Промовирани огласи »

Оваа новина од ЈСП Скопје ја најавуваат уште многу одамна, но се уште нема траги од нејзината реализација. 

Од ЈСП неодамна изјавија дека во најскоро време се очекува да се воведена овој билет наменет за туристи и граѓани кои многу ретко го користат јавниот превоз. 

Цената на билетото се уште не се знае, но според шпеклации се зборува дека ќе чини околу 60 денари. 

Граѓаните и сега имаат можност да платат само едно возење преку своите мобилни телефони со доближување на телефонот до апаратот за валидирање во автобусите. На овој начин од сметката се одземаат 40 денари.

Цената за месечен билет за градски линии изнесува 1400 денари, додека за сите линии 1600 денари.

Промовирани огласи »

Град Скопје на старата локација ќе изгради нов тематски забавен парк, што ќе биде регионална атракција, имајќи предвид дека ваков парк не постои во радиус од 250 километри.

Вчера во градот беа презентирани содржините на тематскиот парк од  градоначалникот Шилегов и од проектантот и архитект, Франко Бараѕони, претставник на италијанската компанија на Баусаа, коишто ги изработија и се донатори на студијата и планот за изградба.

Новиот забавен парк опфаќа најсовремени реквизити кои гарантираат дека истиот ќе биде пожелно место за забава на семејствата и на сите посетители без оглед на нивната возраст.

Заради тоа, проектирано е во паркот да има три зони, детска, фамилијарна  и адреналинска зона, во коишто ќе се постават 24 различни реквизити и содржини.

Самиот парк ќе се протега на истата површина како и досега и нема да се уништува постојното зеленило во Градски парк,  а во паркот нема да биде исечено  ниту едно дрво за негова изградба. Сите реквизити во паркот ќе се поставуваат, односно лоцираат, според постојните дрвја на парцелата.

Забавниот парк ќе се простира на околу 26.000 квадратни метри, и ќе обезбеди нови најмалку 100 директни вработувања, а над 500 индиректни нови вработувања.

Промовирани огласи »

Сите моментално отворени работни места можете да ги најдете на нашата насловна страница: https://kariera.mk/

Промовирани огласи »

Во текот на последните две децении, Џејми Оливер бил еден од најпознатите телевизиски готвачи на светот, а до таа титула дошол благодарение на својата емисија "Гол Готвач".

Меѓутоа, минатите неколку години Џејми се наоѓа во сериозни финансиски проблеми, што кулминирало со затворање на дури 22 негови ресторани ширум Велика Британија. 

Компанијата "Jamie Oliver restaurant Group" во вторникот поднела барање за стечај, а повеќе од 1.000 луѓе останале без работното место. Меѓународната франшиза Џејми Оливер, односно 61 негов ресторан ширум светот, ќе продолжи со работа.

Во живот се одржале и три ресторани на лондонскиот аеродром Гетвик, но не е познато уште колку долго. Ако дојде и до нивно затворање, без работа ќе останат уште 300 луѓе.

Џејми Оливер моментално е во минус од 71,5 милиони фунти. Проблемите на славниот готвач и не се толкава новост, со оглед на тоа дека бројот на неговите ресторани внатре во ланецот, во последните две години, се намалил за дури 17.

Оливер за тоа го обвинил растот на цената за закуп и работа, како и "гостите кои крадат работи од тоалетите, и персоналот кој краде намирници и вина".

Растот на цената на закупот на простор и натаму се наведува како една од причините за пропаста на ова 11 години старо кулинарско царство, но е и како единствена.

Компанијата уште пред две години била потресена од референдумот за Брегзит и тогашниот пад на фунтата, поради што поскапел увозот на намирници, а компанијата на Оливер речиси банкротирала. Како причина се споменуваат и големиот број на ресторани во Британија.

Сето тоа, во комбинација со, како што велат гастрокритичарите, прескапите јадење на Оливер, не можело да излезе на добро.

Некои експерти, како причина за падот на посетеноста на рестораните ја наведуваат и нефлексибилноста во работењето, со оглед на тоа дека Џејми упорно се спротивставувал на трендот за достава на храна.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »