Промовирани огласи »

APEX (gaming technology) e водечка меѓународна компанија за игри на среќа која нуди одлични можности за кариера и има потреба од ОПЕРАТОРИ ВО АВТОМАТ КЛУБ: https://kariera.mk/job/d8FZNcoEgEiOgqS0U38Pig/operatori-vo-avtomat-klub

Центар за лифтови вработува електро машински техничар за работа како СЕРВИСЕР/МОНТЕР НА ЛИФТОВИ: https://kariera.mk/job/zEL7DREwNkODor_JHqQeog/serviser-za-liftovi

Технолаб Скопје има потреба од еден СОРАБОТНИК ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА со положен стручен испит за безбедност и здравје при работа и еден СОРАБОТНИК ЗА ИСПИТУВАЊЕ ВО ЖИВОТНА СРЕДИНА: https://kariera.mk/job/BNjxvwR7UkOPrvl4aVVWoQ/sorabotnik-za-bezbednost-i-zdravje-pri-rabota

Digital Solutions има потреба од PHP ПРОГРАМЕР со познавање на Laravel: https://kariera.mk/job/fnTsC8zfLEqXLwE4fdl19w/php-developer

Грант Торнтон го проширува својот тим со СМЕТКОВОДИТЕЛ: https://kariera.mk/job/6fkwxT89B0qnY8ohPUJm6w/smetkovoditel

Промовирани огласи »

Се забрзува влегувањето во автобусите на градскиот превоз. Освен на предната врата кај возачот, валидатор за картичките „Скопска“ во секој автобус веќе се поставува и на задната.

Од ЈСП информираат дека поставувањето е во тек и вториот валидатор ќе овозможи побрз проток на патниците, а и автоматски ќе го намали времето за задржување на постојките при влез на патниците, како и гужвите на предна врата – потенцираат од ЈСП-Скопје.

Иако, во оваа набавка, заедно требаше да се реализира и хартиениот билет за едно возење, тој сè уште не е достапен за патниците во автобусите.

Советот на Град Скопје донесе одлука тој да чини 50 денари.

Оваа голема набавка според ЈСП чини нешто повеќе од 2 милиони евра.

– Покрај поставувањето на втор валидатор во возилата и воведување на 300.000 хартиени билети за едно возење, набавката опфаќа надградба на системот за контрола на линиската контрола, изработка на апликација наменета за инсталација на паметни телефони базирани на Андроид оперативни системи, која на корисниците ќе треба да им овозможи купување на различни видови билети и нивно користење со помош на примена на NFC технологија или еквивалентно – велат од ЈСП.

Корисничката апликација треба да има модуларна структура со можност за надградување, а треба да ги содржи следните основни функции: паричник (надополнување, активирање на плаќање, преглед на сметка, листа на активни билети со времетраење).

-Ова сега речиси и да не е овозможено, со исклучок на надополнување на „Скопска“ кое се прави единствено во билетарница или во секундарната продажна мрежа. Потоа, информации (време на пристигнување на автобуси), шема на автобуски рути, мапа со филтер за пребарување, планирање на рути со геолокација (пат до најблиската влезна станица во однос на моменталната локација, излезната станица, оптимални автобуски линии, број на автобус, време на пристигнување на автобусот, траење на патувањето, цена за патување, најблизок пат до дестинација), како и други надградби на постоечките системи од интерно значење на претпријатието, нагласуваат од ЈСП.

Тендерот го доби „Македонски телеком“.

Промовирани огласи »

Во пријатна и опуштена атмосфера со многу позитивна енергија во “Рагуза360” во Скопје, се одржа прогласувањето на победничките во првиот македонски избор на “Жена на годината” (www.zenanagodinata.mk), во склоп на конференцијата “200 жени претприемачки”.

Во онлајн номинирањето учествуваа 569 луѓе, а дамите со најмногу номинации формираа листа од 50 финалистки во вкупно 10 категории за кои потоа гласаше 10-члено жири составено од претставници на медиуми, компании и стопански комори.

Во продолжение следува листата со овогодинешните лауреати во изборот “Жена на годината”:

  • Категорија “Жена на годината” - Мила Царовска, Министер за труд и социјална политика;
  • Категоријата “Жена со трајни вредности”  - Ангелка Пеева Лаурениќ, Имиџ ПР и Движење за поддршка на креативноста “Браво Сине”;
  • Категорија “Жена менаџер на годината” – Викторија Механџиска, Зегин;
  • Категорија “Млада жена менаџер на годината” – Сања Лукаревска, УЈП;
  • Категорија “Странец жена менаџер на годината” - Рејчел Галовеј, Амбасадор на Обединетото Кралство во Македонија;
  • Категорија “Жена со најголеми достигнувања во културата” - Тамара Котевска, режисерка на филмот Медена Земја;
  • Категорија  “Жена со најголеми достигнувања во спортот”  - Сара Ристовска, ракомет ;
  • Категорија  “Жена со најголеми достигнувања за општеството” -  Кристина Арнаудова, Проект Среќа;
  • Категорија  “Жена со најдобар стил “ – Даниела Колиќ Димовска, LISCA
  • Категорија  “Инфлуенсерка на годината” – Лила Филиповска, ТВ Сител.

Посебна награда од организаторите, за регионален бизнис-нетворкинг проект, беше доделен и за Кристина Ерцеговиќ од Хрватска.

Целта на изборот е да се оддаде признание на дамите кои со својот професионален и општествен ангажман секојдневно и во континуитет поставуваат високи стандарди на деловно и етичко однесување и остваруваат забележителни резултати.

Организатори на “Жена на годината” се Маркетинг365 и Касиа Евентс. Поддржувач на изборот беше Сојузот на Стопански Комори на Македонија, а главен покровител на конференцијата беше Пивара Скопје.

Промовирани огласи »

За две недели Министерството за транспорт и врски треба да достави до Владата нов предлог за Закон за легализација на дивоградби. Граѓаните кои ќе сакаат да ја легализираат дивоградбата ќе мора да ја платат целата сума која имале обврска да ја платат на општината пред да почнат да градат. И како казна плус дополнителни 50 отсто од сумата на комуналиите. Очекувањата на власта е дека новиот закон ќе биде готов до крајот на годинава.

„За да нема забуна, постапките кои се водат и се водат во општините, тие постапки си продолжуваат по едно евро. Бидејќи општините за дел од предметите не постапиле согласно тој закон за легализација. А рокот негов беше 31 .12.2018 година, и општините по тие постапки се уште постапуваат“, изјави Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Во подготовката на Законот е вклучена и заедницата на локални самоуправи. Претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов вели дека легализацијата на бесправно изградените објекти за едно евро по метар квадратен е премалку и чист популизам.

Треба да престанеме да носиме решенија со кои ги стимулираме неплаќачите затоа што тоа е некоректно кон граѓаните кои редовно си ги подмируваат обврските. Градењето на диво треба и од економска смисла да го направиме неисплатливо за да спречиме на кого како и да му текне ќе гради а потоа за едно евро да го легализира, рече Петре Шилегов, претседател на ЗЕЛС.

Секое актуелно размислување за нов закон од ваков тип е само обид за легализација на нешто што требало да се спречи или сепак сруши. Велат од ВМРО-ДПМНЕ. Опозиционерите сметаат дека цената која се споменува од 100% комуналии веќе не е мерка за ставање што поголем ред во државата, туку можеби за легализација на бројни луксузни викендички и објекти без документи.

„Со законот за легализација беа опфатени градби во определен временски период, за да се стави ред во хаосот што остана од СДСМ, да се повлече линија за да се има вистински увид, кое чие е, колкаво е, а потоа државата и општините да може да наплаќаат даноци од тие градби, чии што сопственици ги користеа истите инфраструктурни услуги, без да платат за нив“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според информациите кои ги имаме, новиот закон нема да важи за спорните градби во Охридскиот регион за кои виси статусот на градот за УНЕСКО. Инаку, официјалните податоци од Агенцијата за катастар на недвижности се дека заклучно со денеска поднесено и позитивно решени 244.334 барања за легализациија на дивоградби со актуелниот закон.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »