Промовирани огласи »

Сузан Хоби неодамна на „Инстаграм“ дознала дека една од нејзините вработени се наоѓа во Париз. Но, тоа не ја изненадило и воопшто не ја загрижило бидејќи таа не се грижи каде и кога нејзините вработени работат, сè додека тие доставуваат резултати во предвидениот рок.

Нејзината компанија „Џеј-Ел Бјуканан“ користи сосема нова стратегија на работење што ги мери само резултатите (ROWE - Results only work environment). Оваа стратегија се фокусира на перформансите на вработените, а не на местото и времето кога тие работат.

- Тоа е силата на довербата. Таа е во Париз, но знам дека работи. Можеби ќе ѝ биде потребна помош од колегата од канцеларијата, но за тоа воопшто не се грижам. Верувам дека го организирала патувањето земајќи предвид сè - вели Хоби.

Со оваа стратегија на работа вработените не треба да бараат да си заминат од работа порано или да работат од дома или, пак, да работат од друга земја.

- Секоја личност е 100 отсто одговорна и 100 отсто автономна, што значи дека самите се организираат и се независни - вели Џоди Томпсон, која помогнала во создавањето на концептот на ROWE.

Генерално, ROWE и понатаму има физички канцеларии за вработените, но Томпсон објаснува дека потребата за работни простории има тенденција да се намалува.

- Трошоците за недвижности може значително да се намалат во ваква работна средина бидејќи луѓето се навикнуваат на тоа дека работата не е нешто каде што треба да одиш, туку нешто што треба да го правиш - вели таа.

Хоби ја трансформирала нејзината компанија во ROWE во 2009 година и вели дека ангажманот на вработените, нивната продуктивност и ефикасност се зголемени, заедно со профитот и продажбата.

Идејата на ROWE изгледа едноставно, но може да биде тешка за имплементирање. Тоа значи дека работодавците треба да се откажат од длабоко вкоренетата идеја дека најдобрите вработени се оние што секогаш се на нивните работни бироа. Исто така, тоа значи ослободување од каква било вина што доаѓа со одењето во сала за вежбање во попладневните часови или присуството на приредбата на детето во училиште. Исто така, бара ослободување од какво било судење или прашување на работниците кога заминуваат од канцеларијата. Во ROWE вработените имаат неограничен одмор без потреба тие денови да бидат одобрени од работодавецот.

Целосна автономија на работниците

„ВАТ глобал медија“, компанија за содржини и маркетинг-услуги во агробизнис-индустријата, ја применил ROWE во 2012 година.

Главниот извршен директор, Грег Ват, бил прилично загрижен. Но, се покажало дека нема потреба да се грижи.  - Задниците на столчињата не создаваат добра работа. Даваат перцепција, но не значи дека носат одлични перформанси - вели Ват.

ROWE им дава целосна автономија на работниците, но за да бидат успешни, треба да имаат јасни цели и метрика - вели Томпсон.  - Морам да знам точно за што ме плаќаат во однос на мерливи резултати - додава тој. Резултатите се единственото нешто со кое се мерат работниците, така што мора да бидат јасни.  Вработените во ВАТ повеќе се вклучиле во поставувањето на целите за да утврдат што може да се постигне.

Но, додека повеќето вработени уживаат во слободата што им ја дава ROWE, менаџерите имаат тешкотии со приспособувањето на овој нов стил на работа.

- Тие се навикнати да имаат контрола. Обично менаџерите ги контролираат луѓето, а сега мораат да бидат навистина добри во работата и да достават мерливи резултати - вели Томпсон.

Сега менаџерите мора да станат „тренери за резултати“ во овие работни средини бидејќи редовната проверка на напредокот на вработените е голем дел од ROWE. Тие се таму за да им помогнат на работниците да бидат најпродуктивни и да им помогнат во решавањето на какви било проблеми што се појавуваат. Во ROWE хиерархијата повеќе е хоризонтална отколку вертикална.

- Во ваквата работна средина постојано се прашувате: Дали ова е вистинската цел? Дали ја имаме вистинската мерка? Мора да има постојана корекција на правецот за да бидете сигурни дека го губите времето - вели Томпсон.

- Ова е најдоброто решение за рамнотежата меѓу работата и животот - вели Лана Џонс, потпретседател за талент и култура во „Џеј-Ел Бјуканан“.

Но, само затоа што работниците имаат поголема слобода, не значи дека работат помалку.

- Работам понапорно со оваа работа отколку што претходно сум работела во мојата 25-годишна кариера. Станува збор за попаметно работење, а не помалку работење - вели Џонс.

Промовирани огласи »

Потребна е поголема вклученост на жените во носењето клучни политики, решителност да го рашират својот глас, искористување на потенцијалот на технологиите за нивна поголема инклузија и креирање на локални, регионални и глобални мрежи на жени претприемачи, се поентите од првиот Мастерклас „е-Трговија за жени“ организиран од УНКТАД (Конференција за трговија и развој на Обединетите нации) во Северна Македонија.

Преку 50 жени претприемачи учествуваа на првиот од серија мастеркласи кој се одржа изминатите два дена во Скопје, а потоа продолжува во Кина, Индонезија, Иран, Мексико, Руанда и Брегот на Слоновата Коска. Нивен домаќин во Скопје беше министерката за финансии Нина Ангеловска, како една од седумте жени амбасадори за е-трговија од целиот свет, избрана од УНКТАД да ја пренесе пораката за улогата на дигиталната трговија во развојот на претприемништвото кај жените како и важноста од нивно вклучување како поттик за економскиот раст.

-Задоволство ми е што мастерклас иницијативата „е-Трговија за жени” започнува токму од Република Северна Македонија. Поради пониското учество на жените на пазарот на труд, регионот губи 20 проценти од растот на бруто домашниот производ, додека земјава 16 проценти, покажуваат податоците на Светска банка. Ако ова го имаме предвид, треба да креираме паметни политики за поголема вклученост на жените, еднакви шанси и можности за сите кои ќе придонесат за поголем економски раст. Сакам да ги охрабрам сите жени да целат високо, да веруваат во себе, да го искористат потенцијалот на технологиите и дигитализацијата и постојано да се надоградуваат. Новиот брз дигитален свет бара интердициплинарни барања и носи предизвици, но на крајот на денот секој поминат предизвик не прави посилни и поискусни, рече министерката за финансии Ангеловска, која е прва жена министер за финансии.

Ангеловска во овој дел потенцираше дека жените не смеат да се откажуваат пред проблемите, туку да наоѓаат решенија користејќи ја синергијата меѓу технологиите и својот потенцијал, знаење и грижливост.

-Каде и да одиме ќе се соочуваме со проблеми, од тоа не може да избегаме. Само споделувањето на проблемот не е доволно. Умешноста е во идентификување но и предлагање на решение. Затоа дефинирајте го проблемот и дадете ваша идеја за тоа како може да се реши. Само така заедно ќе доаѓаме побрзо до решенија и до добри резултати за сите, посочи министерката за финансии.

Според Канденс Нкот Бисек, проектен менаџер на иницијативата “еТрговија за жени” на УНКТАД, жените претприемачи се соочуваат со бројни бариери како пристап до финансии, вештини и поддршка за раст на бизнисот, што се случува особено во земјите во развој.

-Целта на иницијативата „е-Трговија за жени“ е да креира силна мрежа на жени и да ги испирира жените да ги искористат можностите и да се вклучат во дигиталната економија, истакна Нкот Бисек.

Претставникот на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Ерик Јановски смета дека поголемата вклученост на жените на пазарот на труд ќе доведе до поголем економски раст. Воедно ќе придонесе и за зголемување на животниот стандард во семејствата.

-УСАИД има многу иницијативи кои ги поддржуваат жените, преку нив им помагаме на жените претприемачи да најдат нови пазари и да го зголемат извозот, рече тој.

Учесниците на Mастеркласот прашаа зошто е неопходно жените да креираат политики.

-Затоа што само тие што на своја кожа ги почувствувале проблемите можат да ги разберат и вистински да придонесат за нивно решавање. Затоа е неопходно да го слушнеме гласот на жените и да ја зголемиме нивната вклученост во носењето политики. За тоа е потребна политичка волја и правила кои ќе се почитуваат, а не да бидат само на хартија, посочи Ангеловска.

Ова, како што соопшти Министерството за финансии, е единствен Мастерклас од серијата „е-Трговија за жени“ на УНКТАД кој се одржува во Европа.

Промовирани огласи »

Бројот на милионери се зголеми за 1,1 милион оваа година, при што богатите Кинези првпат се побројни од богатите Американци, покажуваат податоците од најновата студија на швајцарската банка Кредит Свис.

Годишното истражување за богатството на Кредит Свис покажува дека во средината на оваа година, меѓу првите 10 проценти од најбогатите во светот – 100 милиони се Кинези во споредба со 99 милиони во САД.

И покрај трговските судири меѓу САД и Кина во текот на изминатите 12 месеци, обете држави постигнаа силен напредок во создавање богатство, придонесувајќи со 3,8 милијарди долари, односно со 1,9 милијарда долари, рече директорката за светска економија и истражување во Кредит Свис, Нанет Хеклер-Фејдхерб.

Бројот на милионери низ светот се зголеми за 1,1 милион на 46,8 милиони, со вкупна нето-вредност од 158,3 милијарди американски долари, што претставува 44 отсто од вкупниот износ во светот.

Во САД се создадени половина од вкупно 675.000 нови милионери.

Падот на просечното богатство во Австралија, во најголем дел поради курсните разлики, се намали за 124.000 милионери. Велика Британија изгуби 27.000 милионери, додека во Турција тој број е помал за 24.000.

Според истражувањето, проценето е дека 55.920 луѓе имаат најмалку 100 милиони долари, додека 4.830 поседуваат нето-средства над 500 милиони долари.

Глобалното богатство, кое се зголеми за 2,6 проценти минатата година, ќе се зголеми за 27 проценти во текот на следните пет години на 459.000 милијарди американски долари до 2024 година, прогнозира Кредит Свис. Бројот на милионери, исто така, ќе се зголеми во текот на овој период на близу 63 милиони.

Во светот, 56,6 проценти од луѓето поседуваат помалку од 10.000 американски долари, 32,6 проценти од лицата поседуваат помеѓу 10.000 и 100.000 долари, 9,8 проценти од луѓето поседуваат меѓу 100.000 и 1 милион долари, додека 0,9 проценти од светското население поседува речиси половина од светското богатство.

Промовирани огласи »

Како одговорна партија продолжуваме со реализација на мерките што обезбедуваат намалување на невработеноста и повеќе пари кај граѓаните. Со ребалансот на Буџетот за 2019 година дополнителни 421 лице добиваат неповратни средства од Програмата за самовработување.


Овие лица по успешно изработениот бизнис план набрзо ќе може да ги регистрираат своите фирми и ќе почнат со работа.
Самостојните корисници добиваат грант предвиден со Оперативниот план за 2019 година до 5.000 евра, односно до 10.000 евра ако се двајца содружници. Оперативниот план за вработување дава реални и видливи резултати. Тоа е една од клучните мерки за намалување на стапката на невработеност, која денес изнесува рекордно најниски 17,5 отсто. Владата предводена од СДСМ е посветена на заложбите за поголема поддршка на отворање нови бизнси. Доказ за тоа е фактот што во последните 3 години, средствата за Програмата за самовработување се зголемени повеќе од два пати во споредба со периодот од 2007 до 2016 година. Остануваме посветени на отвоање нови и добро платени работни места, повисоки плати и намалување на стапката на невработеност.
Продолжуваме со креирање и реализација на мерки што во интерес на сите граѓани.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »