Промовирани огласи »

Субвенционирањето на нови возила ќе се разгледува на денешната редовна владина седница. 

Исто така се најавува и разгледување на забелешката на ревизорите за скапоплатениот систем кој треба да ја анализира работата на службениците на целиот јавен сектор, а за чие одржување се платени 2 милиони евра, но сепак е утврдено дека не е во функција.

Ќе се дискутира и за субвенционирањето на инвертер климите во најзагадените градови - Скопје, Битола, Кичево и Тетово.

Информација во врска со иницијативата за воспоставување на еден заеднички граничен премин (One stop shop) помеѓу Македонија и Албанија на Ќафасан.

На оваа седница на владата ќе се разгледа информацијата за можноста од воведување на систем за масовно алармирање и предупредување на граѓаните.

Министерството за економија за оваа седница ги предложи точките Предлог - закон за енергетска ефикасност, 

Министрите во владата ќе се произнесат и за Информацијата за предлог проект програмата „Енергетски ефикасна рехабилитација на студентските домови“.

Министерство за здравство за оваа седница на владата ја предложи точката Информација со Акциски план за зајакнување на ургентните служби во клиничките болници.

Промовирани огласи »

Нето плата 3.000 EUR! Мотиви за потребите на свој клиент, интернационална компанија, има потреба од User Interface Designer / Front End Developer за работа во Abu Dhabi: https://kariera.mk/job/PM1s1QjIJE-XT5Bj6hpJMw/user-interface-designer-front-end-developer

Висина на плата 1.000 EUR! Аптека Дрогерија Дама на Црногорското приморје распишува конкурс за вработување на позицијата ДИПЛОМИРАН ФАРМАЦЕВТ: https://kariera.mk/job/GHDWz0OM00Wc17-jaM38jg/diplomiran-farmacevt

Канела Прима има потреба од АСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА: https://kariera.mk/job/-3VCso2svk6Dld44Xpo5Xg/asistent-za-prodazhba

Хотел Амбасадор со отворено работно место за РЕЦЕПЦИОНЕР/КА: https://kariera.mk/job/wP87AR0RPk66VVId1RAJGw/recepcioner-ka

Бензиска пумпа Актива Петрол со слободна работна позиција за КАСИЕР/КА: https://kariera.mk/job/Jt4C_xTHFk-jIbRFYgxb2g/kasier-ka

Промовирани огласи »

Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, во гостувањето на „Топ тема“ најави дека до година жителите на Скопје кои живеат во згради, в година ќе фрлат ѓубре со картички.

Како што појасни Шилегов, контејнерот нема да се отвора доколку не се покаже картичката. Имено, за секоја зграда ќе има наменет контејнер, кој ќе работи со тие картички.

Тој појасни дека и новите контејнери кои ги купи градот и ги распредели во минативе денови по општините, имаат можност да бидат „паметни“, односно да јавуваат дека се полни, за да дојде камионот и да ги испразни

Шилегов вели дека сега ги имаат контејнерите, а се чека да се реализира тендерот за „Смарт сити“, па да се инсталира програмата за „паметни контејнери“.

Неговата визија е секоја куќа во Скопје да има по неколку канти за селектирање отпад, но за тоа треба и да почне со работа „Дрисла“, односно да се воспостави систем на селекција и таму. Инаку, се би било залудно, вели Шилегов.

Тој призна дека и по изгласувањето да се одземе „Дрисла“ на концесионерите, сепак Италијанците се уште ја имаат во владение „Дрисла“, од каде тврди дека не се почитува одлуката на Град Скопје за преземање на депонијата под своја капа.

Промовирани огласи »

Заменик министерот за економија Кирил Колемишевски денеска се сретна со Венко Глигоров, застапникот на PayPal во Македонија, и изрази подготвеност да се работи во насока на продажба на македонските производи на странските пазари.

Оваа услуга засега е само достапна за купување на странски производи од граѓаните на нашата земја и тоа е овозможено од државата, но нема можност за продажба на македонските во странство.

Одлична средба денеска со Венко Глигоров, еден  од нашите најискусни претприемачи и претставникот на приватната иницијатива за воведување на PayPal и останати платежни процедури.

Преку овозможување на PayPal сметам дека има голем потенцијал на македонската економија, нашите производи и услуги да се најдат на светскиот пазар. Ова особено е корисно за микро и малите фирми, поединците и професионалците, чии услуги и производи се барани во Европа и Светот, објави Колемишевски.

Колемишевски најави дека заедно со Глигоров же се заложат македонската економија да го динамизира и да овозможи услови за поголем извоз на македонските производи и услуги.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »