени со Дирекцијата за заштита на личните податоци. Со измените нема да се даночат дознаките, односно парите кои роднини и пријатели ги праќаат на своите најблиски, иако УЈП и нив ќе ги гледа. Но, граѓаните кои имале приходи од странство од авторски договори, хонорари за кои и до сега требало да платат данок, не ќе можат да го избегнат, бидејќи парите на сметка ќе ги гледа и УЈП.

Промовирани огласи »

Комплекс од луксузни хотели, базени, СПА - Гранд Хотел Велинград веќе 12 години е меѓу лидерите во СПА туризмот во Бугарија. Вработуваат ГОТВАЧИ. Повеќе информации: https://kariera.mk/job/r30EsUuCH0ypol7933Wd3A/gotvachi

Њу Ејџ со отворен оглас за работа Live Booking! Почетна плата од 20.000 денари, работно време од 7 часа дневно од Понеделник до Петок: https://kariera.mk/job/oHzVHI7E4UyCwoWG3NKUMQ/oglas-za-rabota-live-booking;

Белгискиот реномиран производител на автобуси, Ван Хоол, има потреба од вработување на МЕДИЦИНСКО ЛИЦЕ: https://kariera.mk/job/RUd0FIL96EmcM3quCNSo9Q/medicinsko-lice;

Вработи се како АГЕНТ/КА ЗА ПРОДАЖБА во Гевгелија и Кавадарци. Почетна плата 18.000 денари: https://kariera.mk/job/ZVoTo2L7nUSJtMR18kZMRA/agent-ka-za-prodazhba;

Базаро за своите продажни салони на повеќе локации бара ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ: https://kariera.mk/job/ilXIx6X0R0CgjgriBEnNHQ/prodazhen-personal;

Хрватската фармацевтска компанија Belupo е во потрага по ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА МАКЕДОНИЈА: https://kariera.mk/job/sK8el4SES0mpXkF66AwNfw/generalen-direktor-za-makedonija;

Ресторан во центарот на Скопје, Per Te Street Restaurant, поради зголемен обем на работа, вработува ПОМОШНИК ВО КУЈНА: https://kariera.mk/job/Gl4o7PVTQ0q3CFPUKcK5bw/pomoshnik-vo-kujna;

Грчка мултинационална групација, Mellon Group, за својата канцеларија во Скопје бара ТЕЛЕФОНСКИ ОПЕРАТОРИ: https://kariera.mk/job/q0VyTciDSUqDYSn1G8iShw/telefonski-operatori;

Повеќе огласи за различни профили на кандидати и различни работни позиции, можете да најдете на KARIERA.mk!

Промовирани огласи »

Почитувани,
Ве известуваме дека на ден 08.02.2019г.поради дефект на затварач Ф80м.м. на
улица Самоилова 102 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улица
Самоилова и Банатска. Без вода ке бидат и Амбасадата на Република Косово и
Република Турција од 09:45часот до завршување на приклучокот.

Промовирани огласи »

Работодавачите постојано се жалат дека недостигаат квалификувани работници.

Во Агенцијата за вработување има повеќе невработени отколку што се нудат работни места, но ако се погледнат огласите за работа, може да се забележи дека често се нуди минимална плата за доктори или за инженери.

Недостигаат квалификувани работници во Македонија или недостигаат квалификувани работници за мали пари? Работодавачите постојано се жалат дека не можат да најдат квалификувани работници. Работниците, пак, велат дека не им се исплати да кинат чевли за 12 илјади денари.

Според Агенцијата за вработување, во Македонија има над 185 илјади невработени, од кои над 95 илјади луѓе активно бараат работа. Од друга страна, има над 9.800 активни огласи за вработување.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »