За берење шпаргли дневницата се движи и до 150 евра, меѓутоа ако сакате да се занимавате со оваа работа би било добро да знаете неколку добри факти за тоа.
Од оваа година оваа работа се плаќа минимално 8,60 евра бруто по час, нешто повеќе од минатата. Меѓутоа, хрватските медиуми пишуваа и за заработени 150 евра дневно. Оние кои имаат искуство со берење шпаргли веднаш предупредија дека сумата од 150 евра (1150 куни) е преголема. Берењето шпаргли за германските услови е слабо платена работа.
Додека не работите, ќе живеете и спиете во заеднички простории со други работници. Ќе имате и заеднички санитарни тоалети и тушеви. Сместувањето не е секогаш еднакво, но едно е сосема заедничко-никаде не е луксузно.
Од платата се одбиваат трошоците кои работодавецот ги има за вас-ручек (ако ви го обезбеди тој) и сместување. Исто така , од часот кој ќе се плаќа се исклучува паузата бидејќи таа во Германија не се плаќа.
Работниот ден главно трае од 12 до 13 часа. Може да се земат една или две паузи од по 15 минути за јадење, кои потоа се одбиваат од вкупните работни часа. Во исклучителни ситуации, кога шпарглите по топло време брзо растат па ги има многу, се работи и до 20 часа. Од друга страна, ако паѓа дожд може да се работи само четири до пет часа. Работата е многу тешка, се работи и во недела и празници, а за оваа работа не е препорачано да имате проблеми со грбот, бидејќи треба да бидете често наведнати.
Шпарглите се берат меѓу април и јуни, во зависност од временските прилики, меѓутоа, ако температурите биле благи во февруари, сезоната се смета за почната.
Се работи за работа која ја работат работници кои не се од Германија, а познавањето на германскиот јаизк е многу важно, односно не е предуслов за да може да се извршува оваа работа.