Промовирани огласи »

Денес во Љубљана се одлага скоро 80% помалку отпад отколку пред 10 години, со што градот се вбројува во врвот кога станува збор за рециклирањето. Љубљана е првиот европски град кој се обврзал дека ќе стане град без отпад (zero-waste), пишува Guardian. Но, пред 15 години, целокупниот отпад одел право на депонија.

Селекцијата во собирањето на био отпадот до 2023 година ќе стане законска обврска во цела Европа, но Љубљана се развивала во овој правец многу порано. Имено, се започнува уште во 2002 година со одвојувањето на хартија, стакло и пластика во контејнерите покрај улиците.Четири години подоцна, започнува собирање на биоразградлив отпад од врата на врата. Во 2013 година, секое домаќинство во градот добива канти за одлагање на пластика и хартија. Со тоа, зaчесетноста во одвозот на сметот се намалува за половина, со што граѓаните уште повеќе биле поттикнати да го селектираат отпадот.

Се разбира резултатите се импресивни. Во 2008 година градот рециклирал само 29,3% од отпадот и заостанувал зад другите градови во Европа. Денес, тој процент е 68%, а на депониите се одведува речиси 80% помалку отпад. Денес Љубљана генерира 115 килограми отпад по глава на жител годишно и е во самиот европски врв. Европски град со најмалку отпад е Тревизо во Италија со 59 килограми годишно. Понатаму, развојот на најмодерната фабрика во Европа за третман на биолошки отпад беше голем чекор за градот во напорите да се постигне 75% стапка на рециклирање до 2025 година. Регионалниот центар за управување со отпадот отворен е во 2015 година и денес опслужува 1/4 од Словенија, произведува електрична и топлинска енергија, ѓубриво за градини, рециклира 95% од отпадот, додека само 5% завршува на депонија. Но, не се работи само за преработката и рецилирањето на отпадот. Како резултат на системската и организирана работа со граѓаните во делот на превенција, свеста за постапувањето со отпадот е на многу високо ниво. Љубљана има два центри за рециклирање на отпад од домаќинствата, каде што граѓаните можат да го одлагаат отпадот. Бидејќи тие центри дневно примаат по околу 1000 посетители, планирано е отворање уште на најмалку три. Исто така, тренд во градот е отворање на zero-waste продавница. Во старото јадро на градот, каде нема доволно простор, инсталирани се 67 контејнери под земја. Тие се отвораат со картичка која ја добиваат станарите.

Промовирани огласи »

Хрватска ја доби првата каса за плаќање со криптовалути.

Ова значи дека фактурите за производи и услуги ќе можат да се плаќаат со криптовалути, иако тие се издадени во хрватски куни. Постапката за плаќање е исклучително едноставна и вклучува скенирање на QR-кодот со дигитален паричник на мобилен телефон, проследено со трансфер на средства од дигиталниот паричник на сметката на компанијата со автоматска конверзија во куни, пренесе Банкарство.

Оваа новина се должи на загрепската софтверска компанија Неоинфо, која го разви Адео ПОС благајничкиот софтвер и компанија од Вараждин специјализирана за обезбедување услуги на криптовалутниот пазар ФИМА Плус, која преку својот систем ФИМА Плеј обработува криптовалути и делува како берза за криптовалути. Тековно прифатените криптовалути се готовина од биткоин, лајткоин, етериум и други. Оваа дополнителна опција не носи дополнителни трошоци за клиентите на Adeo POS, а касата веќе ги поддржа вообичаените начини на плаќање користејќи готовина и картички, но исто така и помодерни начини за плаќање како Google Pay, Apple Pay, Garmin Pay и апликацијата Settle mobile.

ФИМА Плус посочува дека дигиталната трансформација на економијата стана секојдневие и оти гледаат простор за напредок. Крипто-пазарот, како дел од дигитализацијата на финансискиот пазар и платниот систем, станува сè по регулиран, поголем и подостапен за луѓето секој ден. ФИМА Плус и Неоинфо заедно работат на ова. Од самиот почеток, ФИМА Плус се стреми да го донесе дигиталниот пазар за криптокорисници што е можно поблиску до пошироката јавност без премногу компликации. Производ на ова е FIMA Pay, услуга дизајнирана во соработка со словенечката компанија Limitlex, која овозможува плаќање во криптовалути.

Промовирани огласи »

„Како одговорна партија посветени сме на спроведување мерки што обезбедуваат подобри услови за младите и намалување на младинската невработеност.

Последни во низата реформи за младите се објавените три јавни огласи за обуки за ИТ вештини со кои се обезбедува преквалификација на 1.253 невработени млади лица.

Целта на мерката е да се надградат вештините на невработените млади до 34 години во област која моментално е атрактивна на пазарот за труд и која нуди доброплатени работни места“, рече Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ.

„За оваа мерка обезбедени се 35.1 милион денари за ИТ обуки годинава, што е неколкукратно зголемување во однос на претходната година кога беа издвоени 8.5 милиони денари.

Според официјалните податоци, Република Северна Македонија станува атрактивна дестинација за ИТ компании кои се повеќе инвестираат и пружаат можности младите брзо да најдат вработување или да отворат сопствен бизнис.

Покрај ова, со ребаланс на буџетот, обезбедивме дополнително 200 милиони денари за активни политики и мерки за вработување, каде посебен фокус ставаме на младите.

Како одговорна партија остануваме посветени на креирање на квалитетни младински политики кои имаат за цел да го подобрат квалитетот на живот на младите, за тие својата иднина да ја гледаат овде, во својата татковина“, изјави Ана Манасиева, потпретседателка на СДММ.

Промовирани огласи »

Мерката „МojДДВ” со која граѓаните остваруваат право на поврат на дел од платениот ДДВ и со тоа влијаат кон адресирање на сивата економија е еден од неколкуте проекти на мојата агенда. Во следниот период ќе се работи на унапредување на решението (самата мерка и мобилната апликација)“, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.

„Ќе бидат имплементирани подобрувања и се планираат нови функционалности, затоа ве поканувам да учествувате со коментари, сугестии и критики како од аспект на корисници на мерката, така и од професионален аспект.

Мерката е популарна помеѓу граѓаните, наплатата на ДДВ се зголемува а граѓаните го остваруваат правото на поврат на 15% од нивното ДДВ на скенираните сметки што е дел од Владината програма “Пари назад кај граѓаните”. Исплатата за првиот квартал од лансирањето (јули-септември) ќе се реализира во месец декември.

Бидејќи “секогаш се’ може подобро” и притоа земајќи ги предвид сите досегашно апсолвирани коментари од пријатели и соработници околу мене (вклучително моите како корисник на “МојДДВ” и од професионален аспект) сакам да ве поканам да придонесете и активно да учествувате со споделување на вашите сугестии и предлози кои ќе бидат предмет на разгледување од страна на работната група која ќе работи на формирање на барањата за промени (анг. change requests).

Во прилог се неколку статистики:

  • Мобилната апликација до сега има 196К инсталации (85% Android, 25% iOS)
  • Во јули 137К граѓани скенирале 7.2М сметки со вкупна вредност на ДДВ од 59 милиони денари.
  • Во август беа скенирани 7.8М сметки со вкупна вредност на ДДВ во износ од 66 милиони денари од страна на 142К корисници.

Сите предлози се добредојдени. Детални идеи, предлози и сугестии може да испратите и на [email protected]“, додава таа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »