Промовирани огласи »

Регулаторна комисија за енергетика потврди дека до нив денеска пристигнало барањето од Град Скопје за лиценца за дистрибуција на топлинската енергија.

Марко Бислимовски, директорот на комисијата, тврди дека целата постапка ќе биде транспарентна и Градски Енергетски Системи, претпријатието основано од Град Скопје за дистрибуција на топлинска енергија, најпрво треба да докаже декаима технички капацитет и доволно човечки ресурси.

Законски потребни се најмалку 45 дена за ГЕС да може да почне да испорачува топлина во домовите, не сметајќи ги тука роковите за жалби. Од друфа страна засефнат е Балкан Енерџи Груп, кој ја поседува актуелната лиценца и ќе мора истата да му ја отстапи на ГЕС, доколку овие ги задоволат критериумите. Град Скопје верува дека со превземањето на мрежата, сметките за парно ќе бидат поевтини. Инаку БЕГ ја превзеде лиценцата од „Топлификација“ во 2010.

Промовирани огласи »

Премиерот Зоран Заев најави дека е постигнат договор со бизнис заедницата и со синдикатите за зголемување на минималната плата и таа во иднина ќе изнесува 14.500 денари, а ќе почна да се исплатува од декември. Во моментот минималната плата изнесува 12.507 денари.

Во 2017 година ја зголемивме минималната плата за 3.500 денари, и досега изнесуваше 12.507 денари. Сега ја зголемуваме дополнителни 2.000 денари и ќе изнесува 14.500 денари, изјави Заев.

Тој додаде дека до крајот на мандатот се надева дека ќе ја постигнат целта минималната плата да достигне 16.000 денари, а просечната 30.000 денари.

Промовирани огласи »

На новинарско прашање колку лица ја користат можноста да се пензионираат на 67 години во насока на новиот предлог-закон, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска информира дека предлогот доаѓа од група пратеници, а би требало да оди како пакет закони.

Бројката не е голема за да има финансиско оптоварување, но секако на овој начин се дава можност за вработување на млади лица од една страна, а од друга страна Законот за работни односи се регулира така што  работодавачот ќе може да се договори со работникот доколку тој е продуктивен и двајцата имаат интерес и понатаму, и после 67 години, да продолжи да работи. Ни се случува во многу сектори да има одредени кадри што се бараат – изјави Царовска.

На прашањето дали ова ќе важи само за јавниот сектор, министерката Царовска одговори дека бизнис секторот нема потреба да не го продолжува работниот однос за кој има потреба.

Јавната администрација со години се обидуваме да ја реформираме и да ја ослободиме. Со ова мислам дека добиваме дополнителна стартна позиција да влезат во неа и младите  кои се кадарни и имаат капацитет и квалитет, а оние повозрасните да се пензионираат. Во бизнис секторот доколку компанијата има потреба да ја зголеми продуктивноста со одредено возрасно лице, може да остане во компанијата – појасни таа.

Премиерот  Зоран Заев дополни дека кога предлог-законот ќе дојде за мислење во владата, ќе се направат анализи на колку лица се однесува.

Законот мора да важи за сите.Не може само за јавната администрација или за приватниот сектор. Никогаш, согласно Уставот, никој не ги ограничува правата на граѓаните, ако работодавачот и работникот се договорат да ја одложат пензијата, Уставот го гарантира правото на слободно одлучување. Но, законските решенија се нешто кое дефинитивно ќе отвори нови работни места за младите без разлика дали е во приваниот сектор, но и во мал дел во јавната администрација – додаде Заев.

Промовирани огласи »

Македонските аеродроми, Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, со 17,8% пораст на бројот на патници во август 2019 годин,а се меѓу најбрзорастечките аеродроми на светско ниво, како и во групата на држави кои не се дел од ЕУ, објави Меѓународниот совет на аеродроми-Европа (ACI Europe) во нивниот најнов извештај за аеродромскиот сообраќај.

„Аеродромите во Украина (+25,1%), Северна Македонија (+17,8%), Албанија (+13%), Босна и Херцеговина (+12,1%) и Србија (+12%), се водечките пазари во групата земји кои не се дел од ЕУ, според порастот на патничкиот сообраќај – соопштија од ACI Europe.

Според анализата на оваа реномирана организација, скопскиот аеродром со 11,1% пораст на патничкиот сообраќај е меѓу најбрзорастечките поголеми аеродроми во главни градови на земјите кои не се дел од ЕУ, а имаат највисоко зголемување на бројот на патници во август 2019 година, и е во друштво на: Бориспил во Киев (+24,2%), Анталија (+15,3%), Тирана (+13%), Сараево (+12,2%) и Шереметјево во Москва (10,6%).

Од друга страна, охридскиот аеродром, со 60,9% пораст во патничкиот сообраќај во август 2019 година, е еден од најбрзорастечките аеродроми во групата на мали аеродроми со под 5 милиони патници годишно, веднаш после Ниш (61,1%), а потоа следат Турку (60,3%), Харков (+38%), Задар (29,6%), и Мемингерберг (+25,8%), наведуваат од ACI.

Исто така, охридскиот аеродром, е еден од 20-те аеродроми во светот со највисок пораст во патничкиот сообраќај во август 2019 година, разгледуван во 4-та група на ACI каде што се следните аеродроми: Таргу Мурес (168,9%), Таранто (163,6%), Фогиа (105%), Ниш (61,1%) и Охрид (60,9%).

„Извештајот за сообраќај на Меѓународниот совет на аеродроми-Европа уште еднаш ги рангира македонските аеродроми меѓу најбрзорастечките во својата категорија и во групата на држави кои не се дел од ЕУ. Ова ја покажува постојаната напорна работа и заложбите на ТАВ Македонија и на ТАВ Аеродроми кон развој на мрежата на авиолинии на аеродромите во Скопје и во Охрид, привлекувањето нови авиокомпании и промовирањето на Македонија како туристичка дестинација. Ќе продолжиме да го подобруваме и усовршуваме квалитетот на нашите услуги и да одржуваме задоволството на патниците на високо ниво“ изјави Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.

Според статистиките за воздушен сообраќај на холдингот ТАВ Аеродроми, двата македонски аеродрома, Меѓународен Аеродром Скопје и Аеродром Св. Апостол Павле Охрид, ги завршија првите 9 месеци од 2019 година со преку 2 милиона патници (2.052.829) и 13% пораст на бројот на патници на годишно ниво, додека за истиот период (јануари – септември) бројот на летови бележи пораст од 10%, односно достигна 16.895 летови.

Според податоците за сообраќајот на патници, најфреквентни дестинации од Меѓународниот Аеродром Скопје во првите 9 месеци се Истанбул (двата аеродроми – Истанбул и Сабиха Гокчен) со 9,9% пазарен удел, Цирих (6,3%), Виена (5,8%), Базел (5,3%), Малме (4,1%). Во однос на уделот на авиокомпаниите во патничкиот сообраќај, Wizz Air има превезено најголем број од патниците во периодот јануари – септември 2019 година, со 62,2% пазарен удел, а потоа следат Turkish Airlines (7,0%), Austrian Airlines (5,8%), Germania Flug (4,0%), Pegasus Airlines (4,0%), Croatia Airlines (3,1%).

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »