Промовирани огласи »


Истражувачите во Мексико велат дека пронашле начин да ги заштитат луѓето од КОВИД додека јадат или пијат, со тоа што ќе носат маски кои го покриваат само носот. Иако може изгледаат смешно, маските се дизајнирани да ја покриваат областа на носот, што е докажана патека за навлегување на КОВИД во организмот. Но, некои експерти предупредуваат дека КОВИД може да се пренесе и преку устата и очите.

„Маската за нос ќе обезбеди лажно ниво на уверување во безбедноста“, вели д-р Едвард Качи, професор во Одделот за заразни болести и глобалното јавно здравје на UC San Diego.

Загриженоста на Д-р Качи се состои во тоа што ако некој носи маска за нос, можеби нема да чувствува потреба да се придржува до други безбедносни мерки како социјалното дистанцирање. Плус, тој вели дека овој дизајн го минимизира она што го препорачуваат ЦKБ и Светската здравствена организација кога станува збор за носење маска. „Единствениот правилен начин да се користи маска е кога маската убаво и цврсто ги покрива носот, устата и брадата“, рече д-р Качи. Додека некои би можеле да тврдат дека минимална заштита е подобра од никаква, д-р Качи вели дека не е дојдено времето за да можеме до толку да се опуштиме. „Сите имаме улога која треба да ја одиграме .... носете маска, вакцинирајте се и држете социјално растојание. Блиску сме до целта.“, рече д-р Качи.

Мислењата околу дизајнот на оваа маска се поделени. Едните мислат дека се работи за генијален изум, додека пак другите покрај тоа што го исмејуваат дизајнот, сметаат дека е опасна и не дава доволна заштита во ек на пандемија. Во овој момент, не е јасно која компанија всушност ги прави овие маски или кога тие можат да станат достапни за јавноста.
 

Промовирани огласи »

Губењето на работа е една од најстресните ситуации во животот на секоја личност. Постојат работодавци кои го земаат предвид овој факт при спроведување на плановите за рационализација, но исто така и оние кои тоа го прават на наједноставен и, најчесто, најсуров начин, без размислување. Тука се и оние трети лица, кои се обидуваат да му направат добро на вработениот во моментот кога ќе дадат отказ, иако тоа е, во најголем дел, почеток на неговата агонија.

Германски „Фокус“ ​​го пренесува искуството што го имал Ашкан Саjоуги, адвокат специјализиран за работно право, кој застапува партнер во берлинската адвокатска компанија „Шевалие“, застапувајќи бројни работодавци за време на неговата богата кариера.

Коронакризата има значително негативно влијание врз економијата. Угостителството и хотелиерството се особено погодени. Ако нема гости, нема промет, па затоа не може да се обвинуваат компаниите дека мора да отпуштаат работници. Сепак, има и такви компании кои под изговор на кризата со Ковид-19 сакаат да се ослободат од одредени работници. Во последните неколку месеци, нашата адвокатска канцеларија се почесто се занимава со вакви случаи, каде што економската криза поради пандемијата само забрза одредени решенија за разрешување. Големите корпорации се истакнуваат во ова. Секогаш сум изненаден од сите креативни трикови што ги смислуваат газдите за да натераат некои вработени да си заминат сами, објаснува Соjуги.

Програми за волонтирање

Овој трик честопати е толку добро маскиран што е тешко да се забележи дека е на штета на работникот. Програмата за волонтирање звучи добро, бидејќи го има оној сегмент што е поврзан со „доброволно“. Но, во реалноста, тоа е програма со лоши услови и одредби за договор според кои компанијата секогаш победува. Оваа програма често се користи за жени кои сè уште се на породилно отсуство или штотуку излегле од него. Тие се согласуваат на програми за „волонтирање“ затоа што не можат да работат навечер или за време на викендите.

Програмата за волонтирање имплицира дека на вработените им се нуди можност да се преселат во надворешна, т.н. компанија за трансфер. Таму им беше дадена професионална поддршка за преориентирање кон други занимања. За време на обуката, која обично трае најмногу две години, работникот добива 85% од платата што би ја примил во компанијата, за редовно да работи. Доколку вработените се одлучат за оваа програма, тие немаат право на отпремнина.

Скратено работно време

Само под изговор на кризата поради пандемијата, во овој период голем број работодавци им нудат на вработените да останат на работа, но со намалено работно време. Ова, според адвокатот на берлинскиот Шевалие, може да биде сомнително, доколку има работници кои сè уште работат со полно работно време. Пресметката на работодавачот во овој случај е дека вработените со скратено работно време ќе го изгубат интересот за работата, што подразбира помал приход, така што тие ќе заминат сами.

Понуда на неповолен договор за престанок на работниот однос

Договор за престанок на работниот однос обично се потпишува. Но, секој од вработените, како што тврди германскиот адвокат, мора да има предвид дека договорот бил склучен за да му користи секогаш на работодавецот, а не на работникот. Во оваа смисла, делови од договорот честопати се пишуваат нејасно, со што се отвора можноста за различни толкувања. Вработен кој не бара разјаснување на секоја точка од договорот за договорено прекинување на работниот однос, секогаш е во опасност дека потпишаното, и оди во негова корист, може да не се спроведе.

Стратегија за одбивање

Постојат работодавци кои не сакаат да потпишат никаков договор со оние што повеќе не ги гледаат во нивната компанија и ги обврзуваат да плаќаат отштета и отпремнина. Во овие случаи, вработените се туркаат на маргините на настаните, не им се даваат пристојни задачи и очигледно немаат изгледи за напредок. Во овие случаи, работодавачите сметаат на фактот дека мотивацијата на овие вработени ќе се намали во таа компанија.

Амнезија кога станува збор за плата

Постојат и газди кои не вршат никакви тајни активности, туку едноставно „забораваат“ да ја исплатат платата на оној што повеќе не го сакаат во компанијата. Според адвокатот кој го интервјуирале новинарите на германскиот „Фокус“, ова се случува главно на оние со ниски плати, вклучувајќи и многу самохрани родители. Бидејќи генерално немаат време да чекаат, тие брзо заминуваат во потрага по нова работа.

Конечно, адвокатот Ашкан Саjоги им дава на сите вработени кои се изложени на ризик од отказ и еден совет.

Прашањето е што можете да направите ако вашиот работодавец повеќе не ве сака и сè уште сфаќате дека ве турка со некои од овие трикови. Најважно е да останете смирени, дури и ако менаџерите вршат притисок. Колку е поголем притисокот, толку е подобра вашата позиција во преговорите, ако разберете дека е подобро за вас да ја напуштите компанијата. И, во никој случај не треба да го потпишувате понуденото, особено ако ви е објаснето како тоа само ви носи корист. Затоа што тоа сигурно не е точно. Наместо да потпишувате што било, најдобро е да побарате правна помош, заклучува адвокатот Ашкан Саjоуги.

Промовирани огласи »

Синдикалците шокирани од одлуката недела неработен ден да важи дури од идната година. Од медиумите дознале дека измените се одлагаат, се чувствуваат изиграни затоа што до последниот состанок мислеле дека се во последна фаза од преговорите. Бараат итна средба со министерката Шахпаска.

Попладнево објаснување за одложувањето испратија од кабинетот на вицепрмеиерот Битиќи. Од таму велат дека неработна недела е ералност, а тие што ќе работат ќе бидат екстра платени за тоа, но од 2022 година.

Тоа значи дека буџетите на фирмите ќе претрпат измени, а за да не дојде до краткорочни промени во бројот на вработените поради зголемување на овие надоместоци кај работодавачите, сепак треба да се даде простор за реорганизација и планирање со стартен период од новата календарска година, т.е. 2022. Владата мора да ги земе предвид сите општествени фактори, како фактот дека во оваа календарска година се уште се справуваме со последиците предизвикани од Ковид кризата, соопштија од кабинетот на Битиќи.

Регаираат и од ВМРО ДПМНЕ - џабе епските расправи за недела неработен ден, ова е уште едно фијаско на владата.

Очигледно со ваквите теми владата се обидува да дефокусира од скандалите и неуспесите, а откако ќе купат месец или два, потоа го забораваат кажаното и преминуваат на нова лага. Еднаш тоа е помпезна, а неуспешна социјална реформа, друг пат е неуспешна даночна реформа, трет пат е неуспешна полициска акција, но шемата е таа, да покријат некој свој скандал или своја корупција, стои во реакцијата на опозицијата.

Претходно, работодавачите излегоа со став дека проектот неработна недела ќе ги зголеми трошоците за работа што ќе влијае да се намали бројот на работници и да се намалат платите.

Пресметките на експертите од Фајнанс тинк пак покажаа дека од сите врабоени во приватнит сектор, со измени во законот само 6% ќе престанат да одат на работа во недела.

Промовирани огласи »

Иако Грција на големо се подготвува за туристичката сезона и евентуалните датуми за отварање околу 14 мај, за македонските граѓани или оние т.н трети земји се уште е спорно влегувањето.

Долгогодишните пријателски односи пак меѓу Грција и Србија и даваат предност на оваа земја во однос на дознавањето и преговарањето за одлука за влез во земјата. Па така,директорот на Националната асоцијација на туристички агенции на Србија (ЈУТА) Александар Сеничиќ ќе разговара со грчкиот министер за туризам Харис Теохарис, кој оваа недела ќе биде во посета на Србија, за условите за влез на српските граѓани во Грција, како и за можните сценарија во случај земјата да ја затвори границата ова лето.

Некаде се зборува дека границата Евзони и понатаму ќе остане затворена, но од друга страна се разгледува можноста за медицински пасош и брзи тестови на граница.

Додека пак претходно Грчкиот министер за туризам Харис Теохарис објави дека границите на оваа медитеранска земја можат да бидат отворени за странски државјани пред 14 мај, датум кој неодамна беше наведен како „Ден Д“ за сите оние кои сакаат да дојдат на одмор во земјата.

Зборувам за постепена либерализација на патувањата од Европа, САД, Велика Британија, Израел, Србија и Обединетите Арапски Емиратим најави тој.

Како услови за влез во Грција, министерот за туризам наведе вакцинација, здравствено уверение или негативен тест за коронавирус.

Сепак, како што вели, треба да се направи модел пред 15 мај, според кој во таа земја би можеле да влезат луѓе кои имаат недвижен имот во Грција, како и сопственици на туристички агенции.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »