Промовирани огласи »

Скопската општина Карпош ќе биде првата локална самоуправа во која ќе почне да се спроведува проектот за ограничена употреба на мобилните телефони и другите електронски уреди во текот на наставата, во сите десет основни училишта.

Почетокот на овој проект беше причина минатата недела да се одржи јавна дебата, во организација на здружението „Ајнштајн“, во „Паблик рум“, под мотото „Како технологиите влијаат врз развојот на децата“. Во изминатиот период, овој проект, кој е поддржан и од Европската Унија беше пилотиран во десетте основни училишта во Карпош, при што се одржаа консултативни средби со ученици, наставници и родители, за да се почувствува пулсот на сите засегнати страни.

На дебатата се обрати и градоначалникот на општината Карпош, Стефан Богоев, кој говореше за успешната соработка со здружението „Ајнштајн“ и за намерите на општината.

– Факт е дека проектот на почетокот нема да им се допадне на учениците, но со овој потег нивниот интерес најмногу се заштитува, зашто треба да се вклучи внимание, а не Фејсбук и Инстаграм за време на часовите. Од друга страна, сметам дека ова ќе ги мотивира и наставниците да бидат покреативни во своите предавања, за да им го одржуваат вниманието на учениците. Значи 45 минути учениците нема да бидат активни на социјалните мрежи, на интернет, но потоа ќе си заштедат од слободното време и ќе им треба помал временски период за да совладаат одредена лекција, затоа што најдобро се учи кога се следи наставата – посочи Богоев.

На почетокот на секој час, учениците ќе ги оставаат своите мобилни телефони во наменски организатори, т.н нумерирани џебови, кои ќе бидат поставени во секоја училница, а меѓу часовите и за време на одморот ќе имаат можност да комуницираат со своите родители, пријатели и блиски.

Промовирани огласи »

СЕТЕК сé од техника, лидер во областа на ИТ, Аудио видео и белата техника, има потреба од МАГАЦИОНЕР https://kariera.mk/job/j6YgPNiZeUOv5cIoKk5haA/magacioner-vo-skopje

Спорт Висион, водечки ланец за малопродажба на спортска опрема, облека и обувки на Балканот, вработуваат ПРОДАЖЕН АСИСТЕНТ: https://kariera.mk/job/1s4Q07a_4Umer-OR1f84Ug/prodazhen-asistent

МЕДИКУС, ексклузивен увозник на програмата од италијанската компанија ЕСИ с.р.л. од Италија (додатоци во исхраната), бара тројца СТРУЧНИ СОРАБОТНИЦИ (М/Ж): https://kariera.mk/job/Y1ReH_j01UirjiBTh7iFhw/farmacevt-struchen-sorabotnik

СЕНСОР ДОО има потреба од вработување на ЕЛЕКТРОТЕХНИЧАР (една или повеќе позиции) за изведба системи за слаба струја: https://kariera.mk/job/4BpumQDoT0axQNm7xFUjmw/elektrotehnichar-montazher

Кинески ресторан STAR OCEAN во Центар, има потреба од келнер со познавање на англиски јазик. Плата 24.000 денари: https://kariera.mk/job/G0n4UH0dDkuPNMOtr-KkUg/kelneri-vo-restoran

Промовирани огласи »

За некои возачи возењето во ноќни услови е забавно и возбудливо, за некои спокојно и мирно, за некои е вистинско уживање, а за некои е напорно, мачно и тешко. Секој возач си има свои лични афинитети, желби и барања, но важно е да се потенцира дека, согласно искуствата и истражувањата, денското возење се смета за многу побезбедно од ноќното возење.

Возењето во ноќни услови носи многу предизвици, потенцијални закани и опасности од аспект на безбедно одвивање на сообраќајот па затоа експертите советуваат за полесно справување со предизвиците од ноќното возење.

  • Најголем предизвик кај ноќното возење е слабата видливост на патот и околината. Една студија во САД покажува дека од една третина до една половина од сите возила имаат слабо или погрешно насочени фарови и светла. Затоа, доколку патувате во ноќни услови, задолжително проверете дали светлата и фаровите работат со максимална ефикасност.
  • За подобра видливост, помало напрегање и помал замор при возењето во ноќни услови, светлата, фаровите, ретровизорот, ветробранските стакла и страничните стакла, секогаш треба да бидат максимално чисти.
  • Возачите со сериозни проблеми со видот најдобро е да не учествуваат во сообраќајот, особено во ноќни услови и во услови на дожд кога видливоста е значително загрозена.
  • Според англиските оптичари околу 90% од реакцијата на возачот зависи од видот. Затоа,  секогаш кога возите, а особено кога возите во ноќни услови, доколку имате проблем со видот, задолжително користете ги оптичките помагала.   
  • Доколку имате проблеми со видот и доколку користите оптички помагала, пред да започнете со патувањето, почекајте неколку минути во автомобилот очите да се прилагодат на темнината. Според англиската асоцијација на оптичари, прилагодувањето на темнината значително ќе ја подобри вашата способност за гледање во мракот. 
  • Возачите кои имаат проблеми со видот, во услови на ден и силно сонце, пожелно е редовно да користат очила за сонце и на тој начин полесно ќе се прилагодат за возење во услови на темнина.
  • Намалување или елиминирање на пушењето е особено важно затоа што чадот од пушењето ја намалува визуелната способност на возачот.
  • Согласно ЗБСП користењето на светла во Република Македонија е задолжително и дење и ноќе и таа обврска треба секогаш да се почитува. Доколку некогаш ги немате вклучено светлата и се прашувате дали е доволно темнина да ги вклучите светлата, тоа значи дека првите симптоми за намелена видливост се веќе присутни и треба веднаш да ги вклучите светлата. 
  • Искусните возачи знаат дека брзината секогаш треба да се прилагодува кон условите и видливоста на патот. Секој возач, секогаш треба да внимава на дозволената брзина, но во услови на ноќ, брзото возење повеќекратно го зголемува ризикот од предизвикување сообраќајна незгода.
  • Користете ги долгите светла, но истовремено бидете внимателни и не ги заслепувајте возачите кои доаѓаат од спротивен правец. Исто така, создавајте си навика да не гледате директно во светлата на возилата што доаѓаат од спротивната страна или во светлата што се наоѓаат во околината. Гледањето директно во изворот на светлината ја намалува визуелната способност на возачот и ги изморува очите.
  • Внимавајте на рефлексиите и на индиректните извори на светлина како издувните гасови на возилата пред вас, очите на животните, вировите вода на коловозот итн. Голема е можноста погрешно да ве наведат и да донесете погрешна одлука како возач. 
  • Возењето во ноќни услови, најчесто е спротивно на биоритамот на организмот и предизвикува замор и поспаност кај возачот, особено во периодот од 02.00 до 07.00 часот наутро. Затоа, доколку возите ноќе, правете почести паузи за одмор, вежби, краток сон.
  • За полесно да се справите со заморот, консумирајте повеќе течности (вода, кафе), разговарајте со сопатниците, пропуштајте свеж воздух во возилото и дишете длабоко.
  • При возење во ноќни услови, внимавајте на животните на патот - тие се активни во тој период од денот и ризикот за нивна појава е поголем.

Промовирани огласи »

Иако сите едвај чекаме да ни почнат летните одмори и да одмориме од работните обврски со кои се соочуваме во текот на целата година, свесни сме дека летниот одмор може да се претвори во ноќна мора, па затоа ви нудиме совет што да правите при најлошото можно сценарио, ако ви се расипе автомобил или ако ги загубите документите.

АКО ДОЈДЕ ДО СООБРАЌАЈКА

Ако е штетата помала од 500 евра и се согласите на вна со другиот учесник, треба да се пополни европски записник. Тој е бесплатен и ќе го добиете од друштвото во кое сте осигурани. Имајте го со себе кога тргнувате на пат. 

АКО СЕ РАСИПЕ АВТОМОБИЛОТ

Ако имате некаков дефект или едноставно ви пукне гума на одмор, прво треба да се јавите кај осигурителната компанија, за а не плаќате дополнителни трошоци. 

Треба да знаете дека трошоците нема да ви ги покријат ако сте возеле пијан или под дејство на наркотици.

Треба да се контактира и полицијата ако штетата е поголема.

ШТО АКО ГИ ЗАГУБИМЕ ДОКУМЕНТИТЕ

Никако не ги чувајте документите сите на исто место. Ако сте жртва на кражба или ви ги снема документите, веднаш пријавете во полиција. 

ОВА СЕ ВАЖНИ ТЕЛЕФОНИ:

ХРВАТСКА 

Полиција 192

Итна помош 194

Помош на пат 987

ГРЦИЈА

Полиција 100

Итна помош 166

Полиција за туристи 171

БУГАРИЈА

Полиција 166

Итна помош 150

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »