Промовирани огласи »

Во Скопје денеска беше потпишан договорот за најголемиот синдициски заем во земјава во висина од 72 милиони евра со што се заокружува финансирањето за изградба на трговскиот центар „East Gate“ кој е дел од мултифункционалниот проект „Skopje East Gate“.

Трговскиот центар ќе биде најголем во регионот и се очекува да биде отворен до октомври-ноември следната година. Според најавите, ќе ја има најголемата „Зара“ во регионот на површина од 4.700 метри квадратни. Четириесет проценти од површината во шопинг центарот ќе биде со 20 нови светски брендови кои досега не се присутни во државата, а ги има во земјите од Централноисточна Европа.

– Трговскиот центар се проектира да има 12 милиони посетители годишно, а закупиците годишно да остваруваат нето промет од 120 милиони евра. Овој проект се очекува да донесе повеќе од 2500 вработувања пред се во секторот трговија, но и во услужните дејности компатибилни со трговијата, истакна генералниот извршен директор на „East Gate“, Игор Давков.

Како што посочи, веќе се потпишани договори за закуп со над 150 трговци и издадени се над 80 проценти од центарот.

Лидер на заемот е НЛБ Банка АД Скопје, а покрај неа учествуваат и НЛБ д.д. Љубљана, Комерцијална банка АД Скопје, Raiffeisen Bank Албанија и Халк банка АД Скопје.

Според претседателот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје, Антонио Аргир, со денешното потпишување банките покажуваат дека заеднички можат да поддржат големи развојни проекти и во услови на криза.

Покрај шопинг центарот, овој мултифункционален проект во себе вклучува и изградба на високо квалитетен резиденцијален и деловен простор. Вкупната изградена површина изнесува над 500 илјади метри квадратни.

Од „Балфин групацијата“ се задоволни од поддршката што ја добиваат од банките и државните институции. Групацијата е позната по изградбата на Скопје Сити мол, а присутна е и во повеќе држави од Западен Балкан и неколку држави во Европа. Вработува повеќе од шест илјади луѓе. 

Промовирани огласи »

Учениците ќе се вратат во училишните клупи. Со маски и вршејќи редовна дезинфекција на рацете и со часови кои ќе траат по 20 минути. Вака ќе се одвива наставата од септември.

Ако една паралелка има поголем број ученици, тогаш ќе биде поделена во две групи, а наставата ќе ја држи истата наставничка. Ова е еден од начините на кој ќе се реализира учебната година од септември, изјавила заменик-министерката за образование, Елизабета Наумовска.

Ако во некое одделение има деца со хронични болести, тогаш тие наставата ќе ја следат онлајн. Се разгледува можноста како да се реализира тоа.

Другиот модел е комбиниран. Ова овозможува – во случај училиштата да немаат доволно простор, одделенијата да се поделат во две групи. Во тој случај наставата ќе биде комбинирана.

Моделите нема да важат за целата држава. Ќе се дефинираат според општини и според стапката на заразеност од Ковид-19. Ова значи дека ако во една општина има мал број позитивни случаи на коронавирус и училишта со мал број ученици, тогаш наставата ќе се одржува во училиштата.

Се изготвуваат протоколи и за средношколците, за патувања од еден во друг град и за сместување во интернати. Сите детали ќе бидат дефинирани в петок на состанокот меѓу претставниците на МОН и членовите на Комисијата за заразни болести. Сите одлуки ќе бидат донесени пред 15 август пред наставниците да се вратат од годишен одмор. Меѓу наставниците кружи информација – во школските клупи да се вратат и основците од прво до четврто одделение, а учениците од петто до деветто наставата да ја следат онлајн. Но, Наумовска овие наводи ги нарече шпекулации.

извор: тв21

Промовирани огласи »

Постои голема потреба од иновации преку дигитализација во јавниот, како и во приватниот сектор,  приватниот сектор беше и останува сериозен двигател во овој сегмент, а Владата веќе прави конкретни чекори и напори за воведување на дигитализација во јавниот сектор – ова се само дел од заклучоците од вториот јавен настан од серијалот „Дигитални предизвици за општествена трансформација“ во организација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП), а во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Директорот на Фонд за иновации и технолошки развој,  посочи дека дигитализацијата е процес кој го поедноставува животот и им дава можност на луѓето да го менуваат општеството и секојдневните животни навики и најави јавен повик за дигитализација на општинските услуги.

„Веќе сме во фаза на разговори со сериозна меѓународна институција да реализираме посебен јавен повик во кој ќе ги повикаме сите наши креативни сограѓани да предложат конкретни решенија за многу конкретни процеси во рамки на локалната самоуправа како што е аплицирањето за различен тип на согласности, дозволи и слично. Со тоа, ќе се намалат редиците пред институциите што не е само добро од аспект на пандемијата предизвикана од Ковид-19, туку и од тоа што луѓето си го трошат своето време бескорисно,“ најави Деспотовски. Фондот веќе има поддржано конкретни решенија за дигитализација на услуги во јавната администрација.

„Ќе дадам само еден пример на успешен модел за дигитализација во јавниот сектор кој ФИТР го направи за потребите на Министерството за транспорт и врски. Одевме со пристап во кој самата институција и корисниците на софтверот ги кажаа своите потреби, а македонските ИТ компании понатаму се натпреваруваа со технички решенија. На крајот, решението чини 30 проценти поевтино споредено со парите што биле платени пред 12 години, а многу брзо финалниот производ ќе почне да функционира.“, истакна директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски.

Поимот иновации во изминативе години стана многу достапен и разбирлив за сите граѓани и повеќе не претставува нешто кое сметаме дека може да се случува само надвор од нашата земја, туку стотици такви примери поддржани од ФИТР можеме да видиме и кај нас.

„Дигитализација не е апстрактен поим, туку во практична смисла значи поедноставување на пристапот на граѓаните до услугите на јавниот сектор. И поквалитетна услуга и поквалитетна контрола, но и целосно почитување на времето и здравјето на граѓаните, избегнувајќи редици и колони пред јавните институции. Дигитализација практично значи секој од нас да може да извади извод од матична книга за 15 или 30 минути, без притоа да има потреба некому да однесете кафе или бонбониера. Ова е само еден пример.“, рече Деспотовски

Проектот „Новапарк“ кој е финансиски поддржан од ФИТР претставува smart-паркинг решение кое собира и прикажува реални податоци од самите паркинзи, како бројот на слободни паркинг места, цената за паркирање од час и статистички податоци за зафатеноста на паркинзите, посочи Даниела Смилковска, Проектна менаџерка во Макаларм, македонска компанија која го реализира проектот.

Таа истакна дека софтверот кој го изработиле нуди можност целосно да ја дигитализира паркинг индустријата во земјава.

„Доколку „Новапарк“ се користи на јавните паркинзи, а камерите детектираат возило кое е паркирано на тротоар, системот нуди опција да го фотографира и да испрати информација до надлежните дека возило со конкретни регистарски таблички е неправилно паркирано. И тука конкретно навлегуваме во делот на институционална интероперабилност и практична дигитализација, бидејќи ваквата информација е веднаш достапна за МВР каде што може автоматски да се генерира казна за несовесниот возач. Истовремено, информацијата стигнува и до јавното претпријатие кое има надлежност и го отстранува возилото.“, рече проектната менаџерка Смилковска.

Ако сакаме да направиме напредно општество, влогот е дигитализацијата, истакна Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП).

„Периодов сите многу зборуваме на тема дигитализација, но потребно е преземање на вакви видливи проекти и активности кои ќе покажат дека тоа претставува конкретна придобивка за сите. Дигитализацијата значи немање гужви пред шалтерите, во маркетите и продавниците, поквалитетно образование и здравство, повеќе заработувачка за сите, особено за младата генерација. Важно е што разговаравме за конкретни проекти кои за брзо започнуваат да се реализираат, како што се „паметниот“ паркинг, но и прифатената иницијатива на ИДУЕП од страна на ФИТР за поддршка во процесот на дигитализацијата на услугите на локално ниво“, посочи Кордалов.

Според Кордалов, ваквата поддршка на процесот која ја даваат јавните функционери, мора да стане правило во функционирањето на државата и новата „нормалност“.

„Дигитализацијата не е повеќе право на избор, туку обврска на сите држави и општества кои се насочени кон обезбедување на поквалитетни услуги за граѓаните и напредок. Денес, во ера на коронавирусот, дигитализацијата е влог и во заштитата на здравјето на секој наш сограѓанин. Затоа, повеќе од било кога мора да покажеме дека е потребно обединување на сите политички и општествени чинители во делот на дигитализацијата, односно градење на национална и натпартиска платформа во оваа сфера.“

Промовирани огласи »

Во анализата на Институтот за јавно здравје за неделата од 20. до 26. јули се наведува дека според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово и Куманово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Тетово, Куманово и Скопје. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга. Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 44,6 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 2.248 (22,0%) со инциденца од 586,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 714,6/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (1.987 заболени). Најниска инциденца од 173,4 и 175,4 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 397 и 439 случаи соодветно.

Во бројките кои Институот за јавно здравје ги објави околу новите случаи на коронавирус, а кои се однесуваат на изминатата недела (20-26 јули), кај 31,3% е регистрирано присуству на коморбидитети. 44,4% од новозаразените потврдиле дека имале контакт со лице кое било позитивно на вирусот. Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=896; 93,7%), регистрирани се 127 (14,2%) хоспитализирани, а кај 279 (31,3%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на нови случаи, 398 (44,4%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 21 лица со историја на патување (во последни 14 дена), се наведува во анализата на Институтот за јавно здравје.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »