Промовирани огласи »

Вработете се во TOYOTA како РАКОВОДИТЕЛ ВО ПОСТ ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/-5yvgTnNikiUhQWA0mxnwg/rakovoditel-vo-post-prodazhba

Irish Pub со отворени повеќе работни места. Аплицирајте на некое од нив: https://kariera.mk/job/Tdr_WVGUl0Gp3K4WOdEyAA/personal-za-vo-restoran

Можност за работа во Зегин во КОЧАНИ со ССС или ВСС како АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/U57eM_H9ZEWRnkZbHEePkQ/asistent-za-prodazhba-kochani

Нептун со 2 отворени работни позиции за РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/MG3OM7LJfUuDfsEpbQ1ZPA/referent-za-prodazhba

Аспектус Фарма - фармацевтска компанија која е ориентирана кон високо квалитетно производство на лекови, има потреба од ОПЕРАТОР СО ПРОИЗВОДНИ МАШИНИ: https://kariera.mk/job/lIhC9--shEya6-ayfsqurg/operator-so-proizvodni-mashini

Mellon Group за потребите на Македонски Телеком и со цел зголемување на продажниот тим вработува АГЕНТИ ЗА ТЕЛЕФОНСКА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/kf7H-ATakUOhdP0qjWMGPg/agenti-za-telefonska-prodazhba

Промовирани огласи »

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, за контрола на брзина на движење на моторни возила, за санкционирање на возачи кои вршат неправилно престигнување.

Синоќа, во периодот од 23 до 5.00 часот, при контролата за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, кај 17 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта, додека тројца возачи одбиле проверка за присуство на алкохол. Сите 20 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи. Откриени се и 35 останати прекршоци за кои се издадени 15 мандатни платни налози и 20 прекршочни платни налози, велат од МВР.

Во периодот од 6 до 24 часот, при контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 27 возачи ја пречекориле брзината во населено место. Преземени се 27 мерки против нив, а откриени се и 50 останати прекршоци, за кои се издадени 32 прекршочни платни налози и 18 мандатни платни налози.

Вчера откриени биле и осум возачи кои вршат престигнување на недозволено место. На сите им се издадени прекршочни платни налози, а откриени се и 32 останати прекршоци за кои се издадени пет прекршочни платни налози и 27 мандатни платни налози.

Во периодот од 10.00 до 14.00 часот на 19.07.2019 откриени се 61 прекршоци кои се соодветно санкционирани.

Промовирани огласи »

Министерството за здравство останува на ставот дека нема да се примаат деца во градинка ниту во училиште од септември без приложен вакцинален картон, велат од ресорното министерство за Фактор.

Здравствените власти во соработка со Министерството за труд и социјална политика го изменија и Правилникот за упис на деца во градинка. Сега родителите кои сакат да го запишат своето дете во предучилишна установа мора да приложат и пополнет вакцинален картон, со вакцини кои се задолжителни и предвидени според календарот.

Иако во последните шест недели е забалежан континуиран пад на бројот на ново заболени лица со морбили, според министерството нема крај на епидемијата, бидејќи престанок се прогласува откако две недели нема да има ниту еден пријавен случај на заболен од мали сипаници на територијата каде била прогласена епидемијата.

Според информациите од Иститутот за Јавно Здравје, од почетокот на епидемијата од декември минатата година заклучно со 12 јули годинава се регистрирани 1854 случаи на мали сипаници. Само минатата недела се пријавени нови 10 случаи.

Властите во екот на епидемијата започнаа и со агресивна кампања за вакцинација со МРП вакцина на деца и сите невакцинирани лица над 14 години до 60 годишна возраст кои не преболелеле мали сипаници, вработени во предучилишните установи, здравствени работници и студенти на медицина, фармација и стоматологија, како и на ученици во средните медицински училишта.

Податоците на ИЈЗ покажуваат дека досега на територија на Република Северна Македонија има вакцинирано вкупно 32.653 лица до 14 години со вакцината против мали сипаници.

На прашањето кои се најчестите причини кои ги наведуваат родителите при одбивање да ги вакцинираат своите деца, од Јавно здравје ни одговорија дека немаат официјални податоци, но преку годишните извештаи за имунизација заклучиле дека најчесто родителите ја одложувале МРП вакцината за поголема возраст на нивните деца. Исто така од Институтот најавија студија за знаењата, ставовите и практиките на родителите во однос на МРП вакцината со која ќе се дојде до дополнителни одговори поврзани со оваа прашање.

Промовирани огласи »

Патувањата во странство вообичаено ги поврзуваме со убави спомени, но понекогаш и некои непредвидени ситуации се составен дел од нив. Како најнепријатна случка што може да ви се случи на некое патување е да ја изгубите или оштетите патната исправа – пасошот.

Доколку се најдете во таква ситуација и останете без валиден документ во друга држава, не е можно да го продолжите патувањето или да се вратите во земјата.

Затоа пред да тргнете на патување најдобро е да направите фотокопија на првата страна од вашата патна исправа, бидејќи така ќе имате оригинален документ што ќе ви помогне да извадите нов, а втора опција е да ја скенирате копијата од пасошот и да ја имате на мејл.

Првиот чекор што треба да се направи доколку се најдете во ваква ситуација е да проверете во хотелот во кој сте сместени случајно да не направиле фотокопија од вашиот пасош.

Потоа, на интернет пронајдете го најблискиот Конзулат или Амбасада од вашата земја, проверете кога работат и прегледајте кои сè документи треба да ги однесете за да ви дадат нов пасош. Пред да појдете во Конзулатот или Амбасадата треба да појдете во полициска станица и да пријавите дека ви е изгубена патната исправа.
По добивање на потврдата од полицијата за пријавување на изгубениот пасош потребно е да се обратите до дипломатско-конзуларните претставништво на Република Северна Македонија во земјата во која се наоѓате.
Во ДКП ќе ви биде издаден патен лист што служи само за враќање во земјата и не може да се користат за патување во некоја друга држава. Патниот лист има рок на важење 30 дена од денот на нејзиното издавање.

За добивање патен лист при губење или оштетување на патна исправа, лицето треба да приложи фотографија и документ со кој го докажува идентитетот (или фотокопија на документ).

– За оваа услуга лицето уплатува 30 евра на жиро сметка на ДКП-то. По приложувањето на документите и уплатата, патниот лист веднаш се издава, велат од МНР.

За државите со друга национална валута од еврото, таксата се плаќа во соодветната национална валута.

Доколку лицето нема документ за идентификација, податоците изнесени од нивна страна, по систем се доставуваат до МВР. По извршените проверки во рок од 48 часа МВР треба да го потврдат идентитетот на лицето, по што се издава патен лист.

За некои држави, покрај патен лист, потребно е да се достави и потврда од надлежните органи дека патната исправа е изгубена или украдена.

Пред да тргнете назад со патен лист доколку транзитирате преку повеќе земји информирајте се дали за некоја од тие земји ќе ви треба соодветна виза за транзит.

Колку наши државјани се нашле во ваква ситуација?

Според статистиката на Министерството за надворешни работи во 2018 година на наши државјани им се издадени вкупно 12.875 патни листови,  додека од 1 јануари до 30 јуни оваа година издадени се 5.028 патни листови.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »