Возач

(преземи го огласот во Word)

Врз основа на член 22 и член 23 од Закон за работните односи , Друштво за транспорт, трговија и услуги КОЛА ЛОГИСТИКА ДООЕЛ увоз-извоз Скопје со седиште на ул.,,Качанички пат,, бр.254, Визбегово, тел:02 2656-770, објавува оглас за вработување за работно место:

 

Возач - 2 (два) извршители

на определено време од 3 (три) месеци со можност за продолжување

 

 

     Услови за вршење на работа:

  • Средно стручно образование
  • Возачка дозвола Ц категорија
  • Предност ќе се смета работно искуство во дистрибуција

 

Краток опис на работните обврски:

  • Управување на возило од соодветната категорија;
  • Се грижи за постојана техничка исправност, опременост и безбедност на возилото;
  • Се грижи за физичко обезбедување на стоката како истата нема да биде оштетена;

 

Работното време трае 40 часа неделно во работната недела. Од понеделник до петок работното време за прва смена започнува во 07:00 часот а завршува во 14:00 часот и сабота работното време започнува во 07:00 часот а завршува во 12:00 часот.

Нето платата изнесува од 17.000,00 денари до 29.000,00 денари.

 

Сите заинтересирани кандидати да испратат кратка биографија (CV) на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот] или на ул. Качанички пат бр.254 во рок од 5 работни дена од 24.09.2019 година до 28.09.2019 година со назнака апликација за работно место Возач.

 

Изборот за соодветен кандидат ќе се врши во рок од:

 

Доколку се пријавиле до 200 кандидати за работното место изборот се врши во рок од 45 дена, од 201 до 500 кандидати изборот се врши во рок од 90 дена и над 500 кандидати изборот се врши во рок од 120 дена, по истекот на рокот за пријавување.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

 

 

                                                                                                                    Лице за контакт :

                                                                                                              Марина Михајловска

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Внеси нов оглас

барај огласи за вработување » барај останати огласи »