Промовирани огласи »

Повеќе од три месеци како почна електронската наплата на патарините кај Романовце, Отовице, Сопот и Градско на Коридорот 10, како и на наплатната станица Петровец а во оваа статија ќе се обидеме да ви објасниме како се врши и колку чини плаќањето.

Наплатата на патарина ќе се врши комбинирано преку отворен систем и затворен систем за наплата на патарина, составен од наплатни станици а постојат три видови на плаќање:

  •  готовински и со банкарски картици (дебитни и кредитни),
  •  електронски со бесконтактни смарт картици и со уред за електронска наплата на патарина и
  •  билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање

Купувајќи бесконтактни смарт картички или уред за електронска наплата на патарина (таг) сите правни и физички лица ќе може да ја плаќаат патарината, додека пак уредот за електронска наплата овозможува плаќање без застанување.

Со бесконтактните смарт картички можете само да плаќате со приближување на картичката до читачот.

Како се движат цените:

  • 100 денари е сумата која ќе ја платите за бесконтактните смарт-картички и таа ќе се надополнува со најмалку 300 денари, додека за таговите, што ќе се поставуваат на предното ветробранско стакло за да може електронскиот систем да ги чита од далечина, ќе чинат 1.200 денари со надополнување преку Интернет.
  • Со секое наредно надополнување на бесконтактните смарт-картички и уредите за електронска наплата на патарина (ТАГ) корисниците добиваат попуст на надополнетиот износ на патарина кој се пресметува при секое поминување на наплатна станица

Како се одвива плаќањето со смарт-картички

  • Системот за автоматска класификација на возилата поставен на почетокот на лентата ја определува категоријата на возилото пред тоа да пристигне до кабината на сообраќајната лента.
  • Возилата мора да застанат пред читачот на картички заради плаќање. Автоматската рампа не се подига доколку не се изврши валидна трансакција, односно плаќање на патарината.
  • Возачот ја доближува смарт-картичката до уредот за читање и рампата се подига ако картичката е важечка и ако на неа има доволно средства.
  • Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига, а на дисплејот за корисници кој се наоѓа над читачот на картичките се прикажува известување за причината поради која обидот за плаќање е неуспешен (на пр., недоволно средства).
  • Во случај на неуспешно плаќање, возачот има две можности:
  • Да купи важечка картичка или да ја надополни картичката на продажното место поставено во кабина на лентата и да помине по лентата (при што возачот нема да треба повторно да го користи читачот за картички);
  • Да плати готовински и или со банкарски картички (дебитни и кредитни), или
  • Да го повика одговорниот на наплатната станица да му издаде билет за ненаплатена патарина со налог за плаќање и истиот може да го плати подоцна на секоја сообраќајна лента на наплатните станици каде што се врши продажба и надополнување на електронските уреди, во контролниот центар Петровец и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта или во банка.Што значи Поминување со уред за електронска наплата на патарина -или уред наречен ТАГ ?
     
  • Системот за автоматска класификација на возилата поставен на почетокот на лентата ја определува категоријата на возилото пред тоа да пристигне до кабината на сообраќајната лента.
  • Возилата со уред за електронска наплата на патарина (ТАГ) се детектираат автоматски при влегувањето во зона на комуникација покриена од антената.
  • Износот на патарината што треба да се наплати го определува системот и штом возилото се приближи до рампата, таа автоматски се подига, доколку плаќањето се реализирало успешно. Дисплејот за корисници поставен на островот на сообраќајната лента го покажува износот на наплатена патарина, категоријата на возилото одредена со преткласификација на возилата (the Pre-AVC class) и салдото на сметката.
  • Доколку плаќањето е неуспешно, рампата не се подига, а на дисплејот за корисници кој се наоѓа на островот на сообраќајната лента се прикажува известување за причината поради која обидот за плаќање е неуспешен (на пр., недоволно средства).
  • Во случај на неуспешно плаќање, возачот ги има истите две можности како при неуспешно плаќање со смарт-картички.

Купување и дополнување на припејд-уред

Електронските уреди (бесконтактни смарт-картички или уред за електронска наплата) може да се купат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици и во контролниот центар Петровец, а можат да се надополнуваат на секоја сообраќајна лента на наплатните станици, во контролниот центар Петровец и на веб-страницата на Јавното претпријатие за државни патишта.

Промовирани огласи »

Новото име на државата ќе стои и на банкнотите . Ова беше најавено уште во март со одлука објавена во во Службен весник, а потпишана од гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска. 

Најпрво ќе се врши промена на банкнотите од 10 и 50 денари кои ќе го добијат новото име на Народната банка. 

Во одлуката пишува: „Народна банка на Република Македонија“, се заменува со зборовите „Народна банка на Република Северна Македонија“.

На почетокот на 2020-та година се очекува промената на првите нови банкноти и потоа, да бидат целосно заменети најдоцна во рок од 5 години од отварањето на релевантното ЕУ поглавје.

Дел од медиумите пренесоа дека НБРМ веќе склучила догобор согласно кои ќе се прави промена на банкнотите односно ќе се набават нови и банкноти со 10 и 500 денарки, со истиот дизајн на кој само ќе биде додадена Северна во името на Република Македонија.

Промовирани огласи »

Денес во Љубљана се одлага скоро 80% помалку отпад отколку пред 10 години, со што градот се вбројува во врвот кога станува збор за рециклирањето. Љубљана е првиот европски град кој се обврзал дека ќе стане град без отпад (zero-waste), пишува Guardian. Но, пред 15 години, целокупниот отпад одел право на депонија.

Селекцијата во собирањето на био отпадот до 2023 година ќе стане законска обврска во цела Европа, но Љубљана се развивала во овој правец многу порано. Имено, се започнува уште во 2002 година со одвојувањето на хартија, стакло и пластика во контејнерите покрај улиците.Четири години подоцна, започнува собирање на биоразградлив отпад од врата на врата. Во 2013 година, секое домаќинство во градот добива канти за одлагање на пластика и хартија. Со тоа, зaчесетноста во одвозот на сметот се намалува за половина, со што граѓаните уште повеќе биле поттикнати да го селектираат отпадот.

Се разбира резултатите се импресивни. Во 2008 година градот рециклирал само 29,3% од отпадот и заостанувал зад другите градови во Европа. Денес, тој процент е 68%, а на депониите се одведува речиси 80% помалку отпад. Денес Љубљана генерира 115 килограми отпад по глава на жител годишно и е во самиот европски врв. Европски град со најмалку отпад е Тревизо во Италија со 59 килограми годишно. Понатаму, развојот на најмодерната фабрика во Европа за третман на биолошки отпад беше голем чекор за градот во напорите да се постигне 75% стапка на рециклирање до 2025 година. Регионалниот центар за управување со отпадот отворен е во 2015 година и денес опслужува 1/4 од Словенија, произведува електрична и топлинска енергија, ѓубриво за градини, рециклира 95% од отпадот, додека само 5% завршува на депонија. Но, не се работи само за преработката и рецилирањето на отпадот. Како резултат на системската и организирана работа со граѓаните во делот на превенција, свеста за постапувањето со отпадот е на многу високо ниво. Љубљана има два центри за рециклирање на отпад од домаќинствата, каде што граѓаните можат да го одлагаат отпадот. Бидејќи тие центри дневно примаат по околу 1000 посетители, планирано е отворање уште на најмалку три. Исто така, тренд во градот е отворање на zero-waste продавница. Во старото јадро на градот, каде нема доволно простор, инсталирани се 67 контејнери под земја. Тие се отвораат со картичка која ја добиваат станарите.

Промовирани огласи »

Хрватска ја доби првата каса за плаќање со криптовалути.

Ова значи дека фактурите за производи и услуги ќе можат да се плаќаат со криптовалути, иако тие се издадени во хрватски куни. Постапката за плаќање е исклучително едноставна и вклучува скенирање на QR-кодот со дигитален паричник на мобилен телефон, проследено со трансфер на средства од дигиталниот паричник на сметката на компанијата со автоматска конверзија во куни, пренесе Банкарство.

Оваа новина се должи на загрепската софтверска компанија Неоинфо, која го разви Адео ПОС благајничкиот софтвер и компанија од Вараждин специјализирана за обезбедување услуги на криптовалутниот пазар ФИМА Плус, која преку својот систем ФИМА Плеј обработува криптовалути и делува како берза за криптовалути. Тековно прифатените криптовалути се готовина од биткоин, лајткоин, етериум и други. Оваа дополнителна опција не носи дополнителни трошоци за клиентите на Adeo POS, а касата веќе ги поддржа вообичаените начини на плаќање користејќи готовина и картички, но исто така и помодерни начини за плаќање како Google Pay, Apple Pay, Garmin Pay и апликацијата Settle mobile.

ФИМА Плус посочува дека дигиталната трансформација на економијата стана секојдневие и оти гледаат простор за напредок. Крипто-пазарот, како дел од дигитализацијата на финансискиот пазар и платниот систем, станува сè по регулиран, поголем и подостапен за луѓето секој ден. ФИМА Плус и Неоинфо заедно работат на ова. Од самиот почеток, ФИМА Плус се стреми да го донесе дигиталниот пазар за криптокорисници што е можно поблиску до пошироката јавност без премногу компликации. Производ на ова е FIMA Pay, услуга дизајнирана во соработка со словенечката компанија Limitlex, која овозможува плаќање во криптовалути.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »