Во португалски Алентеј се поголема е потребата за работна сила во земјоделието. Стигнуваат се повеќе Азијци-дел легално, дел илегално.
Тие гастербајтери често работат во услови недостојни за човек.
Лицето на Махандра Сапкота издишува задоволно. Како прво, конечно изгреало сонце. Како второ, работата добро оди. А како трето, тој конечно легално работи во градчето Сао Теотонијо на југот од Португалија. Повеќе не „црнчи“ на огромните плантажи портокали кои се протегаат на парцели околу тој град на брегот на Атлантикот. Махендра сега продава индиска и непалска храна и зачини во продавницата „Darshan Nepal". Махандра Сапкота , 34-годишник од Непал-успеал.
Но многу негови сонародници, и Индијци, Тајланѓани, Банладежани, Пакистанци и Виетнамци, во португалската покраина Алентејо за тоа можат само да сонуваат.
Тие таму се се побројни, посебно откако големите земјоделски претпријатија во регионот се шират. Само во Сао Тотонијо, кој официјално има околу 6500 жители, има 4000. Во целиот регион, како се проценува има десетина илјади. Тие берат портокали, садат цвеќиња, берат јагоди-кои потоа се извезуваат во останатите членки на ЕУ. Често работат и по десет или повеќе часа дневно, за викенди и празници. „Ако имаат среќа, ќе заработат и 3 до 3,40 евра по час“, вели Махандра Сапкота.
Португалците не сакаат да работат
„Некој мора да ја одработи работата“, објаснува Тања Гереиро, социјална работничка во невладината организација „Таип“ од градот Одемире. Таа се грижи за Азијците во Сао Теотонијо.Во ретко населениот Алентеј, вели , нема доволно работници, а Португалците од другите краеви на земјата таа работа не сакаат да ја работат. „Тоа е тешка сезонска работа за која претпријатијата не можат никој друг да најдат“.
И така во Алентејо пристигнуваат се повеќе Азијци-дел легално, а дел илегално. Многумина паднале во раце на бескруполозните трговци со луѓе.
Портпаролот на португалската полиција вели дека тоа се „криминални елементи од источна Европа и Индија. Меѓутоа, „многу тешко е да се докаже трговијата во земјоделието“, укажуваат Рита Пенедо, директорка на португалскиот Уред за сузбивање на трговијата со луѓе. „Како прво се работи за релативно нов феномен, а како второ, властите зависат од конкретни дојави и информациии“. А до нив е тешко да се дојде. „Досега официјално е регистриран само еден случај-но во него биле дури 20 жртви. Позитивно е меѓутоа, наведува Пенедо, тоа што интересот на јавноста за такви случаи значајно пораснал и што надлежните полициски органи сега за нив се сензибилизирани.
Услови недостојни за човек
Со право, смета социјалната работничка Тања Гереиро. Азиските земјоделски работници често работат во услови недостојни за човек, збуткани во контејнери или куќи кои се склони за уривање, неретко без струја, и вода.
„Ние сме во потрага за подобар живот“, вели Махендра Сапкота од продавницата во Сао Теотонијо. За да ги прехранат семејствата, азиските работници и многу можат да ризикуваат и да трпат: да речеме дека својата судбина ја стават во рацете на трговците со луѓе кои ги криумчарат до Португалија, како и фактот дека работата за која сонувале е многу полоша отколку што замислувале.
Махендра во Португалија дошол преку Данска пред четири години . Долго работел без документи, додека не добил дозвола за работа. „Таков е животот, што се може тука. Но сега ми е добро и сум среќен човек.“
Но повеќето Азијци во Алентејо не се. „Има денови кога 50 од нив доаѓаат кај мене на консултации“, вели социјалната работничка Герерио. Претходно донекаде успеваа да им се дадат саканите документи, но денес тоа стана многу тешко.
Португалската влада практично ја направи невозможна можноста на добивање легален статус. А тие се се побројни, бидејќи земјоделската индустрија во Алентејо се повеќе се развива. Португалија, освен тоа, има потреба од извоз во другите земји членки во ЕУ. Потребни и се девизи. Но без евтина работна сила од Азија тоа не оди. Се работи за круг пред кој властите затвораат очи.
Се додека на земјоделските фирми им требаат работници, а Португалците и граѓани на ЕУ не сакаат да работат за минимална плата од 500 евра месечно, Азијците и понатаму ќе доаѓаат, сигурна е Тања Гереиро. Она што нејзе и останува како можност е само спречување на најлошите случаи на експлоатација. Социјалната работничка резингирано заклучува: Во земјите од кои доаѓаат на тие луѓе им е уште полошо.
Тоа го потврдува и Махендра Сапкота и неговите пријатели. Тие стојат пред малата продавница која станала некој вид на собиралиште на Непалците во Сао Теотонијо и разговараат. „Луѓето во Португалија се љубезни, животот добар, а климата скоро како во Непал. Тоа е така-за подобар живот на нашите семјства мора да се жртвуваме“, раскажуваат тие. И воопшто не размислуваат за тоа дека со тоа всушност го туркаат португалскиот економски мотор.