Промовирани огласи »

Заинтересирани граѓани за остварување на правото на социјална пензија во висина од околу 6.000 денари веќе се обраќаат до центрите за социјални работи низ државата со цел да се информираат какви документи им се потребни за да можат да го остварат ова право. Надлежните во центрите велат дека интересот е голем, и оти во текот на овој месец се очекува граѓаните да ја комплетираат потртебната документација и да достават барања. Тогаш, велат тие, ќе треба да се знае бројката граѓани кои ќе можат да го остварат ова право, иако првично беше предвидено дека тоа би можеле да го остварат над 6.000.

Во текот на изминатиот период има голем интерес од граѓаните за остварување на ова право. Тие доаѓаат во центрите за социјални работи да се информираат кои документи им се потребни за да може да го остварат ова право. Во текот на овој месец тие треба да ги комплетираат документите и да ги достават до центрите. Дури кон крајот на овој месец би можеле да имаме информации колку од граѓаните би можеле да го остварат ова право, вели Наташа Станојевиќ директорка на Центар за социјални работи Скопје.

Можност за над 6.000 граѓани

При донесувањето на законот Од Министерството за труд и социјална политика предвидеа дека со него би можеле да бидат опфатени околу 6.000 граѓани кои неаат други извори на егзистенција. Toj беше донесен на крајот на мај годинава. Според неговите одредби, право на надоместок имаат сите лица кои се државјани на Република Северна Македонија најмалку 15 години и не примаат старосна пензија, вклучувајќи ги и лицата без ден работен стаж.

За домаќинствата во кои и мажот и жената ги исполнуваат условите за користење на социјална сигурност, надоместокот ќе го користи само еден член бидејќи станува збор за право од социјалната заштита и не е поврзано со пензиското и инвалидското осигурување, појаснуваат од Министерството за труд и социјална политика.

Право на социјална сигурност за старите лица, граѓаните можат да остварат доколку немаат во сопственост имот и имотни права од кои може да се издржува, ако не е корисник на пензија од Република Северна Македонија или вид на исплата по основ на старост, инвалидност или доживување од друга држава и не остварило приходи по сите основи во последните три месеци пред поднесување на
барањето.

Право на социјална пензија не може да оствари лице кое со решение на центарот за социјална работа е сместено подолго од 30 дена во установа за вон-семејна социјална заштита, здравствена или друга установа.

Висината на месечниот износ на правото на социјална сигурност за старите лица, се усогласува со порастот на трошоците на живот за претходната година, објавени од Државниот завод за статистика во јануари во тековната година. Во случај кога нема пораст на трошоците на живот за претходната година не се врши усогласување на висината на правото на социјална сигурност за старите лица.

Корисникот на социјална пензија има право на паричен додаток заради покривање на дел од трошоците за потрошувачка на енергенси во домаќинството, за месеците од октомври до март.

На корисникот на правото на социјална сигурност за старите лица му се обезбедува и право на здравствена заштита, согласно со овој закон и прописите од областа на здравственото осигурување, доколку не може да се стекне со осигурување по друга основа.

Социјалната пензија за намалување на сиромаштијата кај старите лица

Оваа пензија, е социјално право, нешто на што укажуваа и експертите, кои сметаа дека на таков начин тоа нема да биде дополнително оптоварување на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Меѓу експертската јавност има мислења дека со вака поставената рамка за социјалната пензија нема да ја подобри релативната сиромаштија, но оти апсолутната сиромаштија ќе ја искорени во целост помеѓу населението над 65 години.

Социјалната пензија има благ позитивен ефект врз доходната еднаквост во Северна Македонија. Условот за примање на социјалната пензија за брачниот или вонбрачниот партнер да нема никакви приходи е престрог и оневозможува постигнување на главната поставена цел на социјалната пензија, односно извлекување на овие лица од релативна сиромаштија, посочија од Фајнанас тинк во анализата „Дали социјалната пензија ќе ја намали сиромаштијата на старите лица“.

Промовирани огласи »

Ван Хоол Македонија, белгиски реномиран производител на автобуси, има потреба од нови вработувања на позиција ОПЕРАТОРИ ВО МАГАЦИН: https://kariera.mk/job/N1RKZEuq5UmRunJ2HVKOOw/operatori-vo-magacin

Тренд Фуд Бар за потребите на Ресторан Шпајз, има отворено повеќе работни места. Сите активни огласи се достапни на следниов линк: https://kariera.mk/company/lEughQW9GUC3clsFLZPOqQ/trend-fud-bar

Мотиви за потребите на свој клиент, реномирана компанија, вработува вкупно 4 извршители на позицијата РАБОТНИЦИ ВО ПРОИЗВОДСТВО

Козметика: https://kariera.mk/job/PBqWXqyA-Umelr2YxAWX4w/rabotnici-vo-proizvodstvo-kozmetika 

Хемија: https://kariera.mk/job/9VWnUnz-ykq2CKSY5rpERw/rabotnici-vo-proizvodstvo-hemija

Доколку сакате да станете дел од ПРОДАЖЕН ПЕРСОНАЛ на ГАЛЕРИЈА за во продажното место во Струга, посетете го следниов линк: https://kariera.mk/job/mlMW8CiaMkCkcZ73UawruQ/prodazhen-personal

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ има потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на работната позиција: РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА НА ОСИГУРУВАЊЕ во Продажно место ТЦ Капитол Мол во Скопје: https://kariera.mk/job/QmNtiRnwq0uNFHVs2gYUmw/oglas-za-vrabotuvanje-na-referent-za-prodazhba-na-osiguruvanje

Поради понатамошен развој на своите операции и проширување на тимот, НЕПТУН распишува оглас за вработување на ПРОДАВАЧ со место на извршување на работните задачи во Кочани: https://kariera.mk/job/ZfjjVxOGLE-YEW1NkkX6ZA/prodavach-vo-kochani

ДАУТИ КОМЕРЦ имаат отворено работно место за ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР со познавање на Adobe Photoshop, Adobe Ilustrator, Adobe Indesign и Corel Draw: https://kariera.mk/job/M3OooG7DMUikP_Y2tRfflw/grafichki-dizajner

Промовирани огласи »

Повеќето вработени велат дека не му завидуваат на шефот и неговата посебна канцеларија. Но, вистината е дека вработените сепак би прифатиле поголема канцеларија, но не и поголеми одговорности што доаѓаат заедно со повисоката позиција. Следуваат неколку совети како да станете успешен лидер и полесно да ги надминете главоболките.

  • Подобрете ги Вашите комуникациски вештини

Имајќи предвид дека живееме во ерата на информатичка технологија, способноста за комуникација и мотивација на вработените е од суштинско значење. Поранешниот претседател на Крајслер, Ли Лакока, вели: „Ако имате брилијантни идеи, но не можете да ги презентирате, вашите идеи нема да ве одведат никаде“.

Колку сте подобри во писмената и во усната комуникација, толку поголема добивка ќе имате. Усовршете ги комуникациските вештини прифаќајќи да држите презентации и да пишувате извештаи. Ако не ви е пријатно да бидете центар на внимание, зголемете ја самодовербата така што ќе се вклучите во организирање на јавен говор или ќе започнете со курс по деловна комуникација

  • Слушајте внимателно 

Внимателните лидери поминуваат исто толку време во слушање, колку што зборуваат. Иако се самоуверени, сепак ги немаат одговорите на сите прашања. За нив се добредојдени повратните информации, алтернативните гледишта и новите идеи. И покрај тоа, нивната политика за поттикнување на вработените е да допрат до нив преку поставување прашања и покажување на загриженост за нив.

Вежбајте „активно слушање“.  За време на дискусија фокусирајте се на тоа што се зборува, не прекинувајте го соговорникот и не наведувајте го на одговор што вие сакате да го слушнете. Повремено климајте со главата, не погледнувајте пречесто во телефонот и постојано одржувајте контакт со очите.

  • Имајте висок морал

Етиката и одговорноста не се само празни зборови; тие се императиви во бизнисот. Всушност, извршните директори го наведуваат интегритетот како најважна карактеристика која ја бараат кај идните лидери. Штом вашиот карактер се доведе во прашање, штетата може да биде голема.

Заштитете го вашиот углед со чесно и темелно работење. Бидете сигурни дека се водите според вистинските вредности. Ако евентуално направите грешка, преземете ја целосната одговорност и веднаш поправете ја.
 

  • Изградете силна внатрешна мрежа

Влијателните менаџери знаат дека добрата поврзаност и почитта која ја имаат се клучни за добивање на информации од различни извори. Тие исто така знаат дека полесно ќе ги „продадат“  своите идеи  доколку имаат сојузници што ќе ги поддржуваат. Заради тоа потребно е постојано да ја одржувате силна мрежата во организацијата.

Проширете ги вашите достигнувања така што ќе се спријателите со колегите од компанијата. Присуствувајте на настани организирани од компанијата и бидете тимски играч. Споделете го успехот и помагајте кога сте во можност затоа што сето тоа ќе ви биде возвратено.
 

  • Бидете флексибилни 

Врвните менаџери се прилагодливи, креативни и способни да размислуваат. Тие се отворени за нови начини на извршување на работите и знаат дека не постои само еден единствен правилен начин за постигнување на целта. Ако приоритетите во бизнисот се променат, или ако од вас биде побарано да работите на проект кој не е дел од вашите работни задачи, бидете отворени и подготвени за промена. Прифатете го новиот предизвик со позитивен став.

Промовирани огласи »

Цените на нафтените деривати од ноќеска на полноќ се зголемија од еден денар до денар ипол, одлучи Регулаторната комисија за енергетика на седницата вчера.

Цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 се зголемува за 1,50 денари за литар, додека цените на ЕУРОСУПЕР БС-98, дизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство се зголемуваат за еден денар.

Согласно најновата одлука на РКЕ, новата цена на  ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 68,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 70,50 ден/литар. Малопродажната цена на дизелот ќе биде 61,50 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот се зголемува за 1,612 ден/кг во однос на претходно утврдената цена така што новата цена на мазутот ќе биде 34,849 ден/кг.

Покачувањето на цените на бензините се должи на зголемувањето на цената на нафтените деривати на светскиот пазар и на понискиот курс на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »