Промовирани огласи »

Вчера успешно заврши една целодневна обука, настан со кој KARIERA.mk практично ја започна серијата на ексклузивни обуки за менаџери за човечки ресурси во македонските компании.

Над 20 директори за човечки ресурси од различни IT компании, Телекомуникации, Фармацевтската индустрија, Агенциите за вработување како и други менаџери, вчера успешно ја завршија специјалната обука предводена од ФЕЈСБУК специјалистот со долго годишно искуство во областа на регрутирањето и изнаоѓањето на таленти, г-ѓа Мауд Дуранд.

Мауд Дуранд, од 2009-та година, има работено за добро познатата мрежа LinkedIn, во која имаше можност да помага во создавањето и спроведувањето на новиот модел за регрутирање наречено “Scalable sourcing model”.

Сега, таа доаѓа од FACEBOOK, каде што работи како еден од најстратешките менаџери во HR светот и го управува процесот на регрутирање на топ-таленти на глобално ниво. Ова е посебна можност за сите тие што сакаат да ги подобрат техниките за регрутирање на млади таленти како и лично усовршување на оваа област.

Мауд Дуранд, како светски познат експерт, истотака е позната и како успешен „ловец„ на млади таленти од областа на IT.

Овој настан беше организиран од страна на KARIERA.MK со поддршка на глобалната Агенција The PWorld.

KARIERA.mk е најразвиената мрежа во Македонија која ги поврзува компаниите и кандидатите за вработување. Во моментов, оваа услуга ја користат повеќе од 2.250 компании во Македонија и се регистрирани над 70.000 лица кои бараат работа. Во изминатите 2 години KARIERA.mk им помогна на компаниите со над 12.000 огласи за работа.

Директорот на KARIERA.mk, г-дин Норик Селими вели дека “Со оваа обука ние отвараме ново поле во нашата компанија и во наредниот период ќе донесеме менаџери за човечки ресурси од многу светски компании и експерти од областа. Целта на овие обуки е да се донесе иновација во нашиот пазар и да им ги овозможиме на домашните компании најсовремените искуства во светот на човечките ресурси„

Промовирани огласи »

Македонија има потреба од реформирање на својот пензиски систем за да може да ги издржи фискалните притисоци, како и да ја подобри својата правичност, порачува Светска банка во извештај фокусиран на пензиските реформи.

Примената на еден силен пакет политички мерки би можел фискално да го стабилизира и да ја подобри правичноста на пензискиот систем во земјата. На пример зголемување на возраста на пензионирање би го пролонгирало останувањето на работа на работниците, би ги зголемило новите стапки на замена и би ги намалило пензиските расходи и дефицити до два отсто од БДП на годишно ниво до почетоците на 2030 година, наведуваат во извештајот.

Според Светска банка, усогласувањето само на доспевањата во системот на генерациска солидарност за сите години на стаж со доспевањата на пензии за учесниците во вториот столб, исто така, нагло би го подобрило финансирањето на пензииите. Во извештајот, исто така, се наведува дека отстранувањето на ограничувачката максимална граница за доспевање за доброволните учесници во вториот столб веднаш ќе ги зголеми нивните нови стапки на замена блиску до нивото карактеристично само за системот на генерациска солидарност и ќе ја елиминира актуелната неправичност на системот со повеќе столбови.

Сепак од Светска банка сметаат дека зголемувањето на максималната граница на доспевање за доброволните и задолжителните учесници во вториот столб, воведувањето на социјална пензија и враќањето на членовите кои се постари од 50 години од вториот столб во системот на генерациска солидарност ќе доведе до дополнителни трошоци, како и на краток така и на долг рок.

Во извештајот се наведува дека согласно меѓународните стандарди пензиското трошење на Македонија е на високо ниво на повеќе од 10 отсто од БДП и е нешто што дополнително ќе се зголемува во наредните две децении ако не се направат реформи. Според Светска банка високите пензиски расходи на Македонија во најголем дел произлегуваат од дополнителните ад-хок индексирања и карактеристики на актуелниот систем на придонеси и пензии. Проекциите, како што стои, откриваат дека без реформа, пензискиот систем на земјата и понатаму ќе создава значителен дефицит што е веќе на ниво од четири проценти од БДП.

Од Светска банка сметаат дека во изминатава деценија е дојдено до влошување на финансирањето на пензискиот систем.

Наместо да се спроведуваат дополнителни реформи во област што се клучни за пензискиот систем, како што се промена на ефективните стапки на доспевање, возраст на пензионирање и индексирањето на пензиите, властите се впуштија во ад-хок дополнително зголемување на пензиите, намалување на стапките на придонеси и воведоа укинување на придонесите со цел промовирање на вработување. Ваквите политики доведоа до зголемување на расходите за пензии и до растечки дефицит, стои во извештајот.

Сметааат дека во намалувањето на пензискиот дефицит а истовремено задржување на куповната моќ на пензиите би помогнало применувањето на индексирање на пензиите од половина во однос на платите половина во однос на цените на потрошувачката, во индексирање само врз основа на растот на цените.

Промовирани огласи »

На вчерашниот состанок на Комисијата за заразни болести при Министерство за здравство донесени се нови дополнителни мерки за заштита на населението од епидемијата на морбили.

Сите родители кои имаат деца со наполнети 6 месеци, а живеат на територијата на градот Скопје, од утре треба да се јават во најблискиот вакцинален пункт за да ги вакцинираат своите деца со МРП-вакцината. Родителите, пак, кои имаат деца на училишна возраст, а не се ревакцинирани или воопшто не примиле МРП- вакцина, да ги вакцинираат децата, и ова се однесува за сите деца кои живеат во Македонија. Комисијата му предложи на Министерството да се почне со теренска вакцинација.

Родителите кои ќе се посомневаат дека нивните деца се заразиле со морбили или имаат висока температура или, паК, веќе имаат осип на кожата прво да се јават на преглед во пунктови во здравствените домови и по проценка на лекар од пунктовите, само со упат да се насочуваат кон Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, се вели во препораките.

За да се намали притисокот од пациенти на Клиниката за детски болести и Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби, граѓаните се упатуваат во трите пунктови во поликлиниките „Јане Сандански“, „Бит-пазар“ и „Ѓорче Петров“. Во овие пунктови има дежурни лекари кои работат секој работен ден од 19:30 часот до 7:30 наутро, а за викендите се на располагање 24 часа во текот на денот.

Во работните денови, родителите треба децата прво да ги однесат на матичен лекар. На овие три места ќе се вршат комплетни прегледи со лабораторија на децата чии родители ќе се посомневаат дека можеби се заболени од морбили (мали сипаници). Доколку лекарите утврдат дека е потребно, пациентите ќе ги упатуваат на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. ,,Апелираме до сите родители кои ќе забележат или ќе се посомневаат на првите знаци на болеста, висока температура, децата прво да ги однесат на овие три пунктови”, се вели во соопштението.

На средбата е констатирано дека вакцините кои се аплицираат во сите здравствени домови се со проверен квалитет, од европски производител и имаат добар рок на траење. Комисијата укажа дека само со колективен имунитет, или 95 отсто вакцинирано население со МРП-вакцината, ќе може да ја спречиме епидемијата и смртноста кај населението, кај најранливата категорија, децата кои воопшто не примиле вакцина поради возраста или поради некои други хронични заболувања. Сите преТходни мерки кои ги донесе Комисијата сѐ уште се на сила.

Тоа значи дека децата кои не се вакцинирани со МРП нема да се примаат во градинките, се апелира за интензивна и неодложна вакцинација на децата кои се во добро здравје за да се подигне колективниот имунитет. Да се вакцинираат сите здравствени работници кои имаат непосреден контакт со пациенти заболени од морбили. Најстрого се забранува и посета на болни во сите здравствени установи.

„Потсетуваме, морбилите се високо заразно заболување кое лесно се пренесува по капков пат. Едно лице со морбили (мали сипаници) може да зарази 9 од 10 лица околу него кои не се вакцинирани. Досега се вакцинирани 6.276 деца само во Скопје, а пред прогласувањето на епидемијата во населбата Радишани, на 19 декември годинава, беа регистрирани околу 15 илјади невакцинирани деца со МРП-вакцина. Родителите треба многу сериозно да ги сфатат насоките и од Комисијата за заразни болести и да ги почитуваат препораките на Министерството за здравство.

Потсетуваме дека покрај вакцинацијата, не постои друг лек во светски рамки кој е познат на медицината базирана на докази. Со апстиненција од вакцинација, родителите го доведуваат своето дете во огромен ризик. МРП-вакцината е со одличен квалитет, од европски производител, има добар рок на траење и поседува два сертификати за квалитет. Апел до родителите да ги вакцинираат децата, само така ќе ја спречиме епидемијата и ќе заштитиме некое друго дете од зараза и смрт поради компликации од морбилите”, се додава во соопштението.

Промовирани огласи »

Според „Голд брокер“, Македонија во моментов го дели шестото место со Ангола во светот според стапката на невработеност.

Недостижен на врвот е Конго со 46 отсто, втора е Босна и Херцеговина со 35 отсто, а трето Косово со 30 отсто.

Пред Македонија се само уште Јужна Африка со 27 отсто и Нигерија со 23 отсто.

Веднаш зад Македонија следуваат Грција и Јордан со по 18,6 проценти, Боцвана со 18,1 отсто, Либија со 17,7 отсто, Етиопија со 16,8 отсто, Оман и Руанда со по 16 отсто, Тунис со 15,5 отсто.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »