Промовирани огласи »

Нина Ангеловска, министерката за финансии, на денешната прес-конференција рече дека зголемувањето на лимитот на плажање во кеш од 500 евра на 3.000 евра е одлука на пратениците во Собранието, а не на нејзиниот ресор. Сепак, правдајќи се, рече дека плажање готовиснки до 30.000 денари би можежп, како што вели таа, дополнително да ја разгори сивата економија иако целта би била токму спротивното.

Плаќањето во кеш минатата година беше намалено од 1.000 на 500 евра, но пратениците предновогодишно и по скратена постапка си ги изгласаа измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со кој лимитот се крева на 3.000 евра.

- Се работи за предлог на пратеници. Приоритет на сивата економија е безготовинско плаќање. Требаше да се преиспита висината на новиот праг. Многу од коморите рекоа дека прагот е на прениско ниво и дека може да влијае на дополнително разгорување на сивата економија. Има земји кои воопшто немаат лимит, додека Хрватска, Бугарија, Словачка имаат лимит до 5.000 евра гледано компаративно, изјави Ангеловска.

Таа додаде дека стратегијата на Народна банка и на Министерството за финансии останува да се намали готовината и дека ќе се анализира оваа мерка, односно за една година ќе биде објавено каков ефект е постигнат.

За наградната игра за „МојДДВ“ рече дека резултатите се над очекувањата и дека само во  декемрои имало 12,3 милиони скенирани сметки. Забележана е поголема наплата на ДДВ за 12 проценти во истиот месец.

- Граѓаните учествуваат во борбата со сивата економија и од друга страна влијаеме на зајакнување на даночниот морал. Расте бројот на нови корисници и популарноста на самата игра. Има 200.000 апликации, рече Ангеловска.

За наплатата на ДДВ таа рече дека за 2019 е реализиран во 100 проценти од проектитираното и дека биле собрани 850 милиони евра, 5,7 отсто повеќе од претходната година

Капиталните расходи биле реализирани со 78 проценти на буџетот, или 17,8 милијарди денари, односно повисоки за 5,7 милијарди денари во однос на 2018, со потрошени 6,7 милијарди денари во последниот изминат месец.

Институции со надпросечно реализирани капитални инвестиции се Министерството за  транспорт и врски (85,4 проценти), Владата (99 проценти), Министерството за одбрана (81,3%), МВР (92,2%), Министерството за финансии (88%) и . Агенцијата развој на земјоделие и финансиска поддршка.(99%).

Промовирани огласи »

Традиоционалните индустриски гранки остануваат без работници. Според статистика, паѓа бројот на работниците во текстилниот, кожарскиот сектор, во  дрвната, металната индустрија односно во оние дејсноти во кои во минатото имаше најмногу вработени.

На што се должи слабиот интерес за овие гранки, ниските плати или негрижата на државата за дејностите кои некогаш ја двиежа економијата.

Влијание на слабиот интерес за овие дејности имаат и ниските плати. Најголем дел од работниците во традиоционалните индустриски гранки работат за минимална плата од 200 евра. Експертите велат дека државата треба да помогне со мерки за зголемување на платите, но најважно е да се реформира образовниот систем кој ќе креира квалификувани работници.

Странските инвеститори од зоните се жалат дека токму неквалификуваниот кадар им е главен проблем. Имаат потреба од работници, но на пазарот на труд нема обучени лица туку вложуваат дополнителни средства за нивни обуки. Инаку, токму зоните се местата каде што има и најголем раст на бројот на вработени. Статистиката покажува дека двоцифрен раст има во дејностите производствто на електрична опрема, машини и моторни возила.

Промовирани огласи »

Во Австрија, со почетокот на новата година започна да важи забраната за продажба на пластични кеси за еднократна употреба.

Предлог законот, кој парламентот го усвои, предвидува период на транзиција до крајот на 2020 година, за да им се овозможи на претпријатијата да се „ослободат“ од пластичните кеси во своите магацини. Од забраната се исклучени оние кеси кои се целосно биоразградливи и кои се произведени од биолошки материјал.

Исто така, од забраната се исклучени пластичните кеси за повеќекратна употреба. Поради бројните исклучоци, организациите кои се занимаваат со животна средина ја критикуваа измената на законот, како мерка без ефект.

Тие посочуваат дека годишно во Австрија има околу 7.000 тони пластично ѓубре поради пластични шишиња и кеси, и веруваат дека законот би требало да опфати и пластична амбалажа, што претставува голем дел од пластичното ѓубре.

Промовирани огласи »

Откако во јуни годинава лимитот за плаќање во кеш се намали од 1.000 на 500 евра, многу брзо тој праг не само што ќе се зголеми, туку и ќе рипне неколкукратно, на дури 3.000 евра. 

На 27 декември, кога сите беа зафатени со предновогодишни коктели, пратениците речиси „инкогнито“ и по скратена постапка си ги изгласале измените на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, со кој лимитот се крева на 3.000 евра.

„Во Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам („Службен весник на Република Македонија“ број 120/18), во член 182 по ставот (2) се додава нов став (3) кој гласи: „(3) Со влегувањето во сила на овој закон забраната за плаќање со готовина на стоки и услуги од членот 48 од овој закон, ќе се однесува на готовински плаќања, во износ од 3.000 евра или повеќе во денарска противвредност во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги“, се вели во законските измени.

Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија”.

А овие законски измени ги предложиле група пратеници Ејуп Алими, Реџаиљ Исмаили, Агим Шаќири, Александар Филиповски, Агим Муртезанов и Мирослав Јованов. За измените гласале 54 пратеници, немало против и воздржани.

Токму намалувањето на прагот за плаќање во готовина беше еден од клучните владини адути во борбата против сивата економија. 

Таа сума првично беше 15 илјади евра, па власта во неколку наврати ја намалуваше, прво на 2.000, па на 1.000 и во јуни годинава на само 500 евра.

И додека премиерот Зоран Заев, екс министерот за финансии Драган Тевдовски и директорката на УЈП, Сања Лукаревска, постојано повторуваа дека на тој начин власта се бори со сивата економија, стопанствениците од албанскиот блок, пред се од Стопанската комора на Северозападна Македонија, постојано повторуваа дека овој закон е преригорозен и ги ограничува во водењето на бизнисот.

„Вака утврдената одредба во периодот од нејзината примена од 1 јуни 2019 година до денес  предизвика ограничувања за голем број на граѓани, кои  согласно со  своите потреби правото за  плаќања со готовина за стоки и услуги за износ поголем од 500 евра во денарска противвредност  не можат  искористат заради ограничувачката одредба која наметнува дополнителини обврски за граѓаните. Заради ограничувачкиот законски износ во многу секојдневни ситуации со кои се судираат граѓаните потребна е предметната измена на законот  и нејзино усогласување со правните прописи за вршење на готовински плаќања со земјите од Европската Унијакако што се: Белгија, Италија, Унгарија, Чешка, Полска, Латвија, Словенија и други“, се вели во образложението.

Со Предлог на законот за изменување на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам ќе се зголеми износот за плаќање со готовина на стоки и услуги во вид на една или повеќе очигледно поврзани трансакции, што не е извршено преку банка, штедилница или преку сметка во друга институција која дава платежни услуги, велат предлчагачите.

А од предлагачите, тројца пратеници се од ДУИ, тројца од СДСМ, што значи дека овој закон е предложен и донесен во дослух со власта.

Фактор бараше од Министерството за финансии став за овие законски измени, но не доби одговор до подготовката на овој текст. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »