Промовирани огласи »

Вистинското влијание на контрамерките на коронавирусот врз економијата станува се појасно. Новите студии покаѓуваат дека оваа година глобалниот приход е веќе намален за 10,7%, што претставува загуба од околу 3,5 трилиони долари.

Пандемијата со коронавирусот и напорите да се запре нејзиното ширење го направија светот многу посиромашно место со намалување на милиони работни часови. Овие загуби за возврат го намалија приходот на глобалната работна сила за 10,7%, што е еквивалентно на 3,5 трилиони долари (2,9 трилиони евра), во споредба со првите три квартали од 2019 година. Ова се претвора во огромни 5,5% загуба од целиот бруто домашен производ на светот (БДП) .

Новата проценка на агенцијата на Обединетите нации претставува полоша економска слика од претходните проценки откако групата ја вкалкулира и новообјавената национална статистика. „Глобалните загуби на работни часови во првите девет месеци од 2020 година се значително поголеми отколку што се проценуваше во претходното издание“, призна МОТ во своето соопштение за печатот.

Жените, младите и оние кои работат во неформалниот сектор се особено погодени, бидејќи земјите се обидуваат да избегнат втор пандемски бран и повеќе блокади.

„Избледена иднина“

Со затворање на работните мести и забавување на побарувачката, во извештајот сега се проценуваат вкупните загуби во работни часови на 17,3% или околу 495 милиони еквивалентни работни места со полно работно време (врз основа на работна недела од 48 часа) за вториот квартал, во однос на последниот квартал на 2019 година. Нивната претходна проценка беше 14%. Земјите со пониски средни приходи забележаа најголем пад.

Загубите во работното време вклучуваат пократко работно време, вработување, но не работење, невработеност и неактивност. Иако постојат големи разлики низ целиот свет „во многу случаи, невработеноста претставува само мал дел од загубите во работните часови“, покажа извештајот.

За тековниот трет квартал истражувачите очекуваат загубите да бидат околу 12% што е еднакво на загуба на 345 милиони работни места.

За жал, тие исто така ги променија гледиштата на последниот дел од годината. „Ревидираните проекции за четвртиот квартал сугерираат бесперспективни изгледи за разлика од претходната проценка“, се истакнува во извештајот и сега се очекуваат загуби од околу 8,6% во четвртиот квартал од 2020 година во споредба со истиот период минатата година. Нивната претходна проценка беше само 4,9%.

Агенцијата побрза да посочи дека бројките не ги земаат предвид државните програми за поддршка на компаниите кои им помогнаа на милиони да бидат компензирани за затворањето на работните места за време на пандемијата. Тие заклучуваат дека без ниту еден фискален стимул, загубите во работните часови би можеле да достигнат дури 28%.

Безнадежни со минимална помош

Навистина, овие владини програми им помогнаа на луѓето ширум светот. Земјите со поголеми пакети за фискални стимулации забележаа помали загуби. Сепак, овие пакети се дистрибуирани нерамномерно и се повеќе концентрирани во богатите земји како Германија и нејзината сега веќе позната шема за краткорочно работење. Посиромашните и земјите во развој ги немаат паричните средства кои им се потребни за да продолжат да функционираат.

Згора на тоа, поголем процент од работниците кои работат во економии во развој или имаат неформално вработување се жени. Генерално, околу 60% од глобалните работници се со неформално вработување. За разлика од формално вработените, тие немаат придобивки како социјално осигурување или други мерки од јавниот сектор кои ги ублажуваат загубите на приходите.

На посиромашните земји им е потребна поголема поддршка преку меѓународни финансиски институции, раздолжување или помош за развој. Општо, потребна е поголема меѓународна солидарност.

Изгубена генерација?

Исто така, на младите им треба посебна грижа за да се избегне да станат изгубена генерација. Дури и пред пандемијата, тие беа во ранлива ситуација во светот на работата. Од почетокот на пандемијата работите се влошија уште повеќе.

За МОТ ова е особено загрижувачки проблем бидејќи претходните кризи покажаа „дека активирањето на неактивни луѓе е уште потешко отколку повторно да се вработуваат невработените“. Младите кои не можат да напредуваат на пазарот на трудот сега може да се соочат со долгорочни негативни последици.

Сепак, во овој момент кризата со корона вирусот е далеку од крајот. Сепак 90% од глобалните работници живеат во земји со некаков вид на затворање на работните места. Од нив, 32% се во земји со затворање на сите, освен основните работни места. Секое враќање во работата сè уште може да компромитира во процесот на “заздравување“.

Промовирани огласи »

Владата донесе одлука да се воведе полициски час, потврдија за МИА од владината прес-служба. Одлуката е донесена на предлог на Комисијата за заразни болести поради зголемениот број на новозаболени и хоспитализирани лица од Ковид -19.

Комисијата за заразни болести предложи полицискиот час да важи од 22 часот навечер до 05 часот наутро во период од две недели, колку еден епидемиолошки циклус. Мислење на Комисијата е дека оваа рестриктивна мерка ќе даде резултати.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека анализите на Комисијата покажале дека поради непочитување на мерките се очекуваат нови случаи на заразени, но и зголемен број на хоспитализирани.

Инциденцата најмногу е зголемена во Скопје, Кавадарци, Неготино, Прилеп и во Охрид. Тоа се реперкуира на начин што има зголемен прилив на пациенти во болниците. Во Кавадарци е целосно исполнето Инфективното и дополнителните одделенија и почна да работи и модуларната болница. Исто е во Прилеп, а во Скопје секојдневно има се поголем број случаи кои бараат хоспитализација и затоа во функција се врати модуларната болница до Инфективната клиника и повторно се спремни сега сите интерни клиники, изјави Филипче.

Денеска, и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, запрашан дали полицискиот час ќе ги даде очекуваните резултати, рече дека иако рестриктивните мерки не се популарни, сепак се неопходни за да се сочува јавното здравје.

Подобро е пократко време да имаме рестриктивни мерки, отколку да имаме целосно оптоварување на здравствениот систем, изјави Спасовски. 

Промовирани огласи »

Има ли некој што се грижи за заштита на работничките права? Каде се синдикатите? Зошто ги нема во дебатите во кои се кршат копја околу одлуката недела да биде неработен ден? - Ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи по соопштението на Сојузот на синдикатите на Македонија дека не се повикани за дебата околу предлог одлуката недела да биде неработен ден.

Од ССМ велат дека се изоставени од дебатата за одлуката недела да не се работи. Според нив е смешно да се одлучува за работата на работниците без тие воопшто да бидат прашани за став.

-Да си правиш дебата дали требало или не да се работи во недела и да дебатираш сам со себе без да ги слушнеш работниците односно оние кои ти работат во недела е рамно на робовладетелско општество на кое се навикнати македонските работодавачи. На каков начин ги мотивирале до сега работниците да им работат во недела и со својот труд да им го ствараат капиталот? потенцираат од ССМ во реакцијата.

Имено, стопанствениците негодуваат околу ваквата одлука.

Не се согласуваат недела да биде неработен ден.

На вчерашната панел дискусија токму за оваа тема, дел од бизнис заедницата вели дека загубите ќе бидат големи а граѓаните од регионот ќе пазарат во Косово и Србија ако во земјава се затворат трговските центри во недела.

„Во трговските центри не се оди само на шопинг. Таму останатите вработени кои имаат работна недела одат за време на викенд и особено во недела за да поминуваат ефективно слободно време со семејството. Според некои пресметки еден поединец во недела може да потроши и 12.000 денари, пари кои ако затвориме во недела ќе се слеат во трговските центри во Косово и во Србија, рече Игор Давков од Скопје Ист гејт.

Промовирани огласи »

Најавениот полициски час нема да остане без свое влијание и врз онака ранетата македонска економија. Секое ограничување делува негативно врз свеста на луѓето, а тоа ја допира и економијата, сметаат од бизнис секторот.

Здравствената ситуација ги диктира мерките, вели претседателот на бизнис конфедерацијата Бошков, за Сител, но економските субјекти немаат друг избор освен да се прилагодат.     

“Свесни сме дека има сектори кои нудат услуги и после 21, но сите треба да сфатат дека во овој момент е таква ситуацијата и треба да и се верува на Комисијата. Од друга страна, истите тие треба да се насочат кон подобар маркетинг кон подобра организација и испорака. Тие услуги или производи кои сметале дека можат да ги купат и искористат по 21 да ги направат пред тоа со цел економските оператори да останат во кондиција”.

Колку недостатокот од вакцини има влијание врз најавената рестриктивна мерка? Бошков смета дека бизнис секторот дефинитивно е погоден од немањето дози за имунизација.    

“Луѓето своите бизниси ги планираа како да ќе има вакцина, во менталната матрица беше дека ќе се ослободиме од стегите, врз основа на тоа се планираа и екномскиот, но и социоекономскиот и културниот живот, така што мерката сега е неминовна”.

Петтиот пакет економски мерки е веќе објавен, но Бошков смета дека воведувањето на полициски час можеби треба повторно да ги активира економските сектори во Владата, во смисла на дополнителна поддршка.

Приоритет, според него, секако треба да имаат оние секори кои придонесуваат во поголемо полнење на буџетот, но дијалог треба да водат сите засегнати. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »