Промовирани огласи »

Минатата недела на платото на УКИМ се одржа Саем на кариера организиран од Агенција за млади и спорт. Над 30 компании ги претставија своите можности пред студентите и можностите за вработување коишто ги нудат. 

KARIERA.mk на кафе муабет со студентите ги мотивираше за тоа како подобро да си го изработат своето CV и да се вклучат на пазарот на трудот. Студентите покажаа голема заинтересираност за стручна пракса, работа, кариерен напредок и усовршување, а KARIERA.mk со своите совети беше тука за да им го олесни патот до своите цели.

На саемот имаше голема посетеност, одлична атмосфера и многу можности за младите луќе. 

Промовирани огласи »

Членовите на задолжителните пензиски фондови со бенифициран стаж имаат право до 30 следниот месец да изберат дали ќе го продолжат членството во тие фондови или пак парите ќе им бидат префрлени во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување.

Согласно со законските измени од 2 септември годинава членовите на задолжителните пензиски фондови кои веќе стекнале стаж со кој се остварува намалување на старосната граница за пензионирање за најмалку една година согласно член 118 став (3) од Законот за пензиското и инвалидското осигурување, имаат право да изберат дали ќе го продолжат членството во задолжителен пензиски фонд најдоцна до 30 следниот месец, соопшти денеска Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС),

Изборот се врши со писмена изјава, а доколку членовите до овој рок не го остварат правото за избор, членството во задолжителниот пензиски фонд ќе им престане на 1 декември 2019 година. По престанување на членството во задолжителниот пензиски фонд, пензиското друштво го пренесува вкупниот износ на средствата од индивидуалните сметките на овие членови во Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија (Фондот на ПИОСМ). Членовите кои нема да го остварат правото на избор остануваат осигуреници само во тековно финансираното пензиско осигурување засновано на генерациска солидарност (Фондот на ПИОСМ) од каде што ќе остварат пензија.

Промовирани огласи »

Македонија да ја промени временската зона и да се приклучи на зоната на Бугарија, Грција, Турција која е поточна за ова поднебје, предлага министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој преку „Фејсбук“ посочи дека ова е негова лична заложба.

– Македонија треба да го следи примерот од ЕУ и од 2021 да го задржи летното сметање на времето со што ќе се прекине со овие промени на часовниците, додаде Милевски.

Ги поместивме часовниците, а еве како тоа да нема последици по нашето здравје

Зимското сметање на времето започна синоќа, а ќе трае до последниот викенд во март наредната година. Научниците тврдат дека нашите тела едвај го дочекаа ова поместување, бидејќи овој вид на сметање на времето е природно за телото, за разлика од поместувањето на часовниците во март, кога е поглем ризикот од инфаркт и шлог.

Летното сметање на времето не чини продуктивност и здравје. Го одлага времето за спиење, а по лето и онака природно тежнееме подолго време да останеме будни, поради што телото наутро страда – вели експертот за сон, Катарина Ледерле.

Од друга страна, вели таа, зимското сметање на времето е целосно ускладено со човечкото тело.

Човечкото тело има на илјадници мали часовнци и секој има свој ритам. Сепак главниот часовник е во мозокот и тој ги ускладува сите останати. Тој го одредува ритамот по кој сите останати органи работат. Тој главен часовник е најсреќен по зима, бидејќи тогаш е природниот ритам на животот, малку подолг од 24 часа, поради што телото не мора да брза да ги изврши сите функции. Потемните и подогли ноќи значат дека телото ќе пушти повеќе мелатонин и тоа порано во текот на вечерта, па ќе имаме подолг и поквалитетен сон.

Летните часовници потполно ги побркуваат сите функции и на главниот часовник му е тешко да ги држи под контрола, а кога не се под контрола, доаѓа до здравствени проблеми. Да речеме, телесниот часовник му одредува на желудникот кога е време да престане со работа, Ако тогаш нагло и доцна се прејадеме, телото не е подготвено за тоа. Ако тоа се повторува, доаѓа до дијабетес, срцеви болести или мозочен удар.

Како да се поправи телесниот часовник?

Станувајте секогаш во исто време и секогаш одете на спиење во исто време. Така телото ќе знае кога треба да почне да отпушта кортизол наутро и мелатонин навечер – советува Катерина Ледерле.

Промовирани огласи »

Министерството за труд и социјална политика ја објави програмата за неработни денови за 2020 година.

Согласно со Законот за празниците (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ: 1 јануари (среда) – Нова Година, 7 јануари (вторник)- Божиќ, првиот ден на Божиќ според православниот календар, 20 април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар, 1 мај (петок) – Ден на трудот, 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден, 24 мај (мај) – Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е неработен ден, 02 август (недела) – Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден, 8 септември (вторник) – Ден на независноста, 11 октомври (недела) – Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е неработен ден, 23 октомври (петок) – Ден на Македонската Револуционерна Борба, 8 декември (вторник) – „Св. Климент Охридски“.

За граѓаните од православна вероисповед: 06 јануари (понеделник) – Бадник, ден пред Божик, 19 јануари (недела) – Богојавление (Водици), 17 април (петок) – Велики Петок, петок пред Велигден, 05 јуни (петок), Духовден – петок пред Духовден, 28 август (петок) – Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед: 13 Април (понеделник) – Велигден, вториот ден на Велигден, 01 ноември (недела) – Празникот на сите светци, 25 декември (петок) – првиот ден на Божик. За граѓаните од муслиманска вероисповед: 31 Јули (петок) – Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам.

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ: 22 ноември (недела) – Ден на Албанската азбука. За граѓаните припадници на српската заедница во РМ: 27 јануари (понеделник) – Свети Сава. За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ: 08 април (среда) – Меѓународен ден на Ромите.

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ: 23 мај (сабота) – Национален ден на Власите. За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ: 28 септември (понеделник) – Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур. За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ: 28 септември (понеделник) – Меѓународен ден на Бошњаците. За граѓаните припадници на турската заедница во РМ: 21 декември (понеделник) – Ден на настава на турски јазик.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »