Во Јапонија од овој месец стапи во сила нов закон, со кој се легализираат дигиталните валути како законско платежно средство.
Јапонската Комисија за сметководствени стандарди соопшти дека почнува да работи на создавање рамка, која треба да му ја олесни работата на сметководствениот сектор при обработка на трансакции во дигитални валути. Се очекува тој процес да трае околу шест месеци.
Големите компании се многу загрижени бидејќи државата не успеала да обезбеди насоки за сметководствените процедури при работа со криптовалути, што овозможува да бидат ранливи во случај на лоша проценка на вредноста, а тоа да доведе до појава на неочекувано огромни загуби.
Во Јапонија пред две години се пуштени во оптек криптовалутите, вклучувајќи биткоини, литекоини, рипли и други, во вредност од околу 1,7 милијарди долари. Според Институтот за истражување „Фуџи Чимера“, предвидено е до 2020 година во оптек да бидат дигитални пари во противвредност од околу девет милијарди долари.