Промовирани огласи »

Скопјани за снабдување со топлинска енергија лани на Балкан Енерџи Груп му платиле 1,43 милијарди денари, односно нешто повеќе од 24 милиони евра, што е помалку за 2 милиони евра платени за фактурите за парно во однос на претходната 2017 година. Забележано е намалување на наплатата и кај домаќинствата (985 милиони) и кај фирмите и училиштата (420 милиони).

Друштвото пријави загуба од 151 миион денари, најмногу поради корективниот фактор од Регулаторна комисија за енергетика кој што ги намалува испланираните цени, но наведува дека за 2019 очекува добивка доволна да го покрие акумулираниот дефицит.

БЕГ во 2018 потрошил повеќе пари за топлинска енергија што ја набавил од когенеративната централа ТЕ-ТО за сума од 431 милиони денари, а исто така прикажува и повеќе трошоци за природниот гас купен за сопствените потреби во износ од 494 милиони денари. 

Во текот на 2018 година извршено е вкупно проширување и зголемување на должината на дистрибутивниот мрежа и приклучоци за 3.484 метри. Новоприклучени кон системот за централно греење се евидентирани 839 корисници. За исклучување од системот за централно греење се пријавиле 224. Потпишани договори за приклучување имало со 1.130 субјекти.

Процентот на наплата кај домаќинствата бил подобар од една година претходно и изнесува 93,71 отсто. Во текот на минатата година извршни решенија по тужби од БЕГ добиле 495 потрошувачи во висина од 6,5 милиони денари. 2586 тужби од тековната и претходните години биле наплатени од извршителите.

БЕГ е најголемиот систем за топлинска енергија е системот со кој управува со приклучени 51.357 потрошувачи во 2018, пред системот на АД ЕСМ, Подружница Енергетика со 3.725 потрошувачи и системот на Скопје Север АД Скопје со 471 потрошувач.

Во текот на 2018 тарифата за наплата од страна на РКЕ беше минимално намалена кај Балкан Енерџи Груп.

Промовирани огласи »

Mellon Solutions има потреба од ТЕХНИЧАРИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ УСЛУГИ во Куманово: https://kariera.mk/job/JHfZJWIlrkKJGNgZMAUTXA/tehnichari-za-obezbeduvanje-na-telekomunikaciski-uslugi-kumanovo

А1 Македонија со отворени работни места за:

Голден Секјурити премиум гроуп има потреба од 30 нови РАБОТНИЦИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ: https://kariera.mk/job/gdJJP_bsLk2bzN0G2Y_20w/baranje-rabotnik-za-obezbeduvanje

Goodwill Pharma e интернационална компанија со седиште во Суботица и Сегедин и има потреба од СТРУЧЕН СОРАБОТНИК / MEDICAL REPRESENTATIVE: https://kariera.mk/job/cE_WWSjT4U-oftUlirZxwQ/struchen-sorabotnik

Кола Логистика со отворени 2 работни места за ВОЗАЧИ: https://kariera.mk/job/VUtqDrts402lrINXCEQCxA/vozach

Мотиви за свој клиент бара ПРАВНИК за работа во нотарска канцеларија во Бутел: https://kariera.mk/job/R5IRy--T20SFEMUc_DN29A/pravnik

Алма - М со отворено работно место во Струмица за АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/AJCOkPqqDUGb3Ch-O0cygw/agent-za-prodazhba-za-strumica

Промовирани огласи »

Главниот извршен директор на компанијата „Тесла“, Илон Маск, на „Твитер“ објави дека компанијата наскоро ќе ги пласира своите автомобили на пазарите во Србија, Словачка и Хрватска.

„Се надеваме на отворање во Словачка, Хрватска, Србија и голем дел од источна Европа на почетокот на следната година. Конечно, ќе го направиме Никола Тесла горд што има свои автомобили во земјите од каде има потекло“, напиша Маск на својот профил на „Твитер“, а пренесе IBT.

Маск на овој начин му оддава почит на Никола Тесла, научниот генијалец според кој е именуван аммериканскиот производител на електрични автомобили.

Маск тврди дека продавниците на „Тесла“ на овие пазари ќе бидат најдобар омаж за овој изумител, инженер и футуристист, кој дал голем придонес во креирањето на модерниот систем за напојување со наизменична електрична енергија.

извор: Makfax

Промовирани огласи »

Во организација на Националната Асоцијација на иноватори на Македонија (NAIM), денеска во Домот на АРМ  во Скопје, со почеток во 13 часот, ќе биде отворен Третиот Меѓународен саем на пронајдоци, иновации и нови технологии  „ИНОВАМАК 2019“.

На тридневната саемска манифестација што ќе се одржува во Домот на АРМ – Скопје, учество ќе земат над 100 иноватори од повеќе од 20 држави, како и студенти од Машинскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј.
Помеѓу гостите на саемот се и генералниот директор на Светска Федерација на иноваторски асоцијации – IFIA, Хусеин Хујиќ, проф. д-р Зенгпеи Ксуан од Асоцијацијата на иноватори од Народна Република Кина, како и амбасадорот за СТЕМ образование и менаџер на работната мрежа за млади во IFIA, проф. Винфрид Штурм.
На прес-конференцијата по повод отворањето на саемот ќе се обрати потпретседателот на Националната асоцијација на иноватори Мирко Узелац.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »