Промовирани огласи »

Предупредување стигна од Светска банка до властите во земјава, да внимава со зголемувањата на платите во јавниот сектор, но и на минималната плата, бидејќи кога тоа е поврзано со намалена продуктивност, може да ја загрози конкурентноста на економијата. Ова укажување од Светска банка го испорачаа во својот најнов извештај за земјава.

До јуни, реалните нето плати се зголемија за над 2 проценти на годишно ниво, делумно како резултат на зголемувањето на минималната плата, како во јули 2018, така и во април годинава, како и поради зголемувањето на платите на јавните службеници на почетокот од 2019 година. Највисоките зголемувања на платите беа во здравството, образованието и социјалната заштита, во транспортот, градежништвото и во земјоделството. Континуираниот тренд на зголемување на платите особено во трудово интензивните дејности, заедно со намалувањето на продуктивноста на трудот во повеќето сектори ја загрозува конкурентноста на економијата, бидејќи единечната цена на трудот се зголемува, пишува во извештајот на Светска банка.

Според светските банкари, зголемувањето на минималната плата мора да биде придружено со зголемување на продуктивноста, инаку на среден рок економијата ќе се соочи со намалена продуктивност. Затоа е неопходно внимателно да се анализира и мудро да се донесе одлука за висината на минималната плата.

Клучната порака е не да не се зголемува минималната плата, туку тоа да се прави на мудар начин, изјави на денешното презентирање на извештајот Марко Мантованели, директор на канцеларијата на Светска банка во Скопје.

Издашноста на Владата за зголемени плати, пензии и социјални расходи, доведе до повисок долг и дефицит.

Годинава се зголемија јавниот долг и фискалниот дефицит како резултат на порастот на тековните расходи поради зголемувањето на платите, пензиите и на субвенциите и покрај умерениот раст на приходите. Расходите се зголемија за 8,4 проценти на годишно ниво, како резултат на зголемувањето на пензиите, платите, субвенциите и на здравствените расходи. Капиталните расходи, иако се зголемуваа, и понатаму во голем дел остануваат нереализирани. Ревидираниот дефицит за 2019 година се проектира на 2,5 проценти од БДП, што претставува зголемување во однос на 1,1 проценти во 2018 година. Кога ќе се додаде дефицитот на Јавното претпријатие за државни патишта, вкупниот дефицит се проценува на 2,7 проценти, укажуваат од светска банка. 

Додаваат дека ребалансот на буџетот доведе до натамошно зголемување на субвенциите за плаќање на придонесите за социјално осигурување, за да се поттикне пријавувањето на платите што се исплаќаат во готово. Потоа, влијание има зголемување на субвенциите за земјоделството, како и 15 процентен поврат на ДДВ на граѓаните со поднесување на фискалните сметки, за да се подигне даночната дисциплина. 

„Јавниот и јавно гарантираниот дол се очекува да се зголеми од 48,5 проценти во 2018 година, на 51 процент како резултат на интензивирањето на задолжувањето на Владата за да ги изврши претстојните обврски,  додека гарантираниот долг се зголемува со забрзувањето на јавните инвестиции во патиштата“, пишува во извештајот.

Натаму од Светска банка додаваат дека се очекува да продолжи фискалната консолидација иако побавно како резултат на новите програми за трошење. Владата воведе две нови програми за борба со неформалната економија, која се проценува на 30-40 проценти од БДП, а годишниот трошок за тоа се проценува на 0,8 проценти од БДП. Иако овие програми се предвидени во рамките на планираниот дефицит за 2019 година како резултат на пониските капитални расходи, на среден рок тие треба да бидат амортизирани преку други расходи или мерки на страната на приходите за да се избегне зголемувањето на фискалната ранливост. 

Иако овие напори се наменети за справување со неформалниот сектор кој е главен кочничар на економијата, тие веројатно нема да бидат успешни освен ако не се проследени со зајакнување на даночната администрација, поголема ефикасност на инспекциите и подобрување на давањето на јавните услуги и на законите што влијаат врз деловното опкружување. 

Иако 2019 е предизборна година, можното отворање на претпристапните преговори за ЕУ бара Северна Македонија да остане на курсот на структурните реформи за да ја поттикне конкурентноста, да го подобри управувањето и да ја подобри успешноста на јавниот сектор. Зајакнувањето на политиките за конкурентност и рационализирањето на државната помош би ги унапредило растот и фискалната одржливост, велат светските банкари.   

Извор - Фактор.мк

Промовирани огласи »

Контроверзната криптовалута Тетер го замени Биткоинот како најчесто користени сајбер пари. Иако биткоинот и понатаму има највисока пазарна капитализација од сите криптовалути досега, според податоците на веб страницата CoinMarketCap, дневниот обем на Тетерот постојано е поголем од биткоинот веќе неколку недели.

Податоците од саботата покажуваат дека во криптоменувачниците ширум светот се разменети 19 милијарди долари од Тетерот,  во однос на 15 милијарди долари вредни Биткоини.

Според некои експерти, Тетерот станал најважна валута во светот на криптовалути. Овие дигиталнни пари се таканаречени „Stablecoin“ - криптовалута која е поврзана со фиксна цена со конвенционална валута. Таа според тоа би требало, како и што кажува самото име, да биде постабилна од другите криптовалути со своите необично волатилнни курсеви.

Според авторите, хонгконгшката компанија Тетер е врзана за доларот и е покриена со резерви. Меѓутоа, има значајни сомненија во изјавите и деловното однесување на креаторот на Тетерот. До пред неколку месеци тврделе дека задржуваат долар во резерва за секоја издадена дигитална паричка, но потоа изненадно признале дека покриеноста е само 74 отсто.

Во САД против Тетер Лимитед се води истрага поради сомнение дека проневерил 850 милиони долари вложувачки фондови. Покрај тоа, има сомненија дека Тетер е користен за масовни манипулации со курсот на биткоинот, кој дословно експлодирал во 2017 година, а потоа доживеал крах . 

И покрај се, Тетер станува се популарен. Многу берзи, посебно во Азија, користат валтуа како замена за вистински долари за купување или продажба на Биткоин и други валути.

Субвенционирањето на нови возила ќе се разгледува на денешната редовна владина седница. 

Исто така се најавува и разгледување на забелешката на ревизорите за скапоплатениот систем кој треба да ја анализира работата на службениците на целиот јавен сектор, а за чие одржување се платени 2 милиони евра, но сепак е утврдено дека не е во функција.

Ќе се дискутира и за субвенционирањето на инвертер климите во најзагадените градови - Скопје, Битола, Кичево и Тетово.

Информација во врска со иницијативата за воспоставување на еден заеднички граничен премин (One stop shop) помеѓу Македонија и Албанија на Ќафасан.

На оваа седница на владата ќе се разгледа информацијата за можноста од воведување на систем за масовно алармирање и предупредување на граѓаните.

Министерството за економија за оваа седница ги предложи точките Предлог - закон за енергетска ефикасност, 

Министрите во владата ќе се произнесат и за Информацијата за предлог проект програмата „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови“.

Министерство за здравство за оваа седница на владата ја предложи точката Информација со Акциски план за зајакнување на ургентните служби во клиничките болници.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »