Промовирани огласи »

Сите моравме да се прилагодиме на новите ситуации и новата реалност од секојдневниот живот, а тоа вклучува и начин на управување со компаниите.

Се надеваме дека вашата компанија е меѓу оние што можат да ангажираат нови работници за да го намалите стресот кај вашиот преморен тим, но дури и тоа си носи свои предизвици. Не интервјуирате некој кој ќе седи покрај вас во канцеларија осум часа на ден туку ангажирате некого да работи самостојно, веројатно во својот дом, можеби стотици километри подалеку од вас. Која е разликата помеѓу ангажирање на ефективен вработен во канцеларија и ефективен вработен од далечина? Како изгледа тој процес на интервју?

Не ставајте премногу акцент на личноста.

Запомнете, ова е технологија, многу од работните места за кои регрутирате може да бараат дефинитивен фокус, а карактерот на потенцијалниот работник не треба да се меша со културата. Сè уште сакате некој што ги има истите вредности како вашата компанија и вашиот тим, но што е важно ако не се одлични во неважни муабети, или не се дружат? Особено кога се работи за технологија, не секој може да биде екстра продавач или да работи со странки. Сега кога работиме на далечина, можеби ќе постои поголема веројатност отколку порано да ангажирате некој чии технолошки вештини го надминуваат нивниот карактер. Единствено време кога сите ќе поминувате време заедно е на неколку состаноци на Zoom на ден и вистината е дека културата на компанијата не е важна во ваков случај. Всушност, членовите на тимот можат да ја исклучат својата камера за време на состаноците и само да изберат да слушаат.

Внимавајте на вештините како управување со времето и независна работа.

Ова се две важни вештини кои вработените од далечина треба да ги имаат усовршено. Далечинското работење значи дека нема да бидете таму за да ги стимулирате вработените во вистинската насока, или да ги одржувате на вистинскиот пат. Вработените од далечина треба да имаат одговорност и да управуваат добро со времето за да работат ефикасно и според распоредот. Тие треба да разберат како да увидат потреба и да ја средат без да им биде речено специјално да го сторат тоа; Многу е потешко да се поделат обврските меѓу вработените без да сте сите во иста просторија заедно.

Еве неколку добри прашања што ќе ви помогнат да ги измерите овие работи:

„Кога имате многу различни проекти, како ги следите сите?“

„Од каде знаете кога некој проект завршил?“

„Кога работите на тимски проект, каква улога добивате обично?“

„Објаснете кога последен пат сте работеле самостојно или во група, и кои беа вашите најголеми придонеси?“

Изберете ги темите за интервју со одредена цел.

Избегнувајте поставување генерички прашања - проверете дали поставувате специфични работи што се однесуваат на вашите проекти, вашата компанија и вашата индустрија. Најлошото нешто што можете да направите е САМО да се водите по предодредена листа на прашања и да ги поставите истите на сите кандидати. Имајте на ум дека секоја улога за која вработувате е различна и во зависност од улогата, може да интервјуирате многу различни луѓе. Сигурно не сакате да го трошите сопственото, или нивното време.

Еве неколку добри прашања што ќе ви помогнат да ги измерите овие работи:

„Кажете ми кога последно сте работеле на голем тимски проект. Која беше Вашата улога и каков беше резултатот? “

„Дали повеќе сакате да работите самостојно или во голем тим, и зошто?“

Ако можете да го пронајдете најдобриот начин за интервју со вашите вработени од далечина, нема да има ништо друго освен успех во иднина со неверојатно силен тим покрај вас.

Промовирани огласи »

Scale Focus е компанија за развој на софтвер и дигитални услуги со мисија да им помогне на клиентите да го развиваат својот бизнис користејќи ги најновите технологии и врвниот инженерски талент. Нивната глобална база на клиенти вклучува компании Fortune 500, иновативни стартапи и лидери во индустријата во информатичка технологија, е-трговија, осигурување, здравствена заштита, финансии и енергија и комунални услуги.

Имаат отворено 4 работни позиции:

SENIOR PROJECT MANAGER

FRONT-END DEVELOPER

.NET DEVELOPER

JAVA DEVELOPER

Даути Комерц- А.Д е лидер во регионот и пошироко во микродистрибуција на производи за широка потрошувачка. Почетоците на компанијата биле скромни и пред 20 години, а денес функционираме во четири држави во регионот со над 500 вработени. Нивна цел е да се обезбеди конзистентност и подобрување на бизнис перформансите и одржување на постигната позицијата во Македонија, Косово, Црна Гора и Албанија.

Имаат отворено 2 работни позиции:

ШУМАРСКИ ИНЖEНЕР

РЕФЕРЕНТ ЗА ПРОДАЖБА РЕГИОН СКОПЈЕ/REFERENT I SHITJES PËR RAJONIN E SHKUPIT

Vita Media Group е фаворит во светот на iGaming, генерација на лидови и партнерски маркетинг.

Со посветен пристап заснован на веродостојни податоци, гарантираат дека нивните корисници секогаш го наоѓаат токму она што го бараат. Vita Media Group работи во вертикалите на iGaming и финансиските услуги, каде нивното огромно искуство им овозможува да ги препознаат потребите на клиентите и да обезбедат оптимални решенија и соодветни активности.

Бидејќи буквално илјадници компании се борат за истото внимание на клиентите и појавата на се помалата лојалност кон клиентите, создавањето и одржувањето на солидна база на клиенти стана клучна компонента за да се успее во рамките на online маркетингот.

Имаат отворено 2 работни позиции:

OPERATIONS SPECIALIST

ENGLISH CONTENT WRITER

Agile Pro Solution (APS) е основана со идејата да донесе европски талент во американските компании. Со повеќе од 11 години искуство, работеле напорно за редефинирање на класичниот пристап на аутсорсинг и понуда на поекономично решение за растечките бизниси. Нивната квалификувана работна сила е со седиште во Македонија и е добро опремена за справување со секоја работа на далечина за мноштво американски агенции. Раководителите на APS се специјализирани за создавање прилагодени решенија за аутсорсинг со избирање на цела низа вработени со кои располагаат.

Имаат отворено 4 работни позиции:

ADMINISTRATIVE ASSISTANT

BUSINESS DEVELOPMENT MANAGER

APPOINTMENT SETTERS

EXECUTIVE ASSISTANT

Можностите за кариера се пред вас, ваше е само да ја изберете својата насока.

Промовирани огласи »

Комисијата за заразни болести не препорача нови или дополнителни рестрикции на оние кои веќе се на сила. 

Со тоа, останува активна мерката полициски час од 22 часот, до 5 часот следното утро. Рестораните и другите угостителски објекти продолжуваат да работат до 21 часот, со препорака за почитување на мерките за дистанца и број на гости на една маса. 

Ваквите мерки остануваат на сила до 6 април 2021, но во меѓувреме активно се следи епидемиолошката состојба, со цел да се свика нов состанок на Комисијата за заразни болести, доколку тоа е потребно и да се предложат нови рестриктивни мерки. 

Промовирани огласи »

Министерството за финансии демантира дека се планира зголемување на стапките на ДДВ и на персонален данок, туку уделот кој општините го добиваат од наплатата на овие даноци. Информацијата дека се зголемува стапката на ДДВ и персонален данок беше погрешно интерпретирана по гостувањето на министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат, а потоа реагираше и самата јавност.

Изјавите на министерот додека ја презентираше реформата за унапредување на фискалната децентрализација беа интерпретирани дека за справувањето со кризата нема да биде доволно само задолжувањето, туку дека ќе треба и да се спроведат непопуларни фискални мерки.

„Во насока на точно информирање на јавноста истакнуваме дека не се планира зголемување на стапките на ДДВ и на персоналниот данок. Имено, изјавата на министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „Економски магазин“ се однесува на зголемување на уделот кој општините го добиваат од наплата на ДДВ-то и од персоналниот данок, како трансфери од централен буџет, а не на стапките на ДДВ и персонален данок“, објаснуваат од министерството.

И самиот автор на емисијата „Економски магазин“ Горан Теменугов преку социјалните мрежи посочи дека станува збор за ненамерна грешка.

„Поради мала непрецизност објавена на веб страната на Алсат, каде што стоеше дека ќе се зголемува ддв и персоналниот данок, дојде до забуна во јавноста. Информацијата се однесува на зголемување на тоа колку општините ќе добиваат од собраниот ддв и персоналец, а не на зголемување на даноците. Значи, ќе се зголеми процентот што ќе го добијат општините, а не даноците. Јас се извинувам за непрецизноста и во иднина ќе се потрудам да не се повтори ваков пропуст“, се извини водителот.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »